Македонија
ССК бара Агенција за поддршка на извозот
Формирање Агенција за планирано производство и организиран пласман на македонските производи во странство, предложи сојузот на стопански комори
Формирање Агенција за планирано производство и организиран пласман на македонските производи во странство, предложи сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).
За оваа идеја ССК писмено гo известил вицепремиерот за економски прашања Зоран Ставрески.
Агенцијата преку економските промотори би се занимавала со истражување на потребите на странските пазари за одредени производи по квалитет и квантитет.
Добиените информации ќе бидат доставени до коморите односно македонските производители, со што би се давала насока и организиран настап на македонските производители за пласман на своите производи на странските пазари
Истовремено, ССК поттикнат од потребата за промоција на своите компании во странство основаше “Тело за промоција на македонските компании надвор од границите на нашата земја“.
Телото ќе има за задача да ги информира македонските компании за најзначајните саемски манифестации, да врши закуп и организација на штандови, односно да ги обедини македонските компании за заеднички настап и освојување на странските пазари. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Почна изградбата на мега паркот во Бутел
Мега парк со богати зелени површини, плоштад, детски катчиња, пешачки патеки и фитнес зони, со содржини наменети за сите возрасти, кој ќе се простира на површина од 8000 метри квадратни, вака го најави новиот проект градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Изградбата на паркот, кој е прв проект ветен во програмата на Ѓорѓиевски, почна денеска.

„Денес, заедно со градоначалникот на Бутел Дарко Костовски, го означивме стартот на изградбата на мега паркот, со кој всушност започнува реализацијата на првите проекти ветени во мојата програма. Запуштениот простор долж булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“ ќе прерасне во модерен и функционален зелен простор – мега парк со богати зелени површини, плоштад, детски катчиња, пешачки патеки и фитнес зони, со содржини наменети за сите возрасти, кој ќе се простира на површина од 8000м2“, рече Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека ова е еден од четирите мега паркови ветени во неговата програма.
Дополнително, рече градоначалникот, предвидуваме изградба на околу 50 мали паркови во сите општини, со што секој дел од Скопје ќе добие свој зелен агол.
Македонија
МВР в петок ќе уништува гранати во Полицискиот центар во Ѓорче Петров
МВР во петок ќе уништува гранати во Полицискиот центар во Ѓорче Петров.
„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 14.11.2025 (петок) во 07:00 часот во кругот на Полицискиот центар во Ѓорче Петров во Скопје ќе бидат уништени гранати, за кои според стручна анализа е утврдено дека не може да се транспортираат надвор од полицискиот центар“, извести МВР.
Гранатите ќе бидат уништени според предвидените безбедносни стандарди.
Македонија
„На државата ѝ недостигаат добри хотели“ – Николоски бара поедноставување на процедурите за градба
На државата ѝ недостигаат добри хотели и време е да ја поедноставиме процедурата за нивна изградба, изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски на трибината „Автопат Е-75: Инфраструктурата како основа за развој на транзитниот туризам“.
Тој нагласи дека државата треба да размислува стратешки како да привлече инвеститори во изградба на хотели, особено во заштитените подрачја, каде што, според него, бирократските процедури речиси го оневозможуваат развојот на туризмот.
„Во моментов сме во една ситуција кога е комплицирано да се гради. Урбанистичките планови се носат предолго, посебно во заштитените подрачја. Практично невозможно е да се гради во заштитените подрачја. Не можеме да зборуваме за туризам, а во главниот труистички центар да нема хотели со пет звезди или има ограничување во висините. И затоа сакам да ја отворам оваа тема, да размислува јавноста. Во ред е да има заштита, но ако сакаме да се развиваме во туризмот во делот на изградба на хотели, а не во згради, треба да ја ослениме процедурата за изградба на хотели и да привлечеме инвеститори. Ова исто така се однесува и за долж коридор 10”, истакна вицепремиерот.
Николоски потсети дека Македонија е меѓу ретките држави со двоцифрен раст на туристи, а за само една година се воведени 21 нови директни авиолинии од европски метрополи.
„Минатата година преку Македонија транзитираа повеќе од 10 милиони патници. Ова покажува дека Владата е посветена на развојот на туризмот,“ истакна вицепремиерот.
Тој го нагласи значењето на Коридор 10 како европски транспортен правец низ кој минуваат транзит туристи, но и потенцијалот тие да се задржуваат подолго во земјата.
Меѓу проектите кои треба да придонесат за тоа, Николоски ги спомена брзата пруга, винскиот туризам, археолошките локалитети и урбанистичкото решение за Стоби.
„Од центар на Скопје до центар на Солун ќе патуваме со воз за час и дваесет минути. Со тоа ќе се зголеми искористеноста на железницата и туристичкиот потенцијал на Коридор 10,“ рече Николоски, додавајќи дека Владата ја финансира изработката на урбанистичкиот план за археолошкиот локалитет Стоби.
Тој додаде дека винската индустрија и малите винарии во Тиквешијата стануваат се попосетени, и дека Владата ги поддржува земјоделците како дел од стратегијата за развој на винскиот туризам.
Вицепремиерот повтори дека туристичкиот потенцијал на Македонија не е искористен ниту 10 отсто, но дека државата има шанса да стане центар на транзитниот и културниот туризам во регионот.
На трибината, организирана од Министерството за култура и туризам, свое видување дадоа и министерот Зоран Љутков и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски.

