Македонија
Електронско списание за археологија
Првиот број на електронското месечно списание „Македонски археолошки весник“ денеска е промовиран во Скопје
Првиот број на електронското месечно списание „Македонски археолошки весник“ денеска е промовиран во Скопје.
Новото електронско списание го објавува Управата за заштита на културното наследство во соработка со Институтот за општествени и хуманкстички истражувања „Евро Балкан“ на веб страницата www.mav.mk.
Првиот број на списанието содржи ексклузивни текстови и фотрографии за најновото археолошко откритие од Горна Порта во Охрид, наоди од Исар Марвинци, Стоби, како и од археолошките локалитети Хераклеја, Билазора, Линкестис и од Скопската тврдина.
Директорот на Управата Паско Кузман на презентацијата соопшти дека Македонскиот археолошки весник еднаш месечно ќе ги презентира, афирмира и промовира карактеристиките на позначајните наоди откриени на различни археолошки локалитети.
Месечното издание покрај тоа што ќе информира за резултатите од археолошките истражувања кои се вршат на територијата на Македонија, има за цел и да ја приближи македонската археолошка наука до меѓународната стручна и поширока јавност./крај/а1/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студен бран со врнежи од дожд и снег
Под влијание на циклонска активност и студена воздушна маса од север времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и снег во пониските места, а на планините и повисоките места од снег.
Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните источни делови (над 25л/м2) каде на планините ќе се зголеми постојната снежната покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и во некои од пониските места.
Ќе дува умерен до засилен јужен, а во текот на ноќта засилен северен ветер (над 60км/ч). Потоа до четврток ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со локални врнежи претежно од снег, особено во среда.
Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминат во снег, особено попладне. Ќе дува умерен југоисточен, а во текот на ноќта повремено засилен северен ветер. Во следните три дена ќе има услови за провејување на снег, особено во среда.
Македонија
Без струја утре делови од Аеродром, Кисела Вода и Сарај
Без електрична енергија утре ќе бидат дел од корисниците од општините Аеродром, Кисела Вода и Сарај, а задутре корисниците од општина Карпош.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија, утре од 7:00 до 16:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Божин Николов“, „Хаџи Трајко“ и „Горно Лисиче“, во делот кон селото Долно Лисиче.
Од 8:30 до 16:00 часот, корисниците од објектите во околината на Езеро – Треска во Сарај, а од 11:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата „Милан Мијалковиќ“.
Во вторник, 24 декември, од 19:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата Струшка во Општина Карпош.
Македонија
Дел од Сопиште без вода, цистерна ќе кружи низ улиците
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираше дека поради дефект на водоводна цевка во близина на Црквата Св. Мина во населба Сопиште, водоснабдувањето е прекинато за дел од корисниците.
Почнувајќи од 18:00 часот без вода се: улица 1, непарните улици 3, 5, 7 и 9, како и парните улици 8, 10, 12, 14 и 16.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.
Од Јавното претпријатие информираат дека е обезбедена цистерна со питка вода која вечерва и утре ќе кружи низ овие улици во населбата.