Свет
Либија бара Русија да свика итен состанок на Советот за безбедност на ОН
Либиските власти апелираа до Русија, постојана членка на Советот за безбедност на ОН, да свика итен состанок своите, јави вторникот Reuters повикувајќи се на либиската државна новинска агенција JANA
„Либија денеска (вторник) официјално побара од Русија да иницира итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации“, јави либиската државна агенција. Во новинскиот извештај се наведува дека тема на состанокот треба да биде „прекумерна агресија на колонизаторите и на крстоносците, кој нанесуваат удари врз цивилни цели и се обидуваат да направат цел од лидерот Моамер ел-Гадафи, во кршење на двете резолуции на Советот за безбедност и меѓународните договори“.Претходно во вторникот во данската престолнина Копенхген, рускиот премиер Владимир Путин остро ја критикуваше западната коалиција, која ја контролира зоната која е забранета за прелети над Либија и рече дека никој нема мандат да го убие полковникот Моамер ел-Гадафи.„Рекоа дека не сакаат да го убијат Гадафи. Сега некои официјални лица зборуваат: „Да, се обидуваме да го убиеме Гадафи?“. Кој си земал право да го ликвидира тој човек?“, праша Путин за време на неговата посета на Данска. Либиската влада ја обвини НАТО алијансата дека се обидела да го убие Гадафи, кога силите на западната коалиција испукаа два проектили на комплексот згради во Триполи во кои тој живее. Од НАТО вчерашниот напад го опишаа како прецизен удар врз штабот за комуникации, од кои е вршена координација за нападот врз цивили. Администрацијата на американскиот претседател Обама негира дека нападот бил насочен кон Гадафи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

