Вести
Екс началникот на израелски генералштаб Моше Јалон именуван за министер за одбрана

Премиер Бенјамнин Нетанјаху го објави во неделата именувањето на поранешниот началник на генералштабот на армијата Моше Јалон на местото министер за одбрана, како замена за Ехуд Барак, се наведува во соопштението на неговата партија Ликуд.
„Во клучниот период за безбедноста на Израел, додека целиот наш регион е во превирање, важно е на тоа место да се најде искусна личност како што е Моше Јалон. Во иемто на сите граѓани во земјата, му посакувам среќа”, се наведува во писмената изјава на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Шеесет идвегодишниот Моше Јалон го сметаат приврзаник на тврдата линија во врска со населувањето на окупираните палестински територии, се спротистави на израелското повлекување од појасот Газа во 2005 година, но се покажува претпазлив во врска со иранската нуклеарна програма.
„Решителен сум во договорното и совесно водење на израелската армија и безбедносните сили кон новите врвови за да се одговори на предизвиците на иднината”, напиша Јалон на официјалната страница на Facebook непосредно по објавувањето на именувањето.
Поранешниот шеф на израелскиот генералштаб ги наброја предизвиците со кои Израел ќе мора да се соочи, споменувајќи „иранска воена нуклеарна програма која и натаму претставува закана за Израел, пресвртите во арапскиот свет, заканите од Либан и од појасот Газа”.
Една од главните задачи што си ги постави Јалон е продолжувањето на регрутацијата за десетици илјадници студенти од еврејските верски училишта, кои досега можеа да го користат одложувањето и избегнувањето на служењето на воениот рок.
За разлика од својот претходник, еден од архитектите на блискоисточниот мировен процес, Ехуд Барак, Јалон се стекна со репутацијата „јастреб” во поглед на односите со Палестинците. Во јавните изјави тој повика да се да не направат обиди да дојде до долгорочно решение, со продолжување на военото и присуството на доселениците на Западниот Брег на реката Јордан.
Во текот на 37 години од воената служба Јалон измина пат од обичен војник до началник на генералштабот, највисоката во воената хиерархија. Тој ја започна својата политичка кариера во претходната влада на Нетанјаху како заменик-премиер и министер за стратешко планирање./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.