Контакт

Свет

Никој не одговара за зградата – монструм во паркот

Објавено пред

Продолжува рашомонијадата околу ексклузивниот комплекс што се гради на местото на кампингот

dobivaj vesti na viber

Продолжува рашомонијадата околу ексклузивниот комплекс што се гради на местото на кампингот

Во планот од 1998 немало ни профитен објект, ни апартмани, туку само катна гаража

БИЛЈАНА АНГЕЛОВСКА

Апсолутно сум против изградба на каков било објект на местото на некогашниот кампинг, бидејќи така се случува агресија врз просторот каде што треба да има само зеленило, со оглед на тоа што станува збор за дел од Градски парк. На местото градски архитект сум неполни две години и кога стапив на функција, затеков веќе започната градба на сутерен и приземјееи, вели главниот архитект на Скопје, Зоран Тониќ, категорично отфрлајќи и најмал дел од одговорноста за постоењето на комплексот зад стадионот, која недвосмислено му беше наметната од Општина Центар.

Тониќ појаснува дека веднаш од надлежните општински органи побарал да му биде доставена на увид целокупната документација од која би можело да се види и намената на објектот, меѓутоа тоа не е сторено до денес. ?Сў е во надлежност на општината, особено што и мислењето кое го дава Градот при изготвувањето на детаљните планови не е обврзувачко за изготвувачот. Од друга страна, пак, локалната самоуправа не е законски обврзана да го дава проектот на главниот архитект и тоа го прави ако сакааи, вели Тониќ и додава дека за конкретниот ДУП од страна на градските органи биле дадени повеќе забелешки за кои се инсистирало да се вградат во него, а потоа, така коригираниот план одново да се достави на разгледување. Но, општинарите и тоа не го сториле. ?Со одбивањето да ми се даде на увид документацијата за објектот, очигледно од Општина Центар не сакаа да дојдам до одредени податоци. Сега прават обиди да ја префрлат одговорноста. Категорично тврдам дека од мене не е побарано ниту мислење, ниту согласност за објектот, ниту, пак, ми е доставен проектот на увид, иако го барав тоа во повеќе навратиии, додава Тониќ.

Според првиот архитект на Скопје, првото нарушување на просторот е направено уште со стариот план од 1996 година кога на локација со зеленило е предвидено да се гради колективен паркинг на ниво на теренот. Потоа, тоа е сменето во катна гаража, а во идната фаза е додадена и функцијата хотел. ?Тоа што го добивме подоцна на разгледување од Општина Центар е комерцијално-деловен простор и хотел и нема ни трага од катна гаража. Што се случувало во меѓувреме, знаат единствено во Центарри, вели Тониќ.

Одговорните од Општина Центар, пак, отфрлаат секаква одговорност за изградбата на комплексот, бидејќи, како што тврди раководителот на одделението за урбанизам, Соња Марковска, за објектот е дадена согласност од сите надлежни институции од локалната, градската и од државната власт. ?Инвеститорот ги поминал сите институции за да ги добие неопходните одобренија, почнувајќи од тоа за сечење на дрвјата до дозволите за приклучоциии, вели Марковска. Оттаму додаваат и дека објектот е дело на поранешниот градоначалник на општината, Мирослав Грчев, кој, всушност, е автор на ДУП за Градски парк од 1998 година во кој е предвидена градбата. Но, Грчев е категоричен дека во тој план била предвидена само катна гаража, која со еден дел навлегува во трибината, со променлива катност и капацитет за околу 1.200 возила. ?Тоа требаше да биде објект од јавен интерес и да го реши сообраќајниот проблем во тој дел, со можност евентуално 5-10 проценти од површината да отпадне на хотел за спортисти. Тогаш не се ни помислуваше за некаков профитен објект или за апартмани. Во меѓувреме е сменета планската основа, а одговорноста за тоа е кај оние што го направиле тоааи, вели Грчев.

Инвеститорот на градбата, Борче Ристевски, вели дека објектот се гради веќе четири години и досега никој немал никакви забелешки за ништо. Поседува комплетна документација со која се потврдува дека ги има платено давачките кон Градот и општината. ?Исечени се 20 дрвја од кои десет беа целосно исушени и само по таа основа на Градот му се платени околу 150.000 евра. Но, имаме обврска по завршувањето на изградбата да се засадат нови саднициии, вели Ристевски. Што се однесува до пренамената на објектот во станбен комплекс со ексклузивни апартмани, Ристевски појаснува дека само едно крило од комплексот ќе биде апартмански простор од висока делукс-категорија од типот на ?Еуротелли во Струга и тие ќе им бидат понудени на сите амбасади и дипломатски претставништва да престојуваат и да ги обавуваат своите функции. Тие ќе имаат посебна служба за обезбедување и сопствена рецепција. Во другиот дел од комплексот е предвидена изградба на 80 апартмани наменети за спортистите кои ќе доаѓаат во Скопје, а преостанатиот дел ќе бидат деловни простории и канцеларии наменети за претставништва на реномирани странски фирми. Понудата за продажба на апартмани преку агенцијата ?Асторијааи, според Ристевски, всушност, е недоразбирање меѓу агенцијата и германскиот партнер во инвестицијата, бидејќи никогаш не била планирана продажба на апартманите како станови.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Атина без такси 48 часа: возачите на улица против даночните мерки

Објавено пред

Таксистите во Атина најавија 48-часовен штрајк, објави „Катимерини“. Нивното незадоволство произлегува од новите даночни политики и задолжителниот премин кон електрични возила.

dobivaj vesti na viber

Синдикатот на таксистите во Атина (SATA) наведува дека задолжителното воведување електрични автомобили го загрозува опстанокот на секторот, поради недостаток на соодветна инфраструктура за полнење, прифатливи цени на електричната енергија и реални трошоци за возилата. Таксистите оценуваат дека ваквиот потег претставува економско уништување, а не зелена транзиција.

Возачите изразија загриженост и поради недостиг од јасна регулаторна рамка која ги раздвојува такси-услугите од возилата за изнајмување со возач. Според SATA, такси-возилата обезбедуваат превоз од точка до точка, додека приватните компании за изнајмување продаваат време на патување.

Синдикатот тврди дека мултинационалните апликации за споделено возење го нарушуваат пазарот, посочувајќи дека грчките професионалци работат под строг надзор, додека странските компании функционираат без доволна контрола или локална даночна основа.

Таксистите бараат и пристап до лентите за автобуси при превоз на патници, нагласувајќи дека такси-услугите се дел од јавниот превоз и дека ограничувањата ги зголемуваат сообраќајните гужви и негативното влијание врз животната средина. Во однос на оданочувањето, SATA истакнува дека возачите се соочуваат со неправичен третман и растечки трошоци за гориво, одржување и живот, наведувајќи дека секторот повеќе не може да издржи прекумерен даночен притисок.

Фото: pexels

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ од Абу Даби: Пандорината кутија е отворена; ќе дадам сѐ за да го зачуваме мирот и нашата земја

Објавено пред

Претседателот на Србија Александар Вучиќ им се обрати на граѓаните од Абу Даби, каде што присуствуваше на отворањето на Неделата на одржливост 2026 и се сретна со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед.

dobivaj vesti na viber

Вучиќ изјави дека државата мора сериозно да се насочи кон развојот на вештачката интелигенција, нагласувајќи дека светот влегува во нова ера на големи промени.

„Големи промени се случувале и порано – од 15 век, кога Европа воспоставила доминација благодарение на научните откритија и освојувањето територии. Денес сите гледаат дека доаѓа ново време кое го носи вештачката интелигенција. Ние сме на 39. место во светот според индексите, што е подобро отколку што очекувавме“, рече Вучиќ, пренесе „Б92“.

Тој додаде дека тоа не е доволно и предупреди дека за шест месеци неработење Србија може да падне и на 70. место, нагласувајќи дека мора постојано да се работи и учи.

„Се соочуваме со две работи – огромен напредок и стравот кај луѓето дека ќе ги загубат работните места“, изјави Вучиќ.

Тој истакна дека државата мора да создаде рамка која ќе го поттикне развојот на вештачката интелигенција, но и ќе гарантира дека граѓаните нема да останат без работа. Посочи дека три проценти од енергијата во Европа се трошат на суперкомпјутери и дека ќе биде неопходно зголемување на енергетските капацитети.

„Важно е да го подготвиме теренот за децата што доаѓаат по нас, за да можат рамноправно да се натпреваруваат со другите во светот“, додаде тој.

Вучиќ информираше дека имал кратка средба со шеикот Мохамед бин Зајед и изрази благодарност за гостопримството, додавајќи дека наскоро се надева на добри вести поврзани со НИС.

„Мораме да ги зголемиме капацитетите на ЕПС, но и да склучуваме договори со други за да ги обезбедиме нашите потреби“, изјави српскиот претседател.

Осврнувајќи се на меѓународната ситуација, Вучиќ зборуваше за Гренланд и Иран, оценувајќи дека светот влегува во период на голема неизвесност.

„Не се радувам на ништо од тоа што се случува. Се плашам од времето во кое влегуваме. Пандорината кутија е отворена и повеќе никој не може да ја контролира“, рече Вучиќ, додавајќи дека ќе вложи целосна енергија за да ги зачува мирот и државата.

Тој нагласи дека граѓаните на Србија не треба да се грижат и дека државата внимателно ја следи ситуацијата. Потврди и дека утре ќе има билатерална средба со претседателот на Обединетите Арапски Емирати.

„Станува збор за двајца лични пријатели. Разговараме како да ја унапредиме соработката. Не заборавајте дека дел од дроновите ги набавуваме од тука“, изјави Вучиќ.

На крајот, тој се осврна и на критиките од дел од медиумите, нагласувајќи дека Србија успеала да издржи и во најтешките моменти, дури и кога 94 дена немало испорака на нафта, без граѓаните да го почувствуваат тоа.

Прикажи повеќе...

Свет

Два мистериозни случаи на Кипар: смрт во руската амбасада и исчезнување на бизнисмен

Објавено пред

Руската амбасада на Кипар вчера соопшти дека минатата недела починал еден од вработените во амбасадата, додека локалните медиуми наведуваат дека причината за смртта била самоубиство.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението на амбасадата се наведува дека вработениот, идентификуван само како А. В. Панов, починал во четврток, а неговата смрт е опишана како „длабока лична трагедија за семејството и најблиските“. Дипломатската мисија не ја наведе причината за смртта, истакнувајќи само дека е во тек постапка за враќање на телото во Русија.

Кипарските медиуми, повикувајќи се на анонимни полициски извори, објавија дека дипломатот се обесил во својот кабинет. Според тие извори, Панов наводно оставил проштална порака, но руската амбасада не ја споделила со полицијата, туку соопштила дека ќе биде испратена во Москва на разгледување.

Изворите тврдат дека дипломатскиот персонал не им дозволил на локалните истражители да влезат во амбасадата за да го прегледаат местото на наводното самоубиство. Телото, наводно, ѝ било предадено на полицијата во дворот на амбасадата.

Потрага по бизнисмен

Во меѓувреме, на Кипар трае потрага по 53-годишниот руски бизнисмен Владислав Баумгертнер, кој во средата го напуштил својот дом во Лимасол, облечен во кратки црни панталони и црна маица, по што исчезнал и не се вратил дома.

Спасувачи, полиција и волонтери, со помош на полициски хеликоптер и дронови, од саботата трагаат по Баумгертнер. Потрагата е фокусирана на тежок терен во близина на селото Писури, каде што последен пат бил забележан сигналот од неговиот мобилен телефон.

Баумгертнер дипломирал на Уралскиот технички универзитет, а кариерата ја започнал во компанијата Ураленерго. На почетокот на 2000-тите стекнал магистерски дипломи по бизнис администрација и финансиски менаџмент во Обединетото Кралство, по што се вработил во компанијата за производство на калиумови соли Уралкали.

Во 2003 година станал комерцијален директор, а во 2005 година претседател на управата и извршен директор на компанијата. Во 2005 година Уралкали, заедно со белоруската компанија Беларукали, ја основал Беларус Поташ Компани (BPC) – заедничка фирма која во еден период контролирала повеќе од 40 отсто од светскиот извоз на калиумови соли.

Уапсен во 2013 година во Белорусија

Партнерството се распаднало во 2013 година поради несогласувања околу стратегијата – дали да се ограничи производството за одржување на цените или да се зголемат количините за поголем приход.

Во јули 2013 година Баумгертнер објавил дека Уралкали се повлекува од BPC, што предизвикало пад на цените на глобалниот пазар. „Тоа е како Саудиска Арабија да го напушти ОПЕК“, изјавил тогаш за Ројтерс трговецот Дмитриј Рижков.

Повлекувањето на Уралкали било тежок удар за белорускиот претседател Александар Лукашенко. Во август 2013 година, еден месец по повлекувањето од BPC, Баумгертнер пристигнал во Минск на преговори со тогашниот белоруски премиер Михаил Мјасникович.

По неуспехот на преговорите, полицијата го уапсила на аеродромот, наводно по лична наредба на Лукашенко. Баумгертнер поминал еден месец во самица, по што бил префрлен во куќен притвор. Истрагата против него подоцна била запрена, по што тој се вратил во деловниот сектор.

Фото: depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

Техничката влада мора да остане, велат од СДСМ

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори, велат од...

Македонија4 часа

Со паричка во погача, голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како...

Топ5 часа

Во Кавадарци се води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца

Кавадаречкото Обвинителство  споведува истрага за два одвоени случаи во кои има сомненија за силување на дете кое не наполнило 15...

Свет5 часа

Словачките лидери едногласни: Крај на воената помош за Украина

Највисоките словачки функционери – претседателот Петер Пелегрини, премиерот Роберт Фицо и претседателот на парламентот Рихард Раши – потврдија единство околу...

Свет6 часа

Претседателката на Молдавија: На референдум би гласала за обединување со Романија

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изјави дека би гласала за обединување со Романија доколку тоа прашање некогаш се најде на...

Свет6 часа

Германија предупредува: Плановите на Трамп за Гренланд може да го загрозат НАТО

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека сојузниците во НАТО мора да соработуваат кога станува збор за безбедноста...

Свет6 часа

Конгресмен предлага закон за анексија на Гренланд

Републиканскиот конгресмен Ренди Фајн предложи закон до американскиот Конгрес со кој на САД би им се овозможила анексија на Гренланд...

Македонија17 часа

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....

Топ20 часа

Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка

Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка. Според информациите од МВР,  денеска во Полициската канцеларија...

Македонија22 часа

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...

Македонија23 часа

Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори...

Култура1 ден

„Една битка по друга“, „Хамнет“ и „Адолесценција“ доминираа на Златните глобуси

Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за...

Македонија1 ден

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија1 ден

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Македонија1 ден

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Македонија1 ден

Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево,...

Свет1 ден

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет1 ден

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет1 ден

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...