Македонија
Полициски инспектор пред отказ поради тепачка

Главниот инспектор во отсекот за насилен криминал при Министерството за внатрешни работи се наоѓа пред отказ, откако полицијата утврдила дека нејзиниот припадник учествувал во тепачка пред кафе барот „Кул Кафе“.
Главниот инспектор во отсекот за насилен криминал при Министерството за внатрешни работи се наоѓа пред отказ, откако полицијата утврдила дека нејзиниот припадник учествувал во тепачка пред кафе барот „Кул Кафе“.
Против 38. годишниот Ц.Б од Скопје и две години постариот Б.И. исто од Скопје, ќе биде поднесена кривична пријава за учество во тепачка, бидејќи двајцата го претепале Г.Т., инаку братучед на полицаецот.
До инцидентот дошло кога двајцата братучеди започнале вербална расправија, при што биле употребени и навреди, што довело до физичка пресметка меѓу полицаецот, кој не бил на должност и неговиот братучед.
Во тепачката подебелиот крај го извлекол Т.Г. кој со повреди бил префрлен во болница. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тошковски: Партнерството со САД носи силна поддршка за реформи во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тшоковски денес оствари тет-а-тет средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер.
„Средбата ја потврди блиската соработка и заедничката посветеност за јакнење на институциите и модернизацијата на системот, како темел за поуспешно справување со криминалот и корупцијата“, соопштија од МВР.
„Партнерството со САД ни носи силна поддршка за нашите реформи во МВР насочени кон професионална и ефикасна полиција, која ќе овозможи зголемена безбедност, правда и доверба кај граѓаните.“, потенцираше министерот Тошковски.
Македонија
Општина Центар: Дератизацијата не е опасност за кучињата и мачките, да не се шират дезинформации

Општина Центар ги отфрла шпекулациите дека дератизацијата претставува опасност за животните.
„Ве информираме дека дератизацијата се спроведува редовно и исклучиво од стручни лица од Центарот за јавно здравје, со употреба на методи и средства кои се безбедни и не претставуваат закана за кучињата, мачките и другите домашни миленици. Апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на непроверени и неточни информации кои во јавноста се пласираат од одредени неквалификувани и нелиценцирани лица или организации. Ваквите дезинформации неосновано предизвикуваат страв и паника кај граѓаните и непотребно ја вознемируваат јавноста“, велат од Општината.
Македонија
СДСМ: Мицкоски пак манипулира, со инфлација од 4,8%, реалниот раст на БДП е -1,4%

Со инфлација од 4,8% повисока од растот на БДП, реалната економија оди надолу од -1.4%, а граѓаните тонат во сиромаштија, велат од СДСМ.
„Македонија е далеку од 4-та економија во Европа како што сака Мицкоски да прикаже. Неговите фалби немаат врска со реалноста. Граѓаните не живеат од статистички бројки туку од сопствениот џеб. А таму реалноста е сурова: повисоки цени, пониски приходи и намален квалитет на живот. Македонскиот БДП по жител, според куповната моќ, е само 42% од просекот на ЕУ, повисок просек од нашите граѓани има дури и земјите во регионот, Србија со 51%, Црна Гора со 53%“, се наведува во соопштението.
Од СДСМ велат дека странските инвестиции се преполовени на 221 милиони евра, од 573 милиони евра минатата година.