Свет
Иран истрела ракети врз репликата на странска база
Иран истрелал серија балистички ракети од кои некои со дострел со кој може да достигнат цели во Израел, во текот на воената вежба во централниот дел од земјата, симулирајќи напад врз странска воена база во регионот, пишуваат во вторникот локалните медиуми.
„Ракетите од типовите ‘Шахаб’ 1,2 и 3, ‘Киам“, ‘Фатех’ и ‘Тобдар’ се истрелани во рамките на вежбата ‘Големиот проповедник 7’“, јавува телевизиската рмежа на арапски јазик Al Alam.
Балистичкиот проектил „Шахаб 3“ има дострел од две илјади километри и една од ракетите од иранскиот балистички арсенал кои може да погоди цели во Израел или во некоја од американските бази во регионот на Блискиот исток. Другите ракети имаат дострел меѓу 200 и 750 километри.
Со овие тридневни маневри, што ги водат Чуварите на револуцијата, елитна иранска гарда во чија надлежност е стратешкото вооружување на Иран, се сака „да се испрати порака на авантуристичките држави“ коишто би сакале да го нападнат Иран, изјави Амир Али Хаџизадех, командант на иранските ракетните сили.
Вежбите коишто се одржуваат во Дашт-е-Кавир, пустина во централниот дел од Иран, каде што е изградена „реплика во воздухопловна база“ која „и’ припаѓа на сила надвор од регионот“, којашто треба да помогне во точната и ефикасна проверка на истрелувањата на споменатите на ракетите, се додава од официјални извори во Техеран.
Иранските лидери редовно се закануваат дека Иран доколку биде нападнат, не само што ќе го гаѓаат Израел, туку и американските бази во регионите на Персискиот залив и на Блискиот исток.
Израел и САД последните месеци во повеќе наврати на напоменуваа можноста од напади врз иранските нуклеарни постројки доколку пропаднат дипломатските напори на големите сили со коишто Техеран треба да биде принуден да ја сопре својата контроверзна нуклеарна програма. Западните земји сметаат дека збогатувањето на ураниум во иранските нуклеарни постројки има цел произведување атомско оружје, додека Техеран тврди дека тоа е негово неприкосновено право што му е потребно во цивилни цели, за производство на електрична енергија и во медицински цели.
Ракетите се единственото оружје со коешто иранската армија може да гаѓа цели надвор од своите граници, имајќи предвид дека нема современа авијација ниту доволно развиена морнарица//крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Либанците да останат во својата земја, повика папата Лав Четиринаесетти
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти денеска ги повика Либанците да „останат“ во својата земја, каде што економскиот колапс ја засили масовната емиграција, и повика на „помирување“ за надминување на длабоките поделби во Либан.
Папата, кој дојде во Бејрут од Турција, донесе порака за мир во Либан, земја која стравува од враќање на отворениот конфликт со Израел.
Во говорот во претседателската палата кратко по неговото пристигнување, папата ја нагласи потребата да се работи за „мир“ без да ги спомне регионалните тензии или неодамнешните израелски бомбардирања.
Тој, исто така, ја нагласи потребата властите и институциите да препознаат дека „општото добро е поголемо од доброто на која било група“ и ја повика владејачката класа да „му служи на народот со посветеност и преданост“.
Свет
Зеленски: Ова се важни денови за Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски објави дека денеска разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Разговарав со Марк Руте и ќе разговараме повторно во наредните денови. Ова се важни денови и многу работи можат да се променат. Тесно се координираме и во нашите активности и во активностите на сите партнери, заедничките акции, заедничките позиции ќе бидат исклучително ефикасни. Ви благодарам за вашата поддршка“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој наведе дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Продолжуваме да бидеме во целосна координација со Европската комисија, благодарен сум за поддршката. Разговаравме за ситуацијата во дипломатијата и имаме заеднички став за клучните прашања. Исто така е важно што Урсула е многу внимателна кон потребата од зајакнување на нашата отпорност во услови на постојани руски напади врз инфраструктурата и енергијата. Ја ценам подготвеноста да ѝ се помогне на Украина!, напиша Зеленски.
Свет
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан во рамки на неговата прва турнеја во странство, објави ДПА.
Светиот Отец пристигна попладнево во либанскиот главен град Бејрут, по посетата на Турција.
Посетата на папата се смета за причина за надеж за мир и стабилност во земјата загрозена од воени конфликти и зафатена од кризи.
Тој ќе се сретне со либанските лидери, ќе посети христијански објекти и ќе одржи литургија. Околу 30 отсто од населението на Либан се христијани, додека мнозинството жители се муслимани.

