Македонија
Полковникот Јорданов – нов шеф на НАТО советодавниот тим во Македонија
Полковникот Јордан Јорданов од Армијата на Република Бугарија ја презема функцијата Началник на НАТО советодавниот тим во Скопје.Неговиот претходник, словенечкиот Бригаден Генерал, Давид Хумар денеска на својата проштална средба со министерот за одбрана, Зоран Коњановски, побара земјата да ја одржи заложбата за реформи во одбраната, процес за кој, според него, е потребно многу знаење и напори. Побара земјата да го насочи својот фокус кон имплементација на долгорочниот план за развој на одбраната. „Понекогаш е многу полесно нешто да се стави на хартија, отколку да се имплементира. Тешката работа преостанува пред Министерството за одбрана и АРМ“, рече Хумар.Министерот Коњановски, пак, од своја страна, изрази жалење што земјата, и покрај спроведените реформи, не е дел од НАТО алијансата, нарекувајќи го тоа неправда. „Жалам што не ни се исполни една заедничка желба. Од првиот момент кога дојдовте кажавте дека желба ќе ви биде додека сте прв човек на НАТО-советодавниот тим на НАТО, Република Македонија да стане полноправна членка на НАТО. Некои работи не зависат од самите нас. Вие добро знаете дека и покрај успешно завршените реформи, останавме надвор од НАТО заради противењето на една земја-членка на НАТО. Сигурен сум дека ќе се вложат сите напори во иднина и оваа неправда да биде отстранета“, рече Коњановски.НАТО штабот во Скопје има советодавна функција, но и како олеснувач во комуникацијата со структурите на НАТО. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

