Вести
Боко Харам уби 32 војници во Нигер
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/niger20vojska.jpg)
Припадниците на нигерското радикално исламистички движење Боко Харам убиле најмалку 32 нигерски војници во напад врз воена база во близина на границата со Нигерија, објавија властите.
„Стотици напаѓачи“ нападнаа воена позицијата во петокот ноќта во руралниот град Боссо, се наведува во соопштението на министерството за одбрана на Нигер од саботата. Во соопштението се додава дека според „прелиминарните податоци“ убиени се 30 нигерски и двајца нигериски војници, а близу 70 се ранети.
Претходно во саботата локалните медиуми соопштија дека милитантите на движењето Боко Харам, чии бази се во Нигерија, заземале еден рурален град кој се наоѓа во југоисточниот дел на соседен Нигер. Локалните жители рекле дека бунтовниците од сите страни го нападнале градот Боссо, принудувајќи ги нигерските сили да се повлечат од областа речиси без никакво отпор.
Кон крајот на ноември 2015 година, 18 цивили беа убиени а стотина куќи беа запалени во напад на Боко Харам врз селото Вогом во близина на Боссо. Исламистите последните години своите напади врз безбедносните сили од североисточна Нигерија го проширија и на териториите на соседните држава Нигер, Чад и Камерун.
Хуманитарен активист, зборувајќи под услови да остане анонимен, изјавил дека милитантите дошле од Нигерија минувајќи ја реката Камуду Јобе, која во еден дела е граница меѓу Нигерија и Нигер.
Од февруари годинава припадниците на исламистичкото движење Боко Харам извршија низа напади во југоисточниот регион Диффа во близина на границата со Нигерија, оставајќи стотици жртви зад себе.
Во Нигерија, особено последните шест години дејствува радикалната исламистичка група која некои ја сметаат и за секта – Боко харам која е основана во 2002 година. Таа настојува во северна Нигерија да формира исламска држава и се противи на западниот модел на образование што всушност и значи нејзиното име „Западното учење е забрането“ на локалниот хауса јазик.
Групата стои зад повеќето терористички напади во градовите и масакри во руралните области на земјата и се смета за одговорна за повеќе од десет илјади жртви само во последните пет години.
Боко Харам, којашто ѝ изрази лојалност на џихадистичката група Исламската држава, се смета за најголемата безбедносна закана не само за Нигерија, којашто е најбројната африканска нација чии околу 180 милиони жители се поделени речиси половично на христијани и муслимани, најголемата африканска економија и производител на нафта, туку и за соседните држави./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.