Свет
Турција објави дека нема да војува со Сирија, поради инцидентот со авионот
Турција нема намера да влезе во војна со Сирија поради соборениот авион, но има намера да побара извинување и компензација, изјави за медиумите официјалниот претставник на турската влада, вицепремиерот Булент Аринч.
„Ние не сме земја којашто поттикнува воинствени страсти. Немаме намера да војуваме со никого. Ние сме сериозна држава. Знаеме што треба да направаме, но имаме намера тоа да го сториме чекор по чекор“, рече заменик-премиерот Булент Аринч, по состанокот на кабинетот на владата во понеделникот навечер, на кој бил разгледуван инцидентот со соборувањето на турскиот воен авион од страна на сириската противвоздушна одбрана, и на кој се дискутирало за одговорот на Анкара.
Како што пренесуваат турскиот медиуми, Аринч рекол дека Турција ќе бара извинување и компензација од Сирија за урнатиот авионот, но не исклучува ангажирање на други мерки, без да наведе кои би биле тие чекори.
Турскиот авион извидувачки авион „RF-4E Phantom“ кој на 22-ри јуни полета од воздухопловната база Ерхач во југоисточната провинција Малатија, по половина час исчезна од радарите при надлетувањето на Средоземното Море, блиску до југоисточната покраина Хатај на границата со Сирија.
Сирија соопшти дека соборила турски авиони над нејзините територијални води по неговото навлегување во нејзиниот воздушен простор. Турција тврди дека авионот бил соборен во меѓународниот воздушен простор, а дека неговит фрагменти паднале во територијалните води на Сирија. Според Анкара, авионот бил на тренажен лет чија цел била да го тестира турскиот радарски систем, не бил вооружен и неговата мисија не била насочена против Сирија, којашто наводно била запознаена со летот, но не го предупредила екипажот за акцијата што има намера да ја преземе против леталото, како што бара меѓународното право.
Како што најави турскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давутоглу во неделата, Анкара ќе го информира НАТО во врска со инцидентот со Сирија „во рамките на 4-от член од Договорот за Северноатлантската алијанса“, но не прецизираше дали тоа ќе значи барање заедничка позицијата за „колективната безбедност“. За во вторник по барање на Турција е закажан состанок на Советот на НАТО.
Турција, инаку, е една од најстарите членки на НАТО и ја има втората по големина армија во овој воено-политички блок./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Судири во Сирија: Војската напредува кон курдските подрачја, САД предупредуваат
Сириската војска го продолжи продорот на територии под контрола на Курдите, и покрај повиците на САД да го запре напредувањето на северот од земјата. Државните медиуми објавија дека е заземен северниот град Табка, како и блиската брана и стратешката брана „Слобода“, западно од Рака.
Курдските власти не ги потврдија овие тврдења, а не е јасно дали борбите сè уште траат.
Судирите се водат околу стратешки позиции и нафтени полиња долж реката Еуфрат. Сириските демократски сили (СДФ), предводени од Курдите, соопштија дека се повлекле од дел од подрачјата како гест на добра волја, но ја обвинија сириската војска за кршење на договорот со ново напредување.
Командантот на американската Централна команда (CENTCOM), Бред Купер, повика сириските сили да ги запрат офанзивните дејства меѓу Алепо и Табка.
Во градот Деир Хафир, со претежно арапско население, жителите го поздравиле влегувањето на сириската војска. Сириската нафтена компанија соопшти дека се преземени нафтените полиња Расафа и Суфјан.
Сириската војска тврди дека загинале четворица нејзини припадници, додека СДФ соопшти за загуби во своите редови, без конкретни бројки.
Свет
ЕУ на итен состанок во Брисел по царинските закани на Трамп
Претставниците на земјите членки на Европската унија денеска ќе одржат вонреден состанок во Брисел, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави нови царини поврзани со прашањето за Гренланд, јави германската агенција „ДПА“.
Состанокот е свикан на ниво на амбасадори по иницијатива на Кипар, кој во моментов претседава со Советот на ЕУ.
Трамп објави дека од 1 февруари ќе воведе дополнителни 10% царини за осум европски земји, а од 1 јуни тие ќе се зголемат на 25% – освен ако не се постигне договор за продажба на Гренланд на САД. Мерките се однесуваат на Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија и Финска.
ЕУ засега не соопшти дали на денешниот состанок ќе се дискутира за можни контрамерки. Брисел располага со инструмент против присила, кој дозволува воведување реципрочни царини и други мерки кога трета земја се обидува да изнуди политичка одлука преку трговски притисок.
Земјите на кои им се заканува со царини оваа недела учествуваа во распоредување на воено извидничко присуство на Гренланд, во рамки на данската вежба „Arctic Endurance“, организирана со НАТО-сојузниците.
Свет
(Видео) Побуна во Гватемала: Затвореници презедоа контрола и зедоа 46 заложници
Затвореници во Гватемала се побунија во три затвори и зедоа најмалку 46 заложници, потврди министерот за внатрешни работи Марко Антонио Виледа. Според властите, зад координираната акција стои бандата „Барио 18“, чии членови барале подобри услови и преместување на својот лидер.
Заложниците се претежно затворски чувари, а меѓу нив има и психолог. Виледа истакна дека немало жртви ниту повредени, и порача дека нема да има договори со, како што ги нарече, „терористички групи“.
❗️⚠️🇬🇹 – Guatemalan Prison Riots: Inmates Take At Least 46 Hostages
Inmates rioted at three prisons in Guatemala, taking at least 46 hostages—mostly guards and one psychologist.
Interior Minister Marco Antonio Villeda confirmed no deaths or injuries among the hostages.… pic.twitter.com/7dt4gZZZ9k
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) January 18, 2026
Во затворот Реновасион 1 во градот Ескуинтла, армијата и полицијата го опколија објектот. Еден маскиран затвореник преку бодликавата жица изјавил дека бараат преместување поради несигурност во затворот.
Министерството соопшти дека побуната е директен одговор на укинување на привилегиите за затворските шефови.

