Македонија
Министерот Димовски се сретна со градоначалникот на Мостар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/1d4b9ee7-ade8-43c4-a602-0a92f8838f72.jpeg)
Иако Ротмиље е запишано со црни букви во нашата историја денес сме тука да оддадеме почит на нашиот претседател Борис Трајковски по повод деветгодишнината од неговата прерана смрт.
Ова во вторник го изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, на средбата со градоначалникот на Мостар Љубо Бешлиќ.
Министерот Димовски се заблагодари за грижата на Мостар и Босна и Херцеговина во одбележувањето на немилиот настан и за почитта што ни ја укажуваат.
„Ние треба да гледаме напред и да ги зајакнуваме односите. Мостар останува наш близок град со заедничка историја”, рече Димовски. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Вучиќ: Имаме речиси пет милијарди евра на сметка, БДП годинава достигнува 90 милијарди
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/александар-вучиќ-2.jpg)
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Србија во моментов има речиси пет милијарди евра на сметката, што е цифра што на сметките ја немаат ни земји 10 пати поголеми од нив.
„Во изминатите 12 години го зачувавме мирот, имавме целосна стабилност. Имавме најголем раст во историјата на Србија, сакале или не – од 32 милијарди бруто домашен производ тогаш, оваа година ќе завршиме со 89-90 милијарди“, рече Вучиќ за време на разговорот со граѓаните.
Тој посочи дека Владата се обидела на сериозен начин да ја заштити јавната каса, наведувајќи дека „секогаш имаме пари за инвестирање и секогаш можеме да им помогнеме на оние на кои тоа им е најпотребно“.
Македонија
Николоски: Ќе продолжиме да градиме социјални згради низ другите градови, приоритет е намалување на цената на комерцијалните станови
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/IMG-8c3e55f3670fdc36935c75845bb25548-V.jpg)
Драго ми е што семејствата во оваа социјална зграда ќе најдат топол дом и ќе градат пристојна иднина, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Велес на доделување на социјалните станови.
Вкупно 29 семејства ги добија клучевите во социјалната зграда во Велес. На доделувањето присуствуваа и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, директорот на АД за станбен и деловен простор Марјан Стефановски, градоначалникот Марко Колев, пратеници.
Николоски истакна дека покрај изградбата на социјалните станови, приоритет е изградба и на комерцијални згради се со цел да се интервенира на пазарот на недвижности и да се намали цената на станбениот квадрат.
„Се сеќавате дека бевме тука и во моментите кога се грaдеше оваа зграда. Драго ми е што е завршена и драго ми е што семејствата кои што денеска ги сртенавме ќе можат да градат една попристојна иднина и да можат да најдат топол дом. Како што спомнавме ќе продолжиме и во следниот период да работиме на изградба на слични вакви објекти и во останатите градови за да помогнеме на што повеќе семејства колку што можеме, а исто така преку изградба на комерцијални згради ќе се обидеме да интевревнираме во цената на квадратот која што за жал достигнува во одрeдени градови и огромни суми кои што мораат да одат надолу. Така што во следниот период ќе не има многу со вакви и слични проекти кои што доаѓаат”, изјави вицепремиерот Николоски.
Зградата во Велес брои 29 станбени единици и 29 подрумски простории. Становите се изградени по програмата на Владата за изградба на згради за социјално ранливи категории граѓани.
Директорот на АД за станбен и деловен простор истакна дека веќе следната недела ќе се распише јавниот оглас за продажба на становите од комерцијалната зграда во Битола што ја гради ова акционерско друштво. Како што најави Николоски, цената ќе биде илјада евра за метар квадаратен за станови и две илјади евра за метар квадратен за деловни простории.
Македонија
Локализиран пожар во училиште во Струмица
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/12/pozarna-sv-nikole-4.jpg)
Пожарникарите во Струмица интервенирале при гасење на запалена просторија во училиште.
„Денес, (петок) во 13.28 часот во СОУ Никола Карев, ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 6 пожарникари-спасители интервенираше на гасење на запалена просторија(тоалет)“, се истакнува во напишаното на социјалните мрежи.
Пожарот, како што е соопштено е успешно локализиран за кратко време после пристигнувањето на пожарникарите.