Регион
По железничките, ќе се здружуваат и екс-југословенските авиокомпании?

По создавањето на заедничката железничка компанија на Слвоенија, Хрватска и Србија, навјеројатно претстои и слична активност во авионскиот сообраќај од поранешните југословенски држави, вели српскиот државен секретар Миљковиќ
Веќе е најавено дека од 31 октомври годинава српската авио-компанија ЈАТ ќе воспостави партнерски однос со црногорската копанија Montenegro Airlines, со што двете компании ќе ја зголемат бројката дестинации кон кои ќе летаат од аеродромите во Белград, Ниш, Подгорица и Тиват, а за сметка на тоа ќе може да ги намалат цените на билетите и да станат поконкурентни.ЈАТ и Montenegro Airlines заедно имаат 22 авиони, од кои 14 се српски и осум се црногорски. Српскиот државен секретар за авио-сообраќај, Миодраг Миљковиќ изјави дека договорот за заедничкото користење на авионите меѓу двете компании е извонреден потег и дека би било добро на ваквата стратегија да и се придружат и авиотранспортерите од другите поренешни југословенски републики .„Тоа е нешто што се случува секаде во светот во овој моментм имајќи ја предвид глобалната економска криза, која особено се одрази врз авио-сообраќајот“, вели Миљковиќ за агенцијата Танјуг, ритоа откривајќи дека веќе биле водени разговори со некои компании од регионот.Српскиот државен секретар нагласува дека заедничкиот однос мора да биде мотивиран од финансиските причини и желбата патниците да добијат подобри услови за летање и пониски цени. Миљковиќ како приемр за ваквото здружување ги набројува звдружувањето на Air France и холандската KLM, на Iberia и British Airways, како и неодамнешното здружување на двата најголеми американски авиотранспортери.Миљковиќ го изложува мислењето дека на српската и црногорската авиокомпанија најмногу им одговараат компаниите од Хрватска и од Словенија, бидејќи тие во своите аеро-флоти имаат авиони на „Airbus“ и „Canadaier“.Тој нагласува дека со придружувањето на авиокомпаните од регионот би можел да се направи „воздушен мост“ за кој се зборува од поодамна, до кој сите би имале полза.„Тогаш би настапувале кон големите авиокомпании како единтсвен систем“, вели Миљковиќ нагласувајќи дека пред се мисли на Lufthansа, американските компании и превозниците од Далекиот исток.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Дојава за бомба во авион на „Ер Србија“ во Црна Гора: уапсен е млад човек од Србија

Сообраќајот на аеродромот Тиват во Црна Гора вчера беше запрен поради дојава дека наводно е поставена бомба во авион на Ер Србија кој слета од Белград околу 18 часот.
Информацијата ја потврди и компанијата Аеродроми Црна Гора, која исто така објави дека е покрената итна постапка за вакви случаи, дека авионот е изолиран, а патниците евакуирани, по што е извршена проверка на леталото.
„Аеродромските служби, во согласност со пропишаните процедури за вакви случаи, чекаат сигнал од надлежните органи за повторно воспоставување на редовен сообраќај“, соопшти компанијата Аеродроми Црна Гора.
„Вијести“ пишуваат дека 23-годишниот српски државјанин, С.М., е уапсен во Херцег Нови под сомнение дека пријавил дека во авион на „Ер Србија“ кој слета во Тиват од Белград бил поставен експлозивен материјал.
Поради вонредната состојба, неколку летови до Тиват беа пренасочени кон блиските аеродроми.
Регион
Мајка им давала на децата желе бомбони направени од канабис: уапсена 29-годишна жена во Грција

Полицијата во Ираклион, на грчкиот остров Крит, уапсила 29-годишна жена за која постои сомнение дека им дала на своите деца, на возраст од 14 и 10 години, препарати со канабис во форма на желе бомбони.
По консумирањето, децата се чувствувале лошо и биле префрлени во Универзитетската болница во Ираклион, каде што биле хоспитализирани на детското одделение, објавува грчкиот весник „Катимерини“.
Директорот на болницата, Јоргос Халкиадакис, изјавил дека нивната здравствена состојба е добра.
Жената, која работи во хотел, наводно изјавила дека пронашла желе бомбони во хотелскиот простор и, мислејќи дека се обични слатки, им ги дала на децата.
Предметот на истрагата го води Пододделот за сузбивање и истрага на кривични дела во Ираклион.
Се очекува резултатите од истрагата да фрлат повеќе светлина врз тоа дали мајката ја кажувала вистината, а доколку е така, да откријат како бонбоните стигнале до хотелот и дали имало некакви пропусти во безбедносните процедури.
Регион
Драма на Халкидики: бранови го однеле чамецот во кое било седумгодишно дете, таткото пливал за да го спаси

Седумгодишно момче кое во неделата се нашло само во гумен чамец во близина на брегот на Неа Ираклија на Халкидики преживеало драма во морето, но сè завршило без трагични последици.
Таткото според медиумите во регионот, гледал дека морето го носи чамецот, отпливал во обид да го спаси својот син.
Како што соопшти крајбрежната стража, Првата дивизија на пристаништето Неа Миханион на Централната пристанишна управа на Солун околу пладне добила пријава дека чамец со дете на него се упатува кон отворено море поради неповолни временски услови. Според информациите, станува збор за седумгодишен грчки државјанин кој се нашол во опасност кога ветерот почнал да го носи гумениот чамец далеку од брегот.
Неговиот татко, без да чека помош, веднаш влегол во водата, обидувајќи се да отплива до својот син, но без успех. Крајбрежната стража брзо реагирала и испратила патролно возило на местото на настанот, но клучната улога во спасувањето ја одиграле вработените во блиската компанија за водна рекреација и локалните спасувачи.
Момчето и неговиот татко беа пронајдени на околу 200 метри од брегот. Со помош на џет-ски и приватен брод, двајцата беа успешно извлечени од морето и вратени на копно во добра здравствена состојба.
Овој настан, според надлежните, служи како предупредување за сите што престојуваат на море, особено за семејствата со деца, дека гумените чамци можат да бидат многу опасни ако не се користат со внимателен надзор и во поволни временски услови.