Свет
Интервју на Марија Гарсија де Лара за радио Слободна Европа
Ние веруваме дека постојат сигнали за оптимизам и оти натамошен напредок е можен во најскоро време, изјави шпанската амбасадорка Марија Гарсија де Лара во интервјуто за Радио Слободна Европа
Ние веруваме дека постојат сигнали за оптимизам и оти натамошен напредок е можен во најскоро време, изјави шпанската амбасадорка Марија Гарсија де Лара во интервјуто за Радио Слободна Европа, коментирајќи ја оптимистичката изјава на министерот за надворешни работи Мигел Анхел Моратинос во врска со решавањето на проблемот со името. Господин Моратинос ја покажува својата поддршка за тековниот процес под покровителство на ООН.
Веруваме дека е многу важно да продолжат директните средби меѓу премиерите Груевски и Папандреу и навистина го почитуваме, го охрабруваме и го поддржуваме лидерството што го покажаа тие во продолжувањето на директните разговори.
Најавената посета на Моратинос ќе се состои во поддршка на Владата за започнатиот реформски процес на патот кон ЕУ и да ги поддржи напорите што се вложуваат во преговарачкиот процес што го водат ООН, и да ја поддржи ЕУ перспективата на оваа земја, вели амбасадорката.
Многу е јасен приоритетот на претседателството и на политиката на ЕУ дека ја поддржуваме и веруваме дека местото на Западен Балкан е во ЕУ. Резултатите постигнати во оваа земја, особено во 2009-та година се задоволувачки, така што сигурна сум дека министерот Моратинос ќе ги охрабри властите за тековниот преговарачки процес.
Мислам дека Европската Унија целосно го поддржува процесот што се води, но треба да имаме на ум дека таа не е дел од него. Тоа е билатерално прашање, билатерален спор. ЕУ посакува заемно прифатливо решение да биде најдено во најбрзо време, но не е дел од преговарачкиот процес.
Така што, мислам дека сите држави и институции на ЕУ ги поздравуваат директните контакти и целиот преговарачки процес и ние како шпанско претседателство ќе бидеме повеќе од среќни ако се изнајде решение што е можно поскоро, изјави шпанската амбасадорка Марија Гарсија де Лара во интервјуто за Радио Слободна Европа./крај/радиослободнаевропа/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Осумте земји на кои Трамп им најави царини поради Гренланд порачаа: Ќе останеме обединети и солидарни со Данска и Гренланѓаните
Осумте европски држави, кои се најдоа на мета на најавените царини од американскиот претседател Доналд Трамп поради поддршката за Данска во врска со Гренланд, во неделата со заедничка изјава предупредија дека таквите мерки носат ризик.
„Заканите со царини ги поткопуваат трансатлантските односи и носат ризик од опасна надолна спирала. Ќе останеме обединети и координирани во нашиот одговор. Посветени сме на заштитата на нашиот суверенитет“, се наведува во заедничката изјава на Обединетото Кралство, Данска, Финска, Франција, Германија, Холандија, Норвешка и Шведска.
Овие осум земји, кои одлучија да испратат свои војници на Гренланд, порачаа дека се подготвени за „дијалог врз основа на принципите на суверенитет и територијален интегритет“, зад кои цврсто стојат.
Тие повторија дека се „во целосна солидарност со Кралството Данска и народот на Гренланд“ и порачаа дека како членки на НАТО се посветени на јакнење на безбедноста на Арктикот – „заеднички трансатлантски интерес“. Во тој контекст, воената вежба на НАТО „Арктичка издржливост“ е одговор на таа потреба и „не претставува закана за никого“.
Од Париз, пак, доаѓа повик за активирање на „економската базука“ на ЕУ. Блиски соработници на францускиот претседател Емануел Макрон изјавија дека Франција бара од Европската унија да го активира Инструментот за борба против присила – механизам што би ѝ овозможил на ЕУ да одговори на економски закани, вклучително и ограничување на пристапот на САД до јавни набавки или трговија во сектори каде што американската страна има суфицит, ако Трамп не се откаже од најавените царини.
Регион
(Видео) Непалските работници во Хрватска штрајкуваат поради ниски плати и лоши услови
Неколку часа траеше прекинот на работата во складиштето за овошје на логистичко-дистрибутивниот центар на „Плодине“ кај Кукуљаново, откако непалските работници изразија незадоволство од условите, јави „Индекс“
Синдикатот NSRH информира дека странските работници, најмногу од Непал, реагирале на ниските плати, прекувремената работа и условите. Во објектот работат околу 100 странци и околу 70 домашни работници.
Синдикатот предупреди и на случајот со седуммина непалски работници кои по зачленување во синдикат биле изложени на притисоци и закани со губење на работен и престојувачки статус.
Штрајкот е прекинат откако им било ветено дека во понеделник ќе имаат средба со лице од повисоко раководно ниво.
Свет
(Видео) Пожар во трговски центар во Пакистан, 6 лица загинаа, 11 се повредени
Во голем пожар што зафати трговски центар во центарот на Карачи, најголемиот град во Пакистан, загинаа шест лица, а 11 се повредени, објави „Ројтерс“. Пожарот избувнал во саботата навечер во трговскиот центар „Гул Плаза“, по што брзо се проширил од приземјето кон горните катови и ја зафатил речиси целата зграда.
Противпожарните екипи интервенирале во текот на ноќта за да го спречат ширењето на огнот во густо населената деловна зона. Во меѓувреме, стотици луѓе се собрале околу објектот, меѓу нив и сопственици на уништени продавници.
#WATCH | A massive fire breaks out at Gul Plaza, a multi-storey shopping mall in central Karachi, killing at least three people and injuring more than 20.#GulPlaza #Karachi #Fire #Accident #Shoppingmall pic.twitter.com/PX7yvGMcUi
— The Federal (@TheFederal_News) January 18, 2026
Од цивилната болница во Карачи соопштија дека се примени шест тела и 11 повредени лица, а полицијата ги активирала протоколите за масовни катастрофи. Локалните медиуми јавуваат дека делови од зградата почнале да се уриваат и постои страв од целосно рушење на конструкцијата.

