Македонија
ИФЦ ќе и помага на Владата за хидроцентралите Чебрен и Галиште
Анализа и подобрување на тендерската документација и подготовка на тендерот за хидроцентралите Чебрен и Галиште преку преговори со заинтересираните компании.
Анализа и подобрување на тендерската документација и подготовка на тендерот за хидроцентралите Чебрен и Галиште преку преговори со заинтересираните компании.
Ова се двете фази од договорот за трансакциско-консултантски услуги што денеска Владата го потпиша со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) во врска со реализација на проектот за хидроцентралите.
“Станува збор за дел од една рамковна спогодба што ја потпишавме со ИФЦ, а чија цел е да се подобри квалитетот на тендерската постапка за овој капитален проект. ИФЦ ќе ја има улогата на посредник меѓу Владата и компаниите кои се пријавиле на тендерот за изградба на хидроцентралите“, рече вицепремиерот за економија, Владимир Пешевски.
Тој додаде дека проектот е еден од посериозните и по обем ги надминува и двете најголеми приватизации во земјава, онаа на Телеком и на ЕВН.
Претставникот на ИФЦ, Џовани Даниеле, истакна дека институцијата ќе има тешка и одговорна задача да и биде партнер на Владата во избор на најповолен понудувач за изградба на хидроцентралите.
“Станува збор за многу сериозен договор кој има за цел да се прецизираат сите аспекти на тендерската процедура. Целта е проектот да добие на квалитет со што би се зголемиле шансите за негова реализација“, рече министерот за економија Фатмир Бесими.
Добрата страна од договорот е што истиот е заснован на трошковна основа, односно ИФЦ го носи ризикот да ги покрие трошоците при евентуален неуспех од преговорите.
Владата како членка на ИФЦ со свој преставник во собранието на оваа меѓународна корпорација учествува со 20 проценти во договорот за консултантски услуги, што значи дека истиот ќе чини околу 100.000 евра.
Корпорацијата ИФЦ се базира на помошта што развиените земји треба да им ја дадат на помалку развиените. Формирана од Австрија, Италија Холандија, Норвешка, Швајцарија и САД, оваа институција досега има учествувано во повеќе проекти во Албанија, Бугарија, Црна Гора, Србија и Романија, а чија цел е развој на инфраструктурата во овие земји.
Договорот што денеска беше потпишан има краен рок до 31 март, но од Владата посочија дека е можно негово продолжување во зависност од динамиката на преговорите со компаниите.
Груба проценка е дека преговорите со заинтересираните понудувачи ќе траат од еден до шест месеци, со што инвеститорот на хидроцентралата би бил познат кон крајот на годинава, заврши Пешевски./крај/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

