Македонија
Слаб одѕив на прославата на Шаќири

Исклучително низок одѕив ја окарактеризира прославата, која што ја организираше Националната демократска унија на Хисни Шаќири по повод 12 август денот кога, според нив, Албанците го ослободиле Скопје.
Исклучително низок одѕив ја окарактеризира прославата, која што ја организираше Националната демократска унија на Хисни Шаќири по повод 12 август денот кога, според нив, Албанците го ослободиле Скопје.Организаторот на прославата дополнително ќе испитува дали ваквиот крах се должи на рамазанските пости, или на нешто друго.
„Направена е грешка, во врска со терминот. За прв пат овој датум се забележува како значаен. Луѓето немаат многу сознанија за овој датум, но другата година, кога ќе се одбележи овој датум ќе биде поорганизирано и посвечено“, изјави Хисни Шаќири.
Како што јави репортерот на Макфакс, прославата по 40 минутно задоцнување започна со интонирање на албанската химна, а на бината беа истакнати неколку албански знамиња и по едно знаме на САД и на НАТО.
Организаторите побараа, овој датум традиционално да се прославува, а побараа и да им се подигнат споменици на албанските патриоти, бидејќи според нив Скопје е заеднички мултиетнички град.
„Овој период кој е значаен не само за Албанците туку за сите народи на Балканот. Се знае дека 500 години ропство од страна на османлиската империја не беше само за Албанците“, рече Шаќири.Според него, целта на прославата е да се забележи овој датум, кој претставува дел од историјата на албанскиот народ.
Македонските и албанските историчари излегоа со различни тези предлогот 12 август да се одбележува како ден на ослободувањето на Скопје.
Според историчарите Албанци, албанските востаници го ослободиле Скопје од отоманско ропство, додека историчарите Македонци сметаат дека востаниците влегле во Скопје по повлекувањето на тогаш веќе ослабнатата отоманска империја. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тошковски: Партнерството со САД носи силна поддршка за реформи во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тшоковски денес оствари тет-а-тет средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер.
„Средбата ја потврди блиската соработка и заедничката посветеност за јакнење на институциите и модернизацијата на системот, како темел за поуспешно справување со криминалот и корупцијата“, соопштија од МВР.
„Партнерството со САД ни носи силна поддршка за нашите реформи во МВР насочени кон професионална и ефикасна полиција, која ќе овозможи зголемена безбедност, правда и доверба кај граѓаните.“, потенцираше министерот Тошковски.
Македонија
Општина Центар: Дератизацијата не е опасност за кучињата и мачките, да не се шират дезинформации

Општина Центар ги отфрла шпекулациите дека дератизацијата претставува опасност за животните.
„Ве информираме дека дератизацијата се спроведува редовно и исклучиво од стручни лица од Центарот за јавно здравје, со употреба на методи и средства кои се безбедни и не претставуваат закана за кучињата, мачките и другите домашни миленици. Апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на непроверени и неточни информации кои во јавноста се пласираат од одредени неквалификувани и нелиценцирани лица или организации. Ваквите дезинформации неосновано предизвикуваат страв и паника кај граѓаните и непотребно ја вознемируваат јавноста“, велат од Општината.
Македонија
СДСМ: Мицкоски пак манипулира, со инфлација од 4,8%, реалниот раст на БДП е -1,4%

Со инфлација од 4,8% повисока од растот на БДП, реалната економија оди надолу од -1.4%, а граѓаните тонат во сиромаштија, велат од СДСМ.
„Македонија е далеку од 4-та економија во Европа како што сака Мицкоски да прикаже. Неговите фалби немаат врска со реалноста. Граѓаните не живеат од статистички бројки туку од сопствениот џеб. А таму реалноста е сурова: повисоки цени, пониски приходи и намален квалитет на живот. Македонскиот БДП по жител, според куповната моќ, е само 42% од просекот на ЕУ, повисок просек од нашите граѓани има дури и земјите во регионот, Србија со 51%, Црна Гора со 53%“, се наведува во соопштението.
Од СДСМ велат дека странските инвестиции се преполовени на 221 милиони евра, од 573 милиони евра минатата година.