Македонија
ММФ подготвен да и помогне на Македонија
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) останува подготвен да и помогне на Македонија на начин кој и е од најголема корист, вклучувајќи техничка помош
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) останува подготвен да и помогне на Македонија на начин кој и е од најголема корист, вклучувајќи техничка помош, совет за политиките, како и финансиска поддршка.
Ова денеска во Скопје го изјави шефот на мисијата на ММФ за Македонија Вес МекГру, на крајот од еднонеделната посета на земјата, на заедничка конференција за новинари со министерот за финансии Трајко Славески и гувернерот на Народната банка Петар Гошев.
Министерот Славески уште еднаш повтори дека со претставниците на ММФ не разговарале за аранжман, но не ја исклучи можноста Македонија, во краен случај, да побара финансиска поддршка.
Претставникот на ММФ оцени дека економијата остро забавува по рапидниот растеж минатата година, што ќе доведе до намалување на годинешниот БДП и додаде дека предизвикот за Македонија годинава веројатно ќе биде платниот биланс.
МекГру оцени дека ребалансот на буџетот е чекор во вистинска насока и изрази очекување дека властите ќе преземат дополнителни мерки доколку проектираните приходи во буџетот потфрлат, а буџетскиот дефицит се зголеми над проектираните 2,8 насто.
Добредојдено случување е намалувањето на инфлацијата речиси на нула од ланските 8 проценти, рече МекГру, додавајќи дека ММФ е охрабрен од фактот што банкарскиот систем се покажува како релативно здрав.
Проекциите за растеж на македонската економија се различни. ММФ прогнозира намалување на БДП од два насто, Народната банка очекува пад од 0,4 насто, а Владата прогнозира растеж од еден процент.
МекГру, Славески и Гошев се согласија дека ниту една проекција не е 100 процентно точна поради големите промени на показателите и движењата во светската економија.
Министерот Славески рече дека оптимистичката проекција за растеж се должи на зголемувањето на цените на светските пазари на челикот, бакарот и на другите македонски извозни производи, како и со релаксацијата на притисоците врз девизниот пазар.
Според последната прогноза на ММФ Македонија годинава ќе оствари негативен раст од два насто, рекорден дефицит во буџетот од 5,9 насто БДП, дефицит во тековната сметка од 14,1 насто и пад на малопродажните цени од еден процент.
Македонија ќе повлече од ММФ 77 милиони евра, колку што изнесува квотата на земјата во таа финансиска институција./крај/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

