Македонија
МВР бара АР да го испита разузнавачот кој го пријавил нападот на Шекеринска
Министерството за внатрешни работи бара од Агенцијата за разузнавање (АР) да го провери разузнавачот кој што го пријавил нападот на Шекеринска, дали навистина работи во Агенцијата и дали имал службена наредба да го провери настанот
Ако се докажат овие наводи, МВР апелира да бидат преземени соодветни мерки за неговиот непрофесионален однос.„Доколку истиот не вршел службени задачи, туку во партиски цели ја злоупотребувал службената положба и овластувањата, МВР од Агенцијата бара негово најостро санкционирање, бидејќи е недозволиво политичкото инструментализирање на институциите најодговорни за националната безбедност“ пишува во дописот кој што МВР го испрати до Агенцијата за разузнавање.Инаку вво четвртокот министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска соопшти дека настанот кога беше нападната Шекеринска со шише од возило во движење бил пријавен од лице кое работело во Агенцијата за разузнавање кој се однесувал непристојно кон дежурниот полицаец.Според неа, неколку часа по пријавата во А1 телевизија, околу 1 часот во дежурниот центар во МВР се јавило лице кое се претставило како поранешен помошник во секторот за внатрешни работи Скопје инаку сега вработено во Агенција за разузнавање. Се обратил со зборовите „Дечките од кај Шекеринска ќе се јават да пријават настан, знаеш, читаше, слушаше, има на телевизија“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност
Времето денес ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. По одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност и пониска дневна температура. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 6 до 15 степени.
Во Скопје претежно облачно и тивко со појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 6 степени.
До петок ќе се задржи стабилно време со слаб, наместа умерен јужен ветер. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност и таму температурите ќе останат пониски. Во останатите места ќе биде релативно топло, особено на планините каде ќе има постепено топење на снежната покривка. Во петок попладне и во деновите од викендот ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса со северен ветер врнежите постепено ќе преминуваат во снег и во повисоките, а во недела и на пониските места.
Македонија
Градоначалникот Ѓорѓиевски и отец Оливер подготвија оброци за социјално загрозените семејства за Божиќ
Во духот на големиот христијански празник Божиќ, градоначалникот на општина Кисела Вода заедно со отец Оливер од хуманитарната организација „Свети Спас“ подготвија оброк за социјално загрозените семејства.
Градоначалникот упати искрени честитки до сите граѓани, истакнувајќи ја важноста на споделувањето и солидарноста, особено со оние на кои им е најпотребно.
-Честит Божиќ, Христос се роди! Најдобар начин да го славиме раѓањето на Христа нашиот Спасител е кога споделуваме со оние на кои најмногу им треба, тогаш знаеш дека си направил нешто добро. Денес, заедно со мојот тим, Хуманитарната организација ,,Свети Спас” и отец Оливер се потрудивме сите да имаат достоен и радосен Божиќ.
За Божиќ, почитувани, секое семејство заслужува богата трпеза, заслужува секој барем за миг и покрај сѐ, да знае дека не е сам и дека има некој кој мисли и на оние на кои ретко кој помислува. На тоа, нѐ учи нашата верба во Бог-рече градоначалникот.
Оваа акција овозможи на голем број семејства да го почувствуваат празничниот дух и да го прослават Божиќ со насмевка.
-Додека сум јас тука, ќе го давам максимумот од себе никој да не се почувствува сам. Ние се потрудивме денес да усреќиме голем број на семејства за кои судбината можеби не била на нивна страна. И ова е само капка во океанот од нашата мисија – да работиме на тоа да нема повеќе луѓе кои ќе имаат потреба од помош, туку да овозможиме нормални услови за живот.
Денес не го правам ова како градоначалник, туку како човек, како што нѐ учи верата и традицијата – да правиме добро за добро да ни се случува. Со малку, ќе изнудиме многу насмевки! Да бидеме луѓе помеѓу луѓето – честит Божиќ на сите! Слава на Бога во висините, на земјата мир, а меѓу луѓето добра волја- додаде тој.
Македонија
Сиљановска ја образложи одлуката за ветото, Мицкоски најави корекции: „Ќе биде прецизно формулирано“
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вели дека немала намера да употреби вето за да навреди некој јазик или нација, ниту, пак, се водела од партиски совети.
Таа рече дека за спорните членови 9 и 10 од Законот за заштита на децата ги информирала Владата и надлежните министри пред да го достави указот до Собранието и се водела од Уставот, Законот за македонски јазик и Законот за употреба на јазиците.
„Јас не сум законодавец, нема да предложам решение, не сум Уставен суд, значи нема да го оценувам преку ветото, само упатив повик уште еднаш да се разгледаат членовите 9 и 10 и да се размисли дали ваквиот начин на полагање и добивање на лиценца нема да внесе или да отвори простор за дискреционо овластување“, изјави Давкова одговарајќи на новинатско прашање, појаснувајќи дека во предложеното законско решение, формулацијата најмалку 20 проценти, не е како што е во Уставот и законите.
Давкова рече дека кога испитот се полага на албански јазик, не е спорно да се добие и лиценца на албански јазик, но во членовите има одредби што парламентарниот состав треба уште еднаш да ги прочита.
Од Владата претходно порачаа дека Законот за заштита на децата ќе биде доработен според забелешките на претседателката, па повторно вратен во собраниска процедура, а на прашањето денес се осврна и премиерот, Христијан Мицкоски.
„Како што сум информиран станува збор за член 9 и 10 од истиот закон, и тие два члена, така како што се формулиани се спротивни на Уставот и на Законот за јазиците. Мислам дека е формалност и рутина и ќе бидат коригирани во согласност со Уставот и Законот за јазиците, и вратени во парламентарна процедура. Очекувам успешно усвојување. За сите оние кои влегуваат во рамките на Законот за употреба на јазиците, станува збор за сите оние припадници кои се повеќе од 20 отсто, несмасно е сето тоа направено, тоа е една формулација која ќе се надмине наскоро. Се знае, службен јазик е македонскиот јазик, но сите оние во случајот Албанци кои ќе сакаат и ќе побараат на албански да биде формуларот за полагање на лиценцата, ќе биде тоа прецизно формулирано и согласно уставот и законот за јазици ќе го добијат тоа право“, рече Мицкоски.
Законот за заштита на децата е првиот закон за кој Сиљановска го употреби правото на вето и не го потпиша указот. Спорни според нејзе се одредбите од законот кои предвидуваат двојазични лиценци во градинките, бидејќи како што стои во забелешките „начинот на употреба на македонскиот јазик и јазикот кој го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните“ се веќе уредени со Закон.