Македонија
53 тони сол фрлени на градските сообраќајници

Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатава ноќ фрлија дополнителни 53 тони сол на градските сообраќајници поради спречување на појавата на голомразица на коловозите
Специјални возила со соларки и снежни плугови во текот на ноќта го поминаа градските сообраќајници, мостовите и клучките. Исто така, екипите на зимската служба интензивно работеа на расчистување на градските паркинзи. Во текот на денешниот ден, екипи на Град Скопје интензивно работат на расчистување на градските тротоари, тротоарите на мостовите и приодите кон јавните институции и здравствените установи. Во текот на денешниов ден Кризниот штаб ќе ја следи состојбата на теренот и ќе интервенира според потребите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Лефков: Сопругата на Апасиев фалсификувала биографија, кога лажат за тоа, за што сè ќе го лажат народот?

„Сопругата на Димитар Апасиев, која земала пари од владата на СДС, преку програмата Еразмус+, лажела за својот ангажман на настанот во Грција за кој земала пари“, вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Скандалозно е тоа што во својата биографија, Тамара Јованов Апасиева наведува дека на овој настан во Грција била „лектор и учесник“. Но официјалните документи кажуваат друго – била само учесник, а не и лектор.
Зошто сопругата на Апасиев имала потреба да лаже во својата биографија, и да си препише работи кои не ги правела?
Дали сопругата на Апасиев намерно пишала дека е лектор, за да земе повеќе средства или, пак, тоа го направила неосновано да ја збогати својата биографија?
Зошто сопругата на Апасиев лаже во својата биографија?
Димитар Апасиев кој се претставува за јак правник, треба да каже дали тоа што неговата сопруга лажела во својата биографија е фалсификат или измама?
Исто така, Димитар Апасиев како политичар, кој се бори за гласови треба да каже што се тој и неговата сопруга лажат, кога лажат за една биографија?
Како може народот да му верува на Апасиев, кој пред камери едно зборува, а зад камери трупал европски пари од СДС во џеб?“, прашува Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Владата на ДПМНЕ со иста фирма склучи ист мегаломански тендер како владата на СДСМ – 380.000 евра кампања за придобивките од ЕУ“, велат од партијата Левица

„Историјата се повторува, овојпат како фарса. Владата на ДПМНЕ реши да потроши над 23,3 милиони денари (околу 380.000 евра) за 45-дневна кампања со која на граѓаните ќе им објаснува колку е добро да бидеме дел од Европската Унија“, велат од партијата Левица.
„Истата оваа услуга пред неполни две години ја купи и владата на СДСМ – со исто времетраење, иста фирма, слична цена: 355.000 евра. Тогаш медиумите блиски до актуелната партија на власт критикуваа за вредноста на договорот, како и за сомнителноста и мистериозноста на компанијата „Вертиго-НМЕ ДОО“, која ја спроведуваше и сега повторно ќе ја спроведува кампањата.
Скандалот е уште поголем доколку се види тендерската документација. За оваа кампања стигнале две понуди: едната вредна 9.211.203 денари, а другата 19.799.919 денари без ДДВ. Владата на ДПМНЕ ја избра втората, односно двојно поскапата!
А додека властите се натпреваруваат кој ќе потроши повеќе за европски спотови, народот тоне во сиромаштија и преку СМС пораки лечи деца или собира донации за повредените од трагедијата во Кочани. Власта упорно троши милиони од народната каса за да продава пропаганда наместо да вложува во реалните потреби на народот и да овозможи нормални услови за живот кои нема да го тераат секој млад човек да си замине од државата.
Со вакви криминални тендери и расфрлање со јавни пари, единствената европска перспектива е дека уште долго ќе ја гледаме ЕУ на скапи билборди и телевизиски спотови“, се наведува во соопштението на партијата Левица.
Македонија
Инвестиции во централното ООУ „Гоце Делчев“ во општина Илинден

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски денеска го посети централното основно училиште „Гоце Делчев“ во Илинден, каде во изминатиот период направени се повеќе инвестиции се со цел подобрување на условите.
Градоначалникот Александар Георгиевски истакна дека училиштето е подготвено за новата учебна година при што во изминатиот период направени се доста инвестиции, со цел да се подобрат условите за учениците и спроведување на квалитетен воспитно образовен процес.
За таа цел, за подобрување на квалитетот на часовите и подобрување на образовниот процес, набавени се шест интерактивни (електрични) панели, извршена е целосна санација на подовите на горниот кат, извршена е целосна реконструкција на тоалетите. Исто така извршена е обнова и санација на училишната просторија така наречена медијатека, која се користи како просторија за медиумски клуб. Во надворешниот дел од училиштето извршено е хортикултурно уредување на просторот, известува Општината.
Градоначалникот Георгиевски додаде дека Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со инвестирање во опрема на сите училишта на нејзина територија, затоа што образованието е една од најважните алки во општеството.