Македонија
Американски и македонски војници на заеднички обуки
Можностите за заеднички обуки на припадниците на американската и македонската армија, како и за користење на полигонот Криволак биле во фокусот на денешната средба на генерал-потполковник Марк Хертлинг и генерал-мајор Горанчо Котески, одржана во Скопје.
Можностите за заеднички обуки на припадниците на американската и македонската армија, како и за користење на полигонот Криволак биле во фокусот на денешната средба на командантот на копнените сили на САД во Европа генерал-потполковник Марк Хертлинг и Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески, одржана во Скопје.
„Попладнево ќе имам можност да го посетам Криволак и да ги видам полигоните за обука во Македонија. На тој начин ќе имаме можност да извршуваме размена на силите за обука на полигоните за обука и во Македонија и во Германија, така што војниците ќе имаат можност заеднички да се обучуваат и да видат како тие заеднички функционираат“, рече Хертлинг.
„Она што го понудив е нашиот полигон во Криволак со неговите можности и капацитети да биде еден од полигоните за обука не само на единиците на земјите од регионот, туку и на декларираните едници кои се упатуваат во мировни мисии“, рече Котески.
За време на престојот во Македонија, генералот Хертлинг ќе го посети и воздухопловниот ВИНГ на АРМ, а предвидено е тој да ја посети Воената Академија ,,Михаило Апостолски“, каде пред питомците ќе одржи предавање на тема ,,Воена професија“. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Со робусно ‘извештајче’ Европа прати јасен сигнал дека владата е неспособна и антиевропска“, велат од СДСМ
„ВМРО-ДПМНЕ покажува ароганција зад која се крие неуспешен обид да го омаловажи Извештајот на ЕК затоа што е најреалниот доказ за неспособноста на владата на Мицкоски“, велат од СДСМ.
„ЕК дава јасни, детални и објективни оценки во кои е содржана најреалната слика за тоа каде ја доведе Македонија власта на Христијан Мицкоски: во застој, назадување и целосна институционална парализа.
Ова е најлошиот извештај за Македонија во последните десет години. Македонија нема напредок во ниту една област, реформите се блокирани, а владата нема волја, ниту капацитет да ја сработи работата што е во интерес на граѓаните и на државата.
Драстично е назадувањето во владеењето на правото и правдата, со оценка „единица“ во поглавјето 24, најлоша досега.
Судството е под политички притисоци, реформите се во застој, антикорупциските механизми не функционираат, јавната администрација е нефункционална, а 60% од законите се носат набрзина, без дебата и без транспарентност.
Во економијата и земјоделството има стагнација и слабости во јавните инвестиции, доцнења со поврат на ДДВ, а во образованието и младинските политики резултатите се поразителни, државата бележи пад и под просекот на ЕУ.
Дека реформите не се приторитет за власта покажува фактот што нема пари ниту предвиден буџет за спроведување на Планот за раст, што значи дека владата на Мицкоски нема капацитет.
Со робусно „извештајче“ Европа прати јасен сигнал дека владата е неспособна и антиевропска. ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори на прашањето: зошто државата назадува во секоја област“, прашува СДСМ преку писменото соопштение.
Македонија
Директорот на Царина за извештајот на ЕК: Нотиран висок напредок во областа Царинска унија
Високо ниво на напредок во областа Царинска унија со која раководи Царинска управа, е нотирано во извештајот на Европската комисија за напредокот на државата.
„Високото ниво на напредок, нотирано од Европската комисија, е уште еден цврст доказ дека Царинската управа спроведува значителни реформски мерки и политики коишто треба да овозможат забрзување на интеграцијата на нашата држава во единствениот пазар на ЕУ“, вели директорот на Царинска управа, Бобан Николовски.
Во извештајот на ЕК се нотира зголемената наплата на приходи на Царинската управа. Вкупните приходи во 2024 година се за 6,3 проценти повисоки споредбено со 2023 година, надминувајќи две милијарди евра.
Во делот на оперативни и административни капацитети се истакнува новата Стратегија за развој на Царинската управа 2025 – 2027, со особен акцент на воспоставениот сеопфатен разузнавачки систем.
Притоа во извештајот е забележан и зголемениот број на случаи на заплени.
Особено е потенциран напредокот во усогласување на ИКТ системите и нивно унапредување – новиот компјутеризиран транзитен систем фаза 5 кој е завршен и пуштен во употреба во јануари годинава, како и развој на системот за регистрација и идентификација на економските оператори ЕОРИ и унифицирано управување со корисници и дигитален потпис.
Во делот на законодавството, Комисијата нотира високо ниво на усогласеност на Царинското законодавство со правото на ЕУ. Ратификуван е Протоколот за елиминација на нелегалната трговија со тутунски производи од Рамковната конвенција на СЗО за контрола на тутун, при што како што подвлекува Комисијата, државата има важна обврска во борбата против царински измами, особено во спречување шверц на тутунски производи.
Во борбата со корупција, како еден од главните приоритети на Царинската управа, во извештајот е истакната усвоената Стратегија за интегритет и борба против корупција за периодот 2024-2027, која вклучува 22 таргетирани мерки за спречување корупција.
Во делот на заштита на правата од интелектуална сопственост особено се потенцирани резултатите на Царинската управа. Притоа Европската комисија наведува дека во 2024 година во 73 случаи запленети се 147.525 стоки поради сомневање за повреда на правата од интелектуална сопственост.
Во областа на добрососедски односи и регионална соработка во извештајот на ЕК е истакнат потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Царинските управи на Македонија и Црна Гора, чија цел е подобрување на ефикасноста на царинските контроли и спречување на царинска измама, како и забрзување на легалната трговија меѓу двете земји.
Македонија
АХВ заплени небезбедна храна со непознато потекло по спроведен вонреден инспекциски надзор
По добиена пријава, со интервенција од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонреден инспекциски надзор на возило во кое се превезувало храна со непознато потекло, на подрачјето во општина Чучер-Сандево.
При извршениот надзор пронајдени се 1.060 килограми кршени ореви и 581 килограми кикирики во зачинета обвивка, во рефус состојба, без идентификација и без потребни информации за потрошувачите. Во рамки на истата пратка со надзорот најдени се и 900 килограми индиски ореви, со декларација, извести АХВ.
„Бидејќи производите биле без соодветна документација за потекло и квалитет, согласно Законот за безбедност на храна, затекнатите количини се прогласени за небезбедни и истите ќе бидат нештетно уништени. Против лицето затекнато при контролата, поведена е прекршочна постапка за пуштање во промет на небезбедна храна, односно, заради пуштање во промет на храна од страна на нерегистриран оператор и немање на потребни информации за потрошувачите.
На сторителот изречена му е глоба од 600 евра во денарска противвредност“, соопштуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство и додаваат дека ќе продолжат со спроведување засилени контроли на терен, со цел спречување на пласман на небезбедна храна и заштита на здравјето на потрошувачите.
фото: принтскрин

