Македонија
Црквата „Св. Мина“ побарува 9,5 милиони евра од скопската епархија
Си ги бараме нашите 9,5 милиони евра вредни обврзници. Она за што со скопската епархија и се договоривме многу одамна. Ништо повеќе. Сакаме да ја реновираме нашата црква. Вака незадоволните верници од селската црква „Св. Мина“ во Сопиште го објаснуваат гневот кон скопската епархија на МПЦ-ОА.
Си ги бараме нашите 9,5 милиони евра вредни обврзници. Она за што со скопската епархија и се договоривме многу одамна. Ништо повеќе. Сакаме да ја реновираме нашата црква.
Вака незадоволните верници од селската црква „Св. Мина“ во Сопиште го објаснуваат гневот кон скопската епархија на МПЦ-ОА.
„Бараме итна средба со претставниците на скопската епархија на МПЦ-ОА“ изјавија денеска членовите на Црковниот и Иницијативниот одбор за доизградба на црквата „Св. Мина“ во село Сопиште. Со нив треба да разговараме за располагањето со денационализираниот имот на црквата.
Станува збор за денационализиран имот во корист на црквата „Св.Мина“. Дел од имотот е вратен во земјиште, а дел во обврзници (9,5 милиони државни обврзници со номинална вредност од едно евро). Целата постапка за враќање на имотот почнала во 2007 година на црковен-народен собор, кога е формиран и иницијативен одбор. Тричлениот одбор во 2008 година добива и благослов од Скопската епархија на МПЦ-ОА за водење на постапката. По нејзиното заокружување, одборот и епархијата во 2009-та година потпишуваат договор за меѓусебно разбирање. Меѓу другото, е предвидено и доизградба на селската црква.
Од иницијативниот одбор на „Св. Мина“ објаснуваат дека се до смртта на секретарот на епархијата, Коста Станоевски, тие имале увид во состојбата со обврзниците. По неговата смрт од епархијата не добивале никакви информации.
„Првично, имавме околу 9,5 милиони обврзници, а последната состојба, додека отец Коста беше жив, имаме извод за вкупно 9,4 милиони обврзници со номинална вредност од едно евро. Отецот Коста ни даваше информации како се движат средствата. Но, пред да почине му беше одземено правото за увид во Централниот депозитар, по што беше ополномоштен отецот Григорие. Со отец Григорие нема шанси да се разговара, а не пак да ни каже каде ги трошат парите“, изјави Богоја Златановски, претседател на Иницијативниот одбор на црквата „Св. Мина“.
Верниците на црквата од Сопиште бараат да седнат на заедничка маса со претставници на скопската епархија за да конечно се договорат за заедничко управување со денационализираниот имот.
„Ние имаме право врз тие средства, имаме договор за меѓусебна соработка и разбирање, каде што убаво стои кои делови припаѓаат на епархијата, а кои на црквата во Сопиште. Ние бараме да седнеме, да разговараме како две страни во спорот и да го разрешиме на најдобар можен начин за да граѓаните на Сопиште го видат плодот од оваа наша работа“, изјави Александар Ѓорѓевски, претставник на Црковниот одбор.
„Макфакс“ се обиде да стапи во контакт со одговорните за случајот во Скопската епархија на МПЦ-ОА, но никој од нив не одговори на нашите повици. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува
Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието.
На средбата треба да се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања.
СДСМ одби да учествува на средбата. Левица најави присуство, како и коалициските партнери во Владата – ЗНАМ и и ВРЕДИ.
Вчера попладне, своето присуство го потврди и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Претседателот на СДСМ Венко Филипче, ја одби поканата со образложение дека се против тоа во иднина да нема техничка влада која, како што образложи е гаранција за фер избори, а дека за реформските закони ќе гласаат во Собрание.

