Контакт

Вести

Исламската држава под притисок по офанзивите на Палмира и Мосул

Објавено пред

Радикалната сунитска организација Исламска држава се наоѓа под голем притисок откако во четвртокот пое покренати две големи офанзиви врз нејзините упоришта во сирискиот град Палмира и во ирачкиот град Мосул, три дена по нападите во Брисел за кои одговорноста ја презема оваа џихадистичка групација.

dobivaj vesti na viber

Обидувајќи се да го запрат сирискиот судир кој го поттикна јакнењето на Исламската држава која покажа дека е способна да изврши големи смртоносни терористички напади и во Европа, Русија и САД ветија дека ќе се заложат за носење побрзо политички решение по едномесечното примирје. Во швајцарска Женева, каде што заврши првиот круг од индиректните меѓусириски преговори меѓу владата и опозицијата, специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура, најави дека тие ќе продолжат околу 9-ти или 10-ти април.

Сириската армија која на теренот ја помагаат локалните милиции, шиитското либанско движење Хезболах, доброволци од Ирак и Иран, како и инструктори за специјалните сили од Иран и од Русија, а од воздух ја има поддршката на руската авијација, влезе во Палмира во четвртокот и во петокот веќе беа објавени првите снимките од градот од кој се потиснуваат борците на Исламската држава.

Сириската артилерија во четвртокот ноќта ги гранатирала џихадистичките позиции, додека пешадијата запре со напредувањето кое го продолжи во петокот утрото, поради опасноста од снајперистите кои се поставени во заседи. Русија објави дека извршила 146 воздушни удари во последните три дена врз терористичките позиции во оваа област којашто Исламската држава ја контролира од мај 2015 година.

Сириските владини единици кои на 7-ми март започнаа офанзива, влегоа во Палмира од југозапад, меѓутоа напредуваат „забавено поради мините“, кои ги поставија џихадистите изјави за AFP Рами Абделрахман, директор на опозициската Сириска опсерваторија за човекови порава (SOHR) со седиште во Лондон, кој се повикува на активисти на теренот.

Според податоците на SOHR, 40 џихадисти и осум владини војници загинале во последното деноноќие во Палмира, град стар повеќе од две илјади години кој е ставен на списокот на УНЕСКО на светското културно наследство, во кој Исламската држава веќе уништи голем број археолошки споменици.

Главната директорка на УНЕСКО, Ирина Бокова, изјавила дека нејзината организација е подготвена „штом безбедносните услови тоа ќе го дозволуваат, заедно со сириските челници за културно и археолошко наследство да излезат на терен и да ги проценат штетите и да ги заштитат непроценливите културни блага на Палмира“.

Од другата страна на границата, ирачката армија со поддршка на локалните милиции и воздушните удари на меѓународната коалиција предводена од САД, започна офанзива за ослободување на Мосул, вториот по големина град во Ирак, Заземањето на Мосул, коешто може според воените стратези да биде тешко, се смета за пресуден за ослободувањето на територијата којашто ја зазема Исламската држава во Ирак со ненадејната офанзива во пролетта 2014 година.

Мосул, и сириските градови Палмира и Рака, се најголемите градови во таканаречениот калифат кој во јуни 2014 година го прогласи челникот на Исламската држава, Абу Бакр ал-Багдади.

По повеќе од четири часа разговор на американскиот државен секретар Џон Кери во четвртокот во текот на неговата дводневна посета на Москва со рускиот претседател Владимир Путин на која присуствуваше и шефот на дипломатијата Сергеј Лавров, Русите и Американците се обврзаа дека ќе го искористат моменталното примирје меѓу владините сили и вооружената сунитска опозиција за да се обидат да пронајдат политичко решение за сирискиот конфликт.

„Согласни сме дека до август е неопходно да се одредат роковите за политичката транзиција и нацртот на сирискиот устав“, рече Кери по средбата. Лавров, пак, ја истакна важноста од „директните преговори меѓу владината делегација и целата низа сириски опозициски групации“/./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини...

Европа8 часа

(Видео) Запечатена резиденција на папата, во Ватикан владее седисвакација

Ватикан ја запечати официјалната резиденција на папата Франциско, симболично започнувајќи период на жалост. На снимката објавена од Ватикан се гледа...

Свет8 часа

(Видео) Какви беа последните денови на папата Франциско: „Изгледаше како да се збогува“

Во понеделникот точно напладне црковните ѕвона ширум Италија одекнаа во жалост. Почина папата Франциско. Не поминаа ни 24 часа откако...

Свет8 часа

Верниците ширум светот го оплакуваат папата

Членовите на Католичката црква, која има 1,4 милијарди верници, денеска тагуваат за смртта на 88-годишниот папа Франциско, фалејќи го како...

Европа8 часа

„Гробот нека биде едноставен, без украси, на плочата нека стои еден збор“: Ватикан го објави тестаментот на Папата

Папата Франциско во својот последен тестамент потврди дека сака да биде погребан во базиликата Света Марија Велика во Рим, наместо...

Европа8 часа

Ватикан: Папата почина од мозочен удар и срцево затајување

Ватикан објави дека папата Франциско починал од мозочен удар кој предизвикал кома и неповратно срцево затајување. „Смртта е констатирана со...

Европа14 часа

Шок и солзи во Ватикан: „Големиот папа нè напушти, уриваше бариери“

„Почина голем папа“, вели Фабио Малвеси, сè уште видно шокиран, како и многумина од верниците и туристите кои се собраа...

Македонија17 часа

Струмичко-скопскиот епарх монсињор д-р Киро Стојанов упати писмо по повод упокојувањето на папата

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов, на Светол Понеделник, 21 април 2025 година упати писмо до сите...

Европа19 часа

Светските лидери се збогуваа со папата: „Тој секогаш беше на страната на најранливите“

Реакции за смртта на папата Франциско доаѓаат од сите страни, а високи функционери од бројни земји се согласуваат дека „народниот...

Македонија19 часа

СДСМ бара оставка од Љутков „за хаосот во културата“

„СДСМ најостро реагира на катастрофалното раководење со културата од страна на министерот Зоран Љутков, кој остави над 3.000 културни работници...

Европа19 часа

Ватикан активира специјален режим по смртта на папата

По смртта на папата Франциско во понеделникот, во Ватикан настапи седисваканција – период без папа. Терминот седисваканција доаѓа од латинскиот...

Европа20 часа

Почина папата Франциско

Папата Франциско почина утринава на 89-годишна возраст, соопшти Ватикан. „Утринава во 7:35 часот, бискупот римски Франциско се врати во домот...

Македонија21 час

Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден, уништени 1 740 килограми небезбедна храна

Шестотини и седумнаесет вонредни контроли спроведоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пред велигденските празници. Кај 16...

Македонија21 час

„Дали молкот на СДС, Филипче и Заев е потврда дека тие поседуваат златни визи за Дубаи“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„СДС, Венко Филипче и Зоран Заев мудро молчат и немаат аргументи да реагираат, ниту пак ги демантираат нашите дилеми. Помина...

Европа22 часа

Предупредување за воздушни напади во Украина неколку часа по завршувањето на велигденскиот прекин на огнот

Ширум Украина рано утринава тревога за воздушни напади, само неколку часа по истекот на „велигденскиот прекин на огнот“. Украинските воздухопловни...

Свет22 часа

Кина: Цврсто ќе се спротивставиме на секој што ќе постигне договор на штета на Кина

Кина ги почитува сите страни кои ги решаваат економските и трговските спорови со САД преку консултации на еднаква основа, но...

Свет22 часа

Трамп: Се надевам на брз договор меѓу Украина и Русија, и двете држави можат да направат богатство

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева оти договор меѓу Русија и Украина ќе биде постигнат во неделата што...

Европа22 часа

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија во неделата дека го прекршила велигденскиот прекин на огнот повеќе од 2.000 пати,...

Македонија1 ден

Гаши демантира дека ја напушта коалицијата Вреди, останува лојален на гласачите

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, преку објава на Фејсбук ги демантираше информациите што се појавија во некои медиуми дека ја...

Скопје2 дена

Пет лица се повредени во сообраќајката кај „Градска болница“

Пет лица се повредени, од кои едно потешко, во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа во центарот на Скопје,...