Контакт

Вести

Папата го осуди нападот со 72 жртви во Пакистан, бара заштита на христијаните

Објавено пред

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, го осуди во понеделникот „грозниот“ нападот на исламските милитантит во Пакистан на самиот ден на католички Велигден во кој загинаа над 70 луѓе, главно христијани, и побара од пакистанските власт да ги заштитата верските малцинства во земјата.

dobivaj vesti na viber

Обраќајќи им се на илјадниците луѓе на Плоштадот свет Петар на првиот ден од Велигден, папата Франциск изјави дека Пакистан е „окрвавен од грозоморниот напад во кој е извршен колеж на голем број невини луѓе, од кои мнозинството се христијани“.

„Тоа е подло и безумно злосторство, Ги повикувам цивилните власти да сторат сé за повторно да се воспостави сигурноста и спокојството на населението, а особено припадниците на најранливите верски малцинства“, порача папата од прозорецот на Апостолската палата.

Самоубиствениот напад во Пакистан во кој се убиени најмалку 72 лица, главно жени и деца, фрли темна дамка врз празникот Велигден и со фанатична сила го погоди христијанското малцинство во оваа земја, реагираше во неделата вечерта Ватикан.

Во неделата навечер, во изјавата за медиумите, портпаролот на Светата столица, отец Федерико Ломбарди изјави дека папата Франциск е информиран за тој „ужасен масакр на повеќе десетици невини луѓе кој фрла тажна сенка на празникот Воскресение“.

„Уште еднаш убиствената омраза ги погоди најбеспомошните. Со Папата се молиме за ивите, мислиме на повредените, на семејствата на жртвите, припадниците на христијанските малцинства кои уште еднаш се на удар на фанатичното насилство, а целиот пакистански народ е погоден“, додаде Ломбарди.

Најмалку 72 лица ги загубија животите а повеќе од 300 се ранети во самоубиствениот бомбашки напад изведен во близина на игралиште за деца на паркиралиштето на излезот од паркот Ѓулшан ел-Икбал, градскиот парк во Лахоре, големиот град во североисточната пакистанска покраина Пенџаб, каде христијаните го прославувале католички Велигден.

Одговорноста за нападот ја презема екстремната талибанската фракција Џамаат-ул-Ахрар, која ѝ изрази лојалност на екстремната сунитска организација Исламска држава, која објави дека нападот е насочен врз пакистанското христијанско малцинство. Во Пакистан се проценува дека живеат околу два милиона христијани, или околу 2 отсто од населението на оваа мнозинска муслиманска земја со речиси 180 милиони жители од кои 96 отсто се муслимани, а 80 отсто го исповедаат традиционалниот облик на сунитскиот ислам./крај/мф/сн

Извор: AFP

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк. „Бараме помош од јавноста за идентификување на ова лице од...

Свет2 часа

ФБИ: Ја пронајдовме пушката со која беше затрелан Кирк, имаме и снимки и отпечатоци

Оружјето за кое се верува дека е употребено во вчерашното пукање врз Чарли Кирк е пронајдено, но осомничениот е сè...

Македонија3 часа

Забрана за движење на територија на депонијата „Вардариште“

Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, на денешната 7-ма седница, предложи до Владата, а...

Македонија3 часа

Вонреден инспекциски надзор на депонијата „Дрисла“

Во доцните попладневни часови, околу 15:15 часот, државниот Инспекторат за животна средина изврши вонреден инспекциски надзор поради пожар кој избувна...

Македонија4 часа

Воздухот мириса, но ве уверувам дека не е штетен на ниво што предизвикува здравствени проблеми, вели Алиу

Иако депонијата „Дрисла“ трет ден го полни Скопје со смрдеа на изгорена пластика и гума, министерот за здравство, Азир Алиу,...

Македонија4 часа

„Дрисла“ трет ден ги труе скопјани, Мицкоски со механизација од општествено одговорни компании ќе влезе на депонијата

За пожарот и чадот од депонијата „Дрисла“, кои трет ден ги трујат скопјани, премиерот Христијан Мицкоски вели дека има истрага,...

Македонија5 часа

Мицкоски се извини за Фетаи: Тој се труди да го учи и зборува македонскиот јазик, не го знае оти се иселил на шест години

Потпретседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, течно зборува четири странски јазици, а македонскиот сѐ уште го учи оти...

Македонија5 часа

(Видео) Филипче: Мицкоски призна, граѓаните се оставени сами, без мерки за високите цени и со најниски плати

„Жалам што вчера премиерот изјави дека нема да се интервенира во цените на производите, вклучувајќи ги и основните прехранбени продукти,“...

Македонија6 часа

Против три лица поднесено обвинение за депониите во „Вардариште“: ОЈО Скопје постапува и во други предмети за загaдување со отпад

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши истражната постапка и денеска поднесе обвинителен акт против три лица за...

Македонија6 часа

„Дрисла“ сѐ уште чади, агенција за обезбедување ја чува депонијата „Вардариште“

На депонијата „Дрисла“ сѐ уште има чадење, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, кој појасни дека депониите тешко се гаснат со...

Топ7 часа

Охриѓанец паднал од третиот кат на зградата во која престојувал

Вчера во 19:38 часот во СВР Охрид е пријавено дека К.Д.(53) од Охрид паднал од третиот кат од зградата каде...

Македонија7 часа

Сомнителни, незаконски и астрономски скапи набавки правело МНР за време на Бујар Османи, велат од „Вреди“

Сомнителни, незаконски и астрономски скапи набавки правел МНР за време на Бујар Османи, велат од „Вреди“. „Документите до кои дојдовме...

Свет8 часа

Последните зборови на Чарли Кирк пред атентатот: Куршум го погоди соработникот на Трамп додека зборуваше за насилство

Сѐ уште е во бегство осомничениот за атентатот на Чарли Кирк, младиот конзервативен активист, кој беше застрелан во вратот додека говореше...

Македонија9 часа

Дождот не помогна многу – чадот од „Дрисла“ и утрово не стивнува, затрупувањето продолжува

Дождот засега не помогна многу во гаснењето на пожарот на депонијата „Дрисла“, чиј чад што се чувствува во воздухот во...

Македонија10 часа

Шабан Салиу објави кандидатура за градоначалник на Шуто Оризари

Претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР),  Шабан Салиу, синоќа ја промовира својата кандидатура за градоначалник на општина Шуто Оризари....

Свет11 часа

Нападот во Катар не беше мудар потег, му рекол Трамп на Нетанјаху

Американскиот претседател Доналд Трамп му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека неговата одлука да изврши воздушни напади врз припадници...

Македонија11 часа

Локални избори: на полноќ завршува јавниот увид во Избирачкиот список

На полноќ завршува увидот во Избирачкиот список, којшто граѓаните од 23 август можат да го проверат и да поднесат барања...

Свет12 часа

(Видео) Расправија за време на минутата молк за Кирк во Претставничкиот дом

За време на минутата молк за Чарли Кирк во американскиот Претставнички дом избувна жестока расправија. „Ве молам, станете за момент...

Свет13 часа

Сојузникот на Трамп убиен во атентат, ФБИ приведе осомничен, па го пушти

Чaрли Кирк (31), влијателен десничарски активист, близок до американскиот претседател Доналд Трамп и извршен директор на организацијата Turning Point USA...

Македонија13 часа

Променливо облачно време, попладне со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови за изолирана...