Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ повторно фатен во офсајд ситуација

Како промашување во анализата од ВМРО-ДПМНЕ го окарактеризираа денешното тврдење од СДСМ дека владата има погрешен концепт и лоша реализација на економската политика.
Како промашување во анализата од ВМРО-ДПМНЕ го окарактеризираа денешното тврдење од СДСМ дека владата има погрешен концепт и лоша реализација на економската политика. Според нив, откако бил регистриран позитивен раст во вториот квартал во годината, СДСМ започнале да говорат за друга тема – дали растот во Македонија е помал од некои други земји. „И подпросечен економист како Зоран Јовановски би требало да знае дека основицата со која споредува, а тоа е 2009 година, во Македонија е многу повисока од соодветните основици во другите земји кои во 2009 остварија падови од 6 – 18%. За разлика од нив, македонската економија во 2009 оствари минимален пад од 0,7%.“, се вели во реакцијата на владејачката партија. Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека Македонија поефикасно се справила со штетите од кризата за разлика од повеќе европски земји, што според нив, било потврдено од повеќе европски политичари и светски финансиски институции. „Го прашуваме таканаречениот „експерт“ на СДСМ, Зоран Јовановски: дали е подобро во 2009 да остварите 18% пад, а потоа во 2010 да имате пораст од 6% (Како што е случај со многу европски земји), или е подобро како Македонија лани да имате пад од само 0,7% и оваа година пораст од 2%? Збирно за две години 2009 и 2010, другите европски земји ќе имаат пад од преку 10%, а Македонија пораст од 1,3%.“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Потпретседателот на СДСМ, Зоран Јовановски, денеска ја критикуваше економската политика на владата, што според него, се базира на погрешен концепт и лоша реализација. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ИЈЗ ги објави мерењата на радијација во воздухот: Нема отстапувања и покрај пожарот во Трубарево

Институтот за јавно здравје соопшти дека мерењата на радијацијата во воздухот, извршени од 7 до 14 септември 2025 година, покажуваат нормални вредности и нема никаква опасност за здравјето на граѓаните, и покрај загриженоста поради големиот пожар во скопската населба Трубарево.
Во Скопје, каде што работи една од автоматските мерни станици, просечните вредности изнесуваат 51 нано сиверт на час, што е рамки на природниот радијациски фон – природното зрачење што секогаш постои околу нас. Највисоката измерена вредност е регистрирана на 11 септември, кога бил забележан пик од околу 69 нано сиверти на час, но и ова отстапување е во рамки на природното и безбедно ниво. Денеска (14 септември) во 11:30 часот измерени се 50 нано сиверти на час.
Од ИЈЗ нагласуваат дека нема одстапувања од нормалните референтни вредности кои би укажале на зголемена радиоактивност или ризик по здравјето на граѓаните.
По насока на инспекторатот за животна средина и Министерството за здравство, на терен во близина на Трубарево се испратени обучени екипи кои земаат примероци од почва и вода за дополнителни анализи. Резултатите од тие анализи ќе бидат објавени јавно.
Институтот истакнува дека внимателно ја следи состојбата во координација со сите надлежни институции, а на граѓаните им препорачува да ги следат официјалните информации и упатства.
Македонија
Меџити во Трубарево: Поставена мерна станица која ќе биде на функција 24 часа

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска повторно беше на теренска посета на опожареното складиште во Трубарево, каде денес е поставена мерна станица, поставена да го провери квалитетот на воздухот во реално време.
Меџити, на чие барање е поставена мерната станица беше придружуван од директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, проф. д-р Дејан Мирковски.
Министерот Меџити во текот на посетата изврши увид во функционирањето на новоинсталираната мерна станица за квалитет на амбиентен воздух.
Посетата има за цел да го потенцира значењето на мониторингот на квалитетот на воздухот и унапредувањето на животната средина преку меѓуинституционална соработка.
Мерењата ќе се извршат секојдневно 24/7 за да се следи квалитетот на воздухот, и навремено информирање на јавноста, која ќе има можност да ги следи податоците во реално време.
Македонија
Онлајн настава една недела во четири училишта во Гази Баба поради пожарот во Трубарево

Министерството за образование и наука информира дека наставата во основните училишта „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“ во општина Гази Баба, од понеделник 15 септември до петок 19 септември ќе се реализира без физичко присуство на учениците во училиштата, туку онлајн.
Поради настанатиот пожар во Трубарево, општина Гази Баба и препораките на Државниот инспекторат за животна средина, на итна седница на Владата беше донесен Заклучок наставата во четирите основни училишта да се реализира преку далечинско учење, со примена на средства за електронска комуникација.
Министерството за образование и наука ги извести училиштата да ја организираат наставата согласно новонастанатите услови.