Свет
Сириската опозиција призна дека речиси сите убиени во Tремсех се борци
Опозициската Слободна сириска армија (ССА) соопшти дека речиси сите загинати во селото Тремсех во западната сириска провинција Хама, биле припадници на анти-владините вооружени групи, пренесува AFP.
„Според првичните информации, бројот на цивили убиени во бомбардирањето, не надминува повеќе од седум лица. Другите се припадници на Слободната сириска армија“, рекол за агенцијата припадник на ССА кој се претставил како Џафар.
Оваа информација во изјава за AFP ја потврдил и претставник на Сириската опсерваторија за човекови права (OSDH) со седиште во Лондон. чии информации западните медиуми ги сметаат за веродостојни, додека руското министерство за надворешни работи ја проблематизира валидноста на неговите информации изразувајќи сомнеж во компетентноста на првите луѓе на Опсерваторијата.
Слободната сириска армија беше формирана од пребегнати војници и дезертери, и се смета за вооружено крило на внатрешната сириска опозиција. ССА беше формирана минатата есен, а сега е под команда на поранешниот полковник на воздухопловните сили на Сирија, Ријад ал-Асад. Борбената моќ и бројноста на Слободната сириска армија не се познати.
Ноќта кон петокот претставници на различни сириски опозициски групи известија дека, како резултат на бомбардирањето на селото Тремсех од страна на владината армија на Сирија според различни процени загинале меѓу 100 и 220 цивили. Сириската државна агенција SANA, пак, соопшти дека во битката за контрола над селото загинале тројца војници. Одговорноста за масакрот државната сириска телевизија ја префрли врз „вооружените терористички групи“.
Во петокот, агенцијата SANA објави дека во „терористичките напади“ врз Тремсех загинале повеќе од 50 луѓе. Подоцна набљудувачи на мисијата на Обединетите нации во Сирија објавија дека борбата во селото продолжиле, со употреба на хеликоптери и тешко оружје./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

