Македонија
Роднините на загинатите во хеликоптерската несреќа најавуваат приватни тужби
Роднините мировниците кои загинаа пред скоро четири години на катлановско Блаце денеска се сретнаа со министерот за одбрана Фатмир Бесими и началникот на Генералштабот на АРМ генерал мајор Горанчо Котески.
Роднините мировниците кои загинаа пред скоро четири години на катлановско Блаце денеска се сретнаа со министерот за одбрана Фатмир Бесими и началникот на Генералштабот на АРМ генерал мајор Горанчо Котески.
Како што изјавија роднините на загинатиот Бране Стојановски, министерот и началникот рекле дека се уште го немаат добиено извештајот од Јавното обвинителство во кој единствената вина за падот на хеликоптерот се лоцира во необученоста на пилотите.
Роднините побарале командна одговорност, а надлежните им ветиле дека дека доколку се открие нешто, виновниците ќе се казнат.
Роднините на загинатите по новогодишните празници ќе поднесат приватни кривични тужби против извесни лица од војската, но не откриваат конкретно против кои лица.
Единаесетте македонски мировници загинаа на 12 јануари 2008 година на враќање од мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

