Македонија
СРД побара да се исклучат БОМ ТВ и K-15 Music, се појави вистинскиот сопственик

Советот за радиодифузија побара од кабелските оператори да ги исклучат БОМ и K-15 Music во рок од седум дена, се додека не ги регулираат авторските права со сопственикот.
Денеска во Советот за радиодифузија на состанок дојде Австралијанецот Џон Јеремиќ кој тврди дека тој е вистинскиот сопственик на Best of Macedonia(БOM) и K-15 Music и дека писмото кое го испрати Sydney Community TV (SCTV) до СРД е фалсификат.
Сега ќе се испитува кој емитувал програма во Македонија со логото на БОМ и К-15 Music.
Јеремиќ тврди дека компанијата TV Plus Broadcasting Company PTY Ltd го откупила комплетниот бизнис на United Broadcasting International (UBI World TV), каналите, корисниците, лиценците за радиодифузија, веб страниците на UBI, BOM, К-15 music, како и сите поврзани марки.
„Бевме информирани дека некои лица, коишто тврдат дека ја претставуваат Sydney Community TV (SCTV), тврделе дека ги имаат правата за BOM, K-15 music и MIS TV. Ова претставување и писмото коешто наводно го потпишала г-ѓа Милена Миковиќ е измама. Лицето коешто е наведено, г-ѓа Милена, не го потпишала ова писмо, ниту била овластена нејзиниот потпис да стои на него. Освен тоа, би сакал да Ве информирам дека на локалната компанија „ИНТВАУ“ ДООЕЛ ОХРИД и’ дадовме застапувачки, маркетинг и агенциски овластувања“ се вели во писмото.
„Гостинот кажа дека програмата што се емитувала во Македонија на БОМ не е идентична со онаа во Австралија. Со ова се исклучува било каква политичка поврзаност на СРД за овој случај. Побаравме да бидат исклучени БОМ и К-15 Music до моментот додека не ги регулираат авторските права“ изјави претседателот на СРД, Зоран Трајчевски кој претпладнево имаше средба со Јеремиќ.
Според најавите во јавноста на БОМ ТВ, требаше да почне да се емитува програма на А3, проект на новинарот Ацо Кабранов.
Од синоќа на телевизијата АБ не се емитува програма, на екранот пишува дека телевизијата се продава.
Сопственикот на телевизијата, Бојо Андревски им кажал на вработените дека нема да ја плаќа лиценцата за емитување на програмата. Андревски има рок до понеделник да плати околу 30-35 илјади евра. Доколку не плати СРД ќе му ја одземе дозволата./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Паркинг ќе се плаќа без пораки, јавен превоз без картички, музеј и жичарница без редици, Ѓорѓиевски претстави нова паметна картичка за Скопје

Актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, презентираше нова картичка со која сите услуги што ги нуди градот ќе бидат достапни на едно место. Проектот „Скопје сити гоу- паметна картична“ е наменет пред се на младите со цел Скопје да стане вистински модерен европски град што ќе нуди едноставни, практични и паметни решенија за сите граѓани.
„Ова е еден од проектите со кој особено се гордеам, Скопје сити гоу – паметна картичка со која сите услуги што ги нуди Градот ќе бидат достапни на едно место. Наместо десетици различни карти, апликации и плаќања, секој граѓанин ќе има една унифицирана и дигитална алатка. Јавен превоз – едноставен пристап без редици, готовина и посебни картички. За младите ова значи повеќе мобилност и слобода. Паркинг без пораки, автомати и губење време. Брзо и практично решение преку самата картичка. Културни и забавни содржини – музеите, кината, театрите, жичарата и зоолошката градина ќе бидат достапни преку едно средство“, најави Ѓорѓиевски.
Картичката „Скопје сити гоу“ Ѓорѓиевски вели дека ќе биде симбол и на социјална еднаквост.
„Средношколците, семејствата со ниски примања, пензионерите, невработените и лицата со попреченост ќе ја добијат бесплатно. За нив, услугите ќе бидат бесплатни или со драстично намалени цени. Никој нема да биде изоставен“, вели градонаалникот Ѓорѓиевски.
Картичката тој очекува да има вредност и надвор од јавниот сектор, одноно општествено одговорни компании ќе овозможат преку неа дополнителни услуги и поволности.
Предвидено е „Скопје сити гоу“ да биде достапна и како мобилна апликација, но и како физичка картичка за оние кои ја преферираат класичната форма, а секој, без разлика на возраста и технолошките навики, ќе може лесно да ја користи.
„Ова е визија за поинакво Скопје, град кој им штеди време и пари на своите жители, кој се грижи за младите и за ранливите категории, и кој ја користи технологијата за да им служи на луѓето. Со ’Скопје сити гоу’ започнуваме ново поглавје – модерно, дигитално и европско Скопје“, рече Ѓорѓиевски.
Македонија
Побаран притвор за четири лица во врска со пожарот во Трубарево

Скопското Обвинителство поведе постапка против четири лица поради сомнение за загрозување на животната средина и природата со отпад, во врска со пожарот што избувна во Трубарево, а за кои од судија на претходна постапка вечерва ќе побара определување мерка краткотраен 48-часовен притвор за обезбедување докази.
Станува збор за 56-годишен управител и сопственик на две фирми, 22-годишна управителка на трето правно лице, 42-годишен раководител на подружница и 59-годишен вработен во правно лице. Воедно се испитува потенцијалната одговорност и на други лица.
Во текот на денот јавниот обвинител издаде повеќе наредби за прибирање докази, по кои сè уште постапуваат надлежните органи. Се очекуваат и резултатите од мерењата на загадувањето што ги спроведува Министерството за животна средина.
Македонија
Се користи специјална пена врз песокта за да се доизгасне чадењето во Трубарево

Од опожарениот простор во Трубарево моментално има слабо чадење само од неколку места кои веќе се затрупани, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Како што истакна, врз песочната покривка се фрла специјална пена со цел целосно сопирање на чадењето и спречување на повторна појава на пожар.