Економија
Вложувајте во недвижности во Скопје
Македонската метропола е во врвот на листата европски градови во кои вложената инвестиција во станбен простор се враќа побрзо отколку во другите земји, односно за околу 10 години
Скопје е најисплатлив град во Европа за да купите стан или куќа наменети за издавање под кирија затоа што најбрзо ќе ја вратите инвестицијата. Македонската метропола е во врвот на листата европски градови во кои вложените пари во станбен простор се враќаат побрзо отколку во другите земји, односно за околу 10 години, покажува најновата анализа на Светскиот водич за имоти (Global property guide). Анализата е направена врз основа на споредување на просечните цени на наем и продажните на станбен простор од 120 квадратни метри. Така, во Скопје годишната наемнина за стан изнесува 9,91 отсто од неговата вкупна вредност, со што македонскиот главен град е на петто место на светската листа. Според анализата, најсиплатливо во светот е да се купи стан и да се издава по кирија во индонезискиот град Џакарта. Тамошниот пазар е оценет како спектакуларен, бидејќи годишните приходи од издавањето изнесуваат 12,34 отсто од вредноста на станот. Следат градот Лима во Перу, филипинскиот Манила и Панама Сити во Панама. Македонската метропола и лани се наоѓаше на петтото место, но тогаш беше второрангирана во Европа, зад украинскиот главен град Киев. Градовите од најбилското опкружување на Скопје се наоѓаат многу подолу. Така, Загреб е на 39 место, додека Љубљана на 44 позиција. Според експертите од Светскиот водич на имоти, во повеќето европски градови исплатливоста се движи од четири до пет отсто, што покажува дека се’ уште имотите на овој континет се преценети. Но, споредувајќи ги со минатогодишните податоци, забележливо е дека кај повеќето земји во светот се намалува процентот со кој годишната кирија влегува во вкупната вредност. Експертите тоа го објаснуваат како последица од економската криза, поради која паднаа цените на недвижностите.Во земјава тој процент на намалување е многу помал отколку кај другите земји. За споредба, во Џакарта за една година процентот на исплатливост се намалил за повеќе од два отсто, додека во Скопје само за 0,1 отсто.Како најмалку исплатливи земји за издавање имот, на дното на листата на Светскиот водич се наоѓаат островот Крит во Грција, Андора и Монако.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

