Свет
Тајванскиот премиер поднесе оставка
Премиерот на Тајван, Лиу Чао-шиуан денеска поднесол оставка за да ги олесни промените во Владата
Кабинетот бил подложен на остри критики заради бавната реакција на властите по тајфунот кој го погоди Тајван на 8 и 9 август.Претседателот Ма Јин-јеу ја прифатил оставката на Лиу. Тајфунот Моракот бил причина за загинувањето на 670 луѓе. Владата беше погодена од критики оти високиот број жртви е поради тоа што не биле навреме евакуирани луѓето од областите што ги погоди тајфунот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Данската влада размислува за зголемување на военото присуство на Гренланд
Данската влада предложи купување на два нови брода за истражување на Арктикот и зголемување на бројот на патроли со санки за кучиња за да го зајакне своето воено присуство на Гренланд.
Покрај тоа, владата предложи надградба на аеродромот во Кангерлусуак, поранешна американска воена база во западен Гренланд, за да можат таму да бидат распоредени борбени авиони Ф35, пренесува Ројтерс.
Данска веќе одвои 400 милиони долари за зајакнување на активностите за надзор и разузнавање во Арктикот и северните делови на Атлантскиот Океан со помош на дронови со долг дострел.
Претходно оваа недела, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека САД сакаат да ја преземат контролата врз територијата на Гренланд, која е дел од Данска.
Гренландскиот премиер Муте Егеде, кој се залага за нејзина независност, рече дека Гренланд мора да остане обединет, а истовремено ги повика Гренландците да не паничат.
Данска има ограничени воени капацитети на Гренланд, кои во моментов вклучуваат четири бродови, авион за набљудување и 12 патроли со санки од кучиња.
Традицијата на користење на санки за кучиња на Гренланд датира од Втората светска војна, кога патролата беше специјализирана единица на Кралската данска морнарица.
Свет
Мел Гибсон ја изгуби куќата во пожарот во близина на Лос Анџелес
Актерот Мел Гибсон откри дека неговиот дом е уништен во шумските пожари во Лос Анџелес. Во тоа време, тој беше во Тексас и го снимаше подкастот на Џо Роган. Рече дека неговиот имот во Малибу целосно изгорел и го критикуваше гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом за ситуацијата.
„Тоа е емотивно, се разбира. Моите работи беа таму, сега се во пепел“, изјави тој за News Nation. Тој вели дека му било многу непријатно за време на снимањето на целото интервју со Роган бидејќи му било лошо што бил таму додека му гори маалото.
„Се прашував дали мојата куќа сѐ уште е таму. Кога се вратив, се разбира, мојата куќа ја немаше“, додаде тој.
Актерот вели дека интензитетот на уништувањето целосно го шокирал.
„Целосно изгорено. Никогаш не сум видел такво нешто“, вели тој. Гибсон живеел таму 15 години. Откри дека изгореле и куќите на неговите соседи, вклучувајќи ја и онаа на актерот Ед Харис.
Пожарите го опколија Лос Анџелес. Официјалните лица потврдија најмалку 10 смртни случаи, но се стравува дека бројот на загинати ќе се зголеми. Десетици илјади луѓе беа евакуирани, околу 10.000 домови беа уништени, а штетата се проценува на десетици милијарди долари.
Свет
Судот смета дека Трамп е виновен за плаќањата кон порно актерката Даниелс, но нема да биде казнет
Судот во Њујорк пресуди во случајот на премолчена исплата на поранешниот и идниот претседател Трамп на порно актерката Сторми Даниелс. Судијата Хуан Мерчан безусловно го ослободи Трамп по сите 34 точки од обвинението. Тоа значи дека судот признава дека обвинетиот е технички виновен, но оценува дека во конкретниот случај не е потребна кривична санкција.
Безусловното ослободување значи дека Трамп нема да добие парична казна, условна или затворска казна.
„Ви посакувам се најдобро додека го преземете вториот мандат“, му рече судијата на Трамп.
Мерчан пред судот изјави дека безусловното ослободување е „единствената законска пресуда, без прекршување на највисоката должност во земјата“.
За време на судењето, Доналд Трамп седеше на иста маса опкружен со неговиот тим адвокати. Во првиот ред зад него обично имаше барем еден член на семејството и неколку републиканци кои доаѓаа да понудат поддршка.
Поранешниот и идниот претседател беше прогласен за виновен во мај по 34 точки од обвинението за фалсификување деловни досиеја и прикривање исплата од 130.000 долари на порно ѕвездата Даниелс во последните недели од неговата прва кампања во 2016 година.
Трамп е првиот поранешен претседател на САД кој е обвинет и првиот поранешен претседател кој е прогласен за виновен за кривично дело.