Економија
Почнува реконструкција на јавни здравствени установи
Реконструкцијата на 19 јавни здравствени установи во Македонија со помош на кредитот во вредност од 150 милиони евра кој го одобри Банката за развој при советот на Европа, ќе започне наредниот месец, најавија денеска во Скопје вице премиерот Зоран Ставрески и министерот за здравство Бујар Османи.
Реконструкцијата на 19 јавни здравствени установи во Македонија со помош на кредитот во вредност од 150 милиони евра кој го одобри Банката за развој при советот на Европа, ќе започне наредниот месец, најавија денеска во Скопје вице премиерот Зоран Ставрески и министерот за здравство Бујар Османи.
„Истиот проект ќе се реализира во три фази. Самото потпишување на договорот со банката е првата фаза во која е одобрен кредит од 23 милиони евра од нивна страна, а ќе има и наше учество од 23 милиони евра. Значи вкупно 46 милиони евра ќе изнесува првата фаза на проектот“ рече Ставрески.
Условите на кредитот како што рече Ставрески, се извонредно поволни. Имено средствата од Банката за развој при советот на Европа ги добиваме под најдобри можни услови а тоа е 20 години рок на отплата со пет години грејс период и варијабилна каматна стапка која што во моментов ќе изнесува 1,2 проценти на годишно ниво.
Ставрески додаде дека за неопходните подготовки за втората и за третата фаза веќе се обезбедени два милиони евра како грант од Фондот за инфраструктурни проекти на Европската комисија.
„Ова е уште една потврда дека Банката за развој при Советот на Европа целосно ги поддржува економските состојби во Македонија и реформите што се спроведуваат во одделни сектори, рече вицепремиерот Ставрески.
Министерот за здравство Бујар Османи на прес-конференција рече дека подготовките за реализација на проектот се веќе направени и дека се спроведени сите постапки за јавните набавки потребни за градежните зафати.
„Следната недела ќе се изберат и изведувачи, а градежните работи очекуваме да почнат во текот на следниот месец“ рече Османи.
Станува збор како што рече Османи, за историски зафат во здравството кој по повеќедецениско запоставување на здравствените објекти ќе овозможи значително подобрување на условите за третман на пациентите, како и за работа на медицинскиот персонал. /крај/ир/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

