Свет
Турција остро го осуди убиството на членови на „Флотата на слободата“
Турското министерство за надворешни работи остро ги осуди дејстувањето на израелските воени бродови врз меѓународната невладина хуманитарна флота која пренесува хуманитарна помош за населението од појасот Газа, откако израелската армија потврди дека загинале 19 лица
Труција ја карактеризираше акцијата на Израел како „непримерна“ побара официјално објаснување од Тел Авив, стои во специјалното соопштени на министерството за надворешни работи во Анкара.„Израел треба да биде санкциониран за последиците од неговот дејствување. Она што се случи е неприфатливо. Силно го осудуваме и итно бараме обајснување“, се вели во соопштението што го пренесуваат турските агенции.Во него се укажува и дека „со своте активности, насочени кон невиното цивилно население, Израел повторно јасно покажал дека не ги почитува човечките животи и мировните иницијативи“.„Акцијата што се случи во меѓународните води претставува флагрантно кршење на меѓународното право, што може да доведе до несогледиви последици меѓу двете држави“, се нагласува во соопштението на турската страна. Турската дипломатија изрази сочувство до семејствата и пријателите на жртвите на нападот и посака брзо закрепнување на жртвите. Текстот на оваа нота веднаш било предадено до израелскиот амбасадор во Анкара, Габи Леви, кој бил итно повикан во Министерството за надворешни работи.Утрово израелската армија го потврди загинувањето на околу десет членови на меѓународната флота кои учествуваат во доставувањето хуманитарна помош за блокираниот појас Газа. Според изралески претставници, во акцијата биле ранети и четири израелски војници од кои еден е во критична состојба.Во составот на „Флота на слободата“ се девет бродови, кои превезуваат околу десет тони хуманитарни прозиводи. Израелските командоси рано утринава од хеликоптер извршиле десант врз палубата од турскиот брод отворајќи оган врз граѓански лица“, соопшти рано утрово интернетскиот сајт на ова хуманитарно здружение. Според сознанијата на Форум на еден од бродовите има и најмалку еден македонски државјанин кој контактираше во неделата со редакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Научниците контра Трамп: Парацетамолот е безбеден за време на бременост
Употребата на парацетамол за време на бременоста – популарен аналгетик, познат под името Тајленол (Tylenol) во САД – е безбедна, објави група европски истражувачи откако ги анализираше најдобрите достапни научни докази. Истражувањето беше реакција на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој минатата година тврдеше дека лекот е поврзан со развој на аутизам кај децата.
Во текст објавен во саботниот број на британското стручно списание The Lancet Obstetrics, Gynecology & Women’s Health, истражувачите нагласуваат дека нивниот фокус бил на најквалитетните податоци, токму за да ги разјаснат спорните тврдења.
Главната авторка на студијата, професорката Асма Халил од Универзитетот Сент Џорџ во Лондон, изјави: „Парацетамолот е безбеден за употреба во бременост ако се користи според препораките.“
Таа додаде дека нема докази за причинско-последична врска помеѓу употребата на парацетамол и развој на аутизам, АДХД (пореметување на внимание и хиперактивност) или интелектуални нарушувања кај децата.
Изјавата на Трамп од септември 2025 година, во која тој ги советуваше бремените жени да не користат Тајленол, предизвика бурна реакција на медицинската заедница која неговите тврдења ги оцени како неосновани и штетни.
Парацетамолот е единствениот лек против болка кој се смета за безбеден во бременост, а лекарите и претходно препорачуваа да се користи во најмала можна доза и во најкус можен временски период – особено при висока температура, која може да биде ризична и за трудницата и за фетусот.
Истражувачкиот тим спроведе систематски преглед и мета-анализа на 43 достапни студии. Особено внимание посветиле на три големи истражувања што ги споредувале здравствените состојби на деца од иста мајка – во една бременост таа користела парацетамол, а во друга не. Така се земале предвид генетските и семејните фактори.
Резултатот: не е утврдена значајна поврзаност меѓу употребата на парацетамол и појавата на ниту едно од испитуваните нарушувања. Ова важи и по спојување на податоците од студиите со вкупно над еден милион деца.
Халил истакна дека многу од студиите на кои се повикувале претставниците на Трамп биле пристрасни или методолошки слаби, и дека не ги земале предвид збунувачките фактори.
Професорката Грејн Макаланан од Кингс колеџ во Лондон, која не учествувала во студијата, изјави дека резултатите се мошне уверливи и изрази надеж дека конечно ќе стави крај на недоразбирањата.
Свет
Стејт департментот со остра порака до Иран: „Одмаздата ќе биде многу, многу моќна“
Стејт департментот на САД реагира на изјавите на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, кој го нарече американскиот претседател Доналд Трамп „криминалец“.
Во пораката на Стејт департментот се наведува дека САД се свесни за можните планови на Исламската Република за напади врз американски бази и дека предупредуваат на жестока одмазда.
„Како што претседателот Трамп повеќепати потенцираше – сите опции се на маса. Ако режимот на Исламската Република нападне американска имот или интерес, ќе се соочи со сила што е многу, многу моќна. Ова го кажавме и претходно, го повторуваме: Не играјте си со претседателот Трамп“, стои во објавата на Стејт департментот.
Изјавата следи откако иранскиот лидер Хамнеи го нарече Трамп „криминалец“, обвинувајќи го за штета, клевети и жртви што, според него, им се нанесени на Иранците за време на протестите низ земјата.
Свет
Градоначалник од Јапонија ги нарекувал соработниците „идиоти“ и „човечки отпад“, јавно се извини откако градски службеник ги обелодени навредите
Градоначалникот на јапонскиот град Јокохама, Такехару Јаманaка, се извини откако беше обвинет за вербално малтретирање на соработниците, нарекувајќи ги „идиоти“ и „човечки отпад“, пренесе Би-Би-Си.
На прес-конференција, директорот на градската служба за човечки ресурси, Џун Кубота, изјави дека градоначалникот Јаманaка повеќепати користел навредливи изрази кон вработените, вклучително и кон него лично. Според Кубота, Јаманaка ги нарекувал службениците „бескорисни“, „глупави“ и „неквалитетни“, давал коментари за нивниот изглед и ги споредувал со животни.
Кубота го обвини и за закана, посочувајќи дека му било кажано дека треба да изврши „сепуку“ – ритуално самоубиство – доколку не успее да обезбеди кандидатура на градот за една меѓународна конференција. Тој побара јавно извинување и иницирање на истрага. Во Јапонија е исклучително невообичаено активен градски службеник да го обвини актуелниот градоначалник.
Првично, Јаманaка ги негираше обвинувањата на својата лична веб-страница, но подоцна јавно призна дека ги изговорил зборовите „идиот“ и „човечки отпад“, и се извини. „Искрено сакам да се извинам што го оптоварив директорот на човечки ресурси“, изјави тој.
Објасни дека изјавите биле дадени во контекст на разговори за оценување на вработените. „Ќе размислам за сè. Ќе внимавам повеќе на моите зборови и однесување“, додаде. Сепак, Јаманaка ги негираше обвинувањата дека давал коментари за изгледот на соработниците.
Најави дека се разгледува можноста за истрага која ќе ја надгледува заменик-градоначалникот, и рече дека искрено ќе соработува доколку биде спроведена.
Кубота, како реакција на извинувањето, изјави дека Јаманaка негира дел од изјавите кои навистина ги дал. „Градоначалникот ништо не разбира. Не можам да го прифатам ова како извинување. Сакам да се промени“, порача Кубота.

