Македонија
ВМРО-ДПМНЕ:Невработеноста во времето на СДСМ го достигна највисокото ниво
Невработеноста на 31декември 2011 кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт изнесува 31,2%, за разлика од ова невработеноста во 2006 година кога СДСМ беше на власт изнесуваше 37,9 проценти, а во 1998 година беше постигнато највисоко ниво на невработеност од 39 проценти.
Невработеноста на 31декември 2011 кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт изнесува 31,2%, за разлика од ова невработеноста во 2006 година кога СДСМ беше на власт изнесуваше 37,9 проценти, а во 1998 година беше постигнато највисоко ниво на невработеност од 39 проценти.Ова денеска го изјави министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, реплицирајќи на прес конференцијата на Цветанка Иванова од СДСМ која ја обвини партијата на власт дека во периодот јуни-октомври 2011 година избришала 47 илјади невработени.„Само во последната година 85.000 граѓани го игубиле статусот на невработени по 19 основи од законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, од кои само 8000 поднеле жалба. Тоа е доволен показател дека нема никако насилно бришење на бројката на невработени, како што тврди СДСМ“, рече Ристовски.Тој побара од СДСМ да престане да манипулира со судбината на социјалните случаи. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

