Македонија
За 49 отсто од граѓаните земјата се движи во погрешна насока
Речиси половина од македонските граѓани мислат дека Македонија се движи во погрешна насока, покажува последното истражување на Брима Галуп за перцепцијата на граѓаните.
Речиси половина од македонските граѓани мислат дека Македонија се движи во погрешна насока, покажува последното истражување на Брима Галуп за перцепцијата на граѓаните.На прашањето „Генерално земено, дали мислите дека работите во нашата земја се движат во правилна и погрешна насока“, 49 отсто сметаат дека насоката е погрешна, што е за 15 отсто помалку споредено со април. За 42 отсто работите се движат во правилна насока, што е зголемување за 14 отсто споредено со април. Според истражувањето една третина од граѓаните и дале средна оцена на владата.На прашањето „Која оценка би ја дале за севкупната работа на сегашната Влада употребувајќи ја скалата на оценување што се користи во училиштата во Македонија, каде што 1=незадоволително, а 5=одличен?“, 18 отсто дале незадоволителна оценка, исто толку биле задоволни, 33 отсто одговориле со добро, за 16 отсто владата работи многу добро, додека одлична оценка владата дала за 10 отсто. Просечната оценка на владата е 2,78. На прашањето „Гледано една година наназад, дали сметате дека економската ситуација во вашето домаќинство е подобра, скоро иста или полоша отколку пред една година?“, за 17 отсто ситуацијата е подобра, за 47 отсто е скоро иста, додека за 34 отсто е полоша.Истражувањето на Брима Галуп покажува дека 36 отсто од граѓаните сметаат дека нивната лична економска состојба во следната година ќе биде подобра, за 35 отсто ќе биде скоро иста, додека за 23 отсто ќе биде полоша.Резултатите од испитувањето покажуваат дека само два отсто од граѓаните можат да купат се што сакаат, 21 отсто можат да купат нешто повеќе од неопходното, а 54 отсто можат да го купат само неоппходното. 22% не можат да го купат дури ни неопходното.Истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок од 1163 полнолетни граѓани, во период од 1-ви до 7-ми септември. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Од понеделник 50 автобуси се вклучуваат во јавниот превоз
Од понеделник 50 автобуси се вклучуваат во јавниот превоз, а до Нова Година уште дополнителни 20, најави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„На мое големо задоволство, денес остварив средба со приватните превозници. Со добра координација и заедничка волја, за помалку од 48 часа откако ја преземав функцијата градоначалник на градот Скопје, успеавме да постигнеме договор кој значи конкретен чекор напред, а тоа е дека веќе од понеделник 55 автобуси повторно ќе сообраќаат низ скопските улици“, рече Ѓорѓиевски.
Најави дека до Нова година во системот ќе бидат вклучени уште 20 автобуси, со што, како што кажа, јавниот превоз ќе биде целосно нормализиран.
Ѓорѓиевски, исто така, најави дека до март следната година, во соработка со Владата и Министерството за транспорт, ќе бидат обезбедени уште 80 нови автобуси.
Македонија
Сè повеќе случаи со лажни сообраќајки, охридската полиција со апел до граѓаните да не наседнуваат
СВР Охрид ја известува јавноста дека деновиве, повторно зачестија случаи кога, засега непознати лица, преку телефонски јавувања на нивните фиксни или мобилни телефони, се обидуваат да ги измамат граѓаните, претставувајќи се како полициски инспектори.
Притоа, тие им кажуваат дека членови на нивните семејства направиле сообраќајни незгоди и дека треба итно да дадат пари за наводна помош при понатамошната постапка за членот на нивното семејство да не оди во затвор и да биде ослободен од кривичен прогон.
„Aпелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите телефонски јавувања и веднаш да ги пријават на телефонскиот број 112 или лично во најблиската полициска станица. СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расветлување и документирање на ваквите пријавени настани“, велат од СВР Охрид.
Македонија
Митески го доби мандатот за градоначалник: Аеродром ќе добие значајни проекти, кои ќе го подобрат квалитетот на животот
Дејан Митески денеска го прими уверението и официјално ја презема функцијата градоначалник на Општина Аеродром.
„Од овој момент започнуваме со работа – посветено и искрено. Нема време за чекање! Ќе бидам градоначалник кој слуша и е достапен за сите. Во следниот период Аеродром ќе добие значајни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на животот на сите жители – повеќе уреденост, зелени површини и подобра инфраструктура“, рече Митески.
Тој додаде дека Аеродром ќе биде општина за сите аеродромци – без разлика на партија, верување или припадност.

