Македонија
Васко Ѓурчиновски нов командант на полкот за специјални операции
Васко Ѓурчиновски, досегашниот аѓутант на претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов е новиот командант на полкот за специјални операции (пСО) на АРМ.
Примопредавањето на должноста се одржа во петок во касарната „Илинден“ во Скопје, а Ѓурчиновски ја прими должноста од досегашниот бригаден генерал Павле Арсоски.
На свеченоста присуствуваа министерот за одбрана Талат Џафери, заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, командантот на здружената оперативна команда (ЗОК) генерал-мајор Методија Величковски, претставници од министерството за одбрана и ГШ на АРМ, команданти на потчинетите команди и единици и други гости.
Во своето обраќање пред присутните, министерот Џафери честитајќи им ги новите должности на генералот Арсоски и полковникот Ѓурчиновски, го искажа задоволството што присуствува на свеченоста по повод примопредавањето на должноста командант на пСО, кој претставува конгломерат на се она што денес се врзува за АРМ, нагласувајќи ги професионализмот, вештините, дисциплината, мотивираноста и патриотизмот како атрибути кои ги красат припадниците на оваа единица.
Генералот Сејдини обраќајќи се на новиот командант на пСО порача дека е потребно да се продолжи со понатамошниот развој на обученоста и оспособеноста на пСО, како и одржување на рејтингот ,,секогаш најдобри“, а најдобра гаранција за тоа тој ги наведе стручноста, знаењето и военото образование на припадниците на единицата.
Досегашниот командант на пСО, бригадниот генерал Павле Арсоски истакна дека е привилегија да се раководи и командува со единица како што е пСО и дека секоја доделена задача се извршува максимално квалитетно, а на секој нов предизвик единицата одговара со уште повисоки перфоманси, нагласувајќи го изградениот професионализам.
Новиот командант на пСО, полковникот Васко Ѓурчиноски истакна дека времето, општествените услови и безбедносните предизвици не обврзуваат да продолжиме со целосна посветеност кон остварувањето на нашите национални интереси и дека нашето државно и воено раководство имаат целосна почит и доверба кон пСО како најелитна единица во АРМ, заради што треба безрезервно да ја оправдаме довербата на нашите претпоставени.
Досегашниот командант на пСО, бригадниот генерал Павле Арсоски со Указ на Претседателот на Република Македонија е поставен за командант на Првата механизирана пешадиска бригада во рамките на ЗОК. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Претежно облачно, попладне и кон крајот на денот повремен дожд
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
Магла на неколку патни правци, слаб снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег на Попова Шапка без задржување на коловоз. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100 метри, Стража до 80 метри и кај Крушево до 30 метри, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

