Свет
Во Пакистан во експлозија на две бомби 30 загинати

Во експлозија на две бомби на преполн пазар во градот Лахоре, најмалку триесет лица загинале а повредени се 35 луѓе
Функционер на пакистанската влада, Сајад Бута официјално потврдил дека во двете експлозии биел убиени најмалку триесетина а ранети 35 лица. Покраинскиот министер за правда, Сана Санаула изјавил дека бомбите најверојатно биле активирани со далечински управувач.Лахоре е втор по големина град во Пакистан, на границата со Индија, а минатите години неколкупати беше цел на напад на исламистичките милитанти.Експлозиите предизвикале пожар во една поголема продавница на пазарот. Меѓу загинатите, има многу жени и деца, изјавиле болнички извори за Associated Press. Началникот на полицијата на во покраината Пенџаб, Тарик Салем Догар изјавил дека бројката на повредени се движи околу стотина лица. Овие напади се случија откако во понеделник околу пладне бомбаш самоубиец во северозападниот град Пешавар пред судот активираше експлозив убивајќи десет лица. Исламистички милитанти последниве седмици извршија голем број крвави напади во Пакистан, како одмазда за офанзивата на војската во северозападната провинција Јужн Вазиристан, на границата со Авганистан, каде се силни упоришта на исламистичките бунтовници и талибаните кои се поврзани со терористичката Ал Каеда. Повеќето од нападите се извршени на места каде иам голема фреквенција на цивили, а насочени се и врз безбедносните сили, со цел да се предизвика запирање на офанзивата.Откако почна офанзивата на пакистанската армија, во терористичките акти настрада повеќе до 400 лица. Талибаните ја прифаќаат одговорноста за нападите врз пакистанските војници и полицајци, но не негираат своја вмешаност во нападите врз исклучиво цивилни цели. Пакистанските разузнавачи сметаат дека не постои сомневање дека нападите се дело на милитантите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Во Албанија активни се 14 пожари, горат големи површини

Албанскиот министер за одбрана Пиро Венгу потврди дека во земјата 14 пожари се уште се активни и зафаќаат големи површини.
Во објава на социјалните мрежи, наведува дека во гаснењето на неколкуте големи пожар на југот на земјата, освен противпожарни единици, армиски, полициски сили и доброволци, вклучени се и хрватски и шведски авион „Канадер“.
Венгу додава дека се очекува пристигнување на два хеликоптери од воздухопловните сили на Обединетите Арапски Емирати, уште еден „Канадер“ од Грција и два хеликоптери од европскиот механизам од Чешка и Словачка.
Свет
Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа, предупредува Советот за безбедност на ОН

Спроведувањето на израелскиот план за преземање контрола врз градот Газа на истоимената палестинска територија, каде што Израел војува речиси две години, се заканува да предизвика нова катастрофа што би се почувствувала во целиот регион, предупреди денеска високиот функционер на ОН Мирослав Јенча.
Јенча, заменик-генерален секретар на ОН за Европа, Централна Азија и Америка, на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН во врска со овој план изјави дека во Појасот Газа се одвива хуманитарна катастрофа од големи размери.
Тој рече дека преземањето контрола врз градот Газа може да предизвика нова катастрофа во целиот Појас, предизвикувајќи понатамошно присилно внатрешно раселување и убивање цивили.
Израелскиот план беше остро осуден од претставникот на Словенија во Советот за безбедност и поранешниот министер за надворешни работи, Самуел Жбогар.
Во говорот во име на Данска, Грција, Франција и Словенија, тој рече дека секој обид за анексија, проширување на воените операции и кршење на меѓународното право дополнително ќе ги изложи на опасност сите цивили во Газа, вклучувајќи ги и преостанатите Израелци, заложници на милитантното исламистичко движење Хамас.
Свет
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција

Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени е регистриран денеска во западна Турција во регионот Баликесир, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби при Министерството за внатрешни работи на Република Турција (АФАД).
Земјотресот е почувствуван и во Истанбул и низ целиот регион на Мармара и Егејот.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 11 километри, на 52 километри од градот Баликесир.