Македонија
Аџиев: Само засегнатите се против лустрацијата
Против лустрацијата се групираат одредени луѓе кои знаат дека со отворањето на процесот на лустрација ќе се чепне во нивните интереси, вели првиот лустратор Томе Аџиев во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
„И покрај тоа што двајца членови на комисијата се повлекоа, во најава беше и трет, меѓутоа ете гледам се пишмани, Комисијата сепак го има законски предвидениот кворум да работи и ќе работи согласно законот. Во законот е предвидено дека Комисијата може да одлучува доколку на седница присуствуваат најмалку седум члена, а со повлекувањето на двајца остануваат деветмина, доволно комисијата да работи. А и секако во минатиот период тие неколку пати заминуваа па се враќаа, додека не го добија главниот сигнал да заминат“ , истакнува Аџиев во врска со повлекувањето на членовите од Комисијата, предложени од СДСМ.
Во врска со кривичната пријава против него, поднесена од СДСМ, Аџиев вели дека тоа за него е смешно.
„Мене ми е прво жал. Јас сепак досега сметав дека сите политички партии, вклучувајќи ја и таа партија, имаат добри експерти од политика, од економија и особено од право. За да подготвиш кривична пријава против некого, сепак треба да имаш познавање од законот, од кривичниот законик, да видиш кои законски одредби се предвидени за кривичното дело злоупотреба на службената положба, кој услов јас би требало да го исполнам, да направам злоупотреба, да се стекнам со противправна имотна корист или да направам некоја имотна корист или штета. Значи тие работи треба да ги знаат, а вака се истрчува некој, а особено професор по право на Правниот факултет. Тоа е повеќе од смешно. Очигледно е дека веројатно имаат и недостиг на кадри. Инаку јас повеќе години работев како адвокат и знам што значи злоупотреба на службена положба и како некој треба да темпира кривична пријава за тоа дело. Тоа е едно од најтешките дела, а особено за претседател кој е само еднаков како и сите други членови што не презема ништо на своја рака. Сè што се носи во Комисијата, го носи комисијата“, изјави претседателот на Комисијата за лустрација Томе Аџиев во интервјуто за Радио Слободна Европа. /крај/мф/рсе
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

