Свет
Лукашенко води на изборите во Белорусија, според излезните анкети
Актуелниот белоруски претседател Александар Лукашенко е пред нова победа на претседателките избори, бидејќи излезните анкети покажуваат дека е во водство со 72,03 отсто од гласовите, а неговиот најблизок конкурент Андреј Саников има 6,33 отсто.
Како што изјавил шефот на аналитичкиот центар EKOOM, Сергеј Мусиенко, според податоците до 13 часот Александар Лукашенко е во водство со 72,03 отсто од гласовите, Григориј Костусев има 1,49, Алексеј Михалевич – 0,84, Владимир Нилјаев – 4,49, Јарослав Романчук – 3,36, Виталиј Риманишевскиј – 1,64, Андреј Саников – 6,33, Николај Саткевич – 1,6, Виктор Терештенко – 1,96 и Дмитриј Ус -. 0,47 . Можноста да се гласа против сите претседателски кандидати, пак, ја искористиле 5,75 отсто од гласачите.Истражувањето на изборот на гласачите било спроведено на сто избирачки места а биле анкетираните 4.431 лица. За да победи уште во првиот круг од претседателските избори, Лукашено траба да освои повеќе од 50 отсто од гласовите на избирачите коишто излегле на изборите. Во вториот круг, според белорускиот изборен закон, одат двајцата кандидати и со најмногу освоени гласови во првиот круг, а крајниот победник се утврдува со освојување на просто мнозинство од гласовите. Исто така, според законот, изборите се признаваат како регуларни, ако на нив излезат повеќе од 50 проценти од гласачите во избирачкиот список во Белорусија, во кој се запишани 7.095.000 гласачи. Како што објавила Централната изборна комисија на прес-конфренција, изборите се одржуваат без поголеми нарушувања. Првпат по повеќе години белоруската изборна комисија во недела наутро добила само еден приговор – за тоа дека на набљудувачите не им било дозволено да присустуваат на едно гласачкото место. Ова се четврти претседателски избори во Белорусија. На листата со кандидати за претседател има девет претенденти меѓу кои најголемиот фаворит е актуелниот претседател Александар Лукашенко, кој на чело на земјата дојде во 1994 г. а беше реизбран и во 2001 и во 2006 г. За лседење на претседателските избори во Белорусија има акредитирано 930 меѓународни изборни набљудувачи и околу 18 илајди домашни набљудувачи, а изборите ги покриваат повеќе од 600 странски новинари
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Вучиќ одржува контрамитинг во Јагодина
Александар Вучиќ одржува контрамитинг во Јагодина.
Како што пренесува РТС, тој на насобраните им рекол дека е свесен за тежината на моментот во кој се нашле.
На студентите им порача „книги, а не знамиња“ и ги покани да разговараат, како и да кажат кое од барањата не е исполнето за да се исполни.
Регион
Студент: Го блокиравме автобусот што одеше на собирот на Вучиќ, не растераа 60 полицајци
Студентите, кои повеќе од два месеци блокираа околу 60 факултети во Србија поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад, ги повикаа српските граѓани денеска да излезат на генерален штрајк.
Студентот Вељко Вучетиќ изјави дека толпата запрела автобус кој требало да оди на митинг организиран од српскиот претседател Александар Вучиќ и СНС во Јагодина.
„Не го запревме сообраќајот, туку еден автобус, стоевме таму 45 минути, дојде бригада со 60 полицајци и не растера под изговор дека го блокираат сообраќајот“, изјави студентот за Н1 Србија.
Тој додаде дека остануваат во Автокоманда „додека повторно не бидат растерани“.
„Ние стоиме овде без намера да си заминеме. Можам да им се заблагодарам на сите луѓе, студенти, граѓани, што го почитуваа генералниот штрајк, стојат покрај сите нас и постојано не поддржуваат“, кажа студентот.
Европа
Путин: Најдобро би било јас и Трамп да се сретнеме
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека тој и Доналд Трамп треба да се сретнат за да разговараат за војната во Украина и цените на енергијата, прашања што американскиот претседател ги истакна во првите пет дена од неговата нова администрација.
Путин, сепак, рече дека не може да има сериозни мировни преговори со Украина, освен ако Западот не се потпре на претседателот Володимир Зеленски за да го поништи декретот од 2022 година со кој се забрануваат преговори со рускиот лидер.
Путин го опиша Трамп, кој оваа недела и се закани на Русија со нови санкции и царини доколку не преговара за крај на војната, како паметен и прагматичен. Тој рече дека не очекува американскиот претседател да носи одлуки за санкции кои би влијаеле на американската економија.
„Затоа, најверојатно ќе биде подобро да се сретнеме, врз основа на денешната реалност, мирно да разговараме за сите оние области важни за САД и за Русија. Ние сме подготвени“, рече тој, додавајќи дека тоа зависи од изборот на американската страна.
Тоа беше најсилниот показател досега од Кремљ дека сака предвремен самит со Трамп по три години практично никаков контакт на високо ниво со западните лидери за војната во Украина.