Македонија
Коњановски во официјална посета на Германија
Македонскиот министерот за одбрана Зоран Коњановски од понеделник е во дводневна прва официјална посета на Германија на покана од германскиот колега Карл Теодор Фрајхер Гутенберг
Придонесот на Република Македонија кон регионалната и глобална стабилност и напредокот во одбранбените реформи, се темите за кои министерот за одбрана Зоран Коњановски ќе го информира домаќинот, германскиот министер за одбрана Фрајхер Гутенберг, а ќе бидат разменети и мислења за досегашните и идните заеднички напори на двете земји во рамки на операциите на НАТО и Европката унија. Како што информираат од минисерството за одбрана, Коњановски во Берлин ќе се сретне и со претседателот на комисијата за одбрана при германскиот Бундестаг, Сузане Кастнер и со членовите на парламентарната Комисија за одбрана. Во рамки на официјалната посета на Берлин, министерот за одбрана Коњановски ќе ја посети Оперативната команда на Вооружените сили на Германија во Потсдам, каде по средбата со командантот, ќе оствари и видео телекомуникациска врска со нашите мировници во Авганистан, кои се распоредени во рамки на германскиот контингент во ИСАФ. Посетата на министерот Коњановски на Берлин има исклучително значење за јакнењето на одбранбената соработка и пријателството помеѓу двете земји, како и за исполнувањето на стратегиската определба на Република Македонија за натамошниот придонес кон регионалната и глобалната безбедност и за станувањето дел од НАТО и ЕУ. Инаку, долгогодишна соработка во полето на одбранбените прашања помеѓу Македонија и Германија која се одвива преку редовни билатерални контакти, како и обука и едукација на наши воени кадри во СРГ, дополнително се потврдува со заедничкиот ангажман на двете армии во рамки на НАТО предводената операција ИСАФ во Авганистан, но и со претстојниот заеднички ангажман на двете земји во рамки на ЕУ Борбената група во втората половина на 2012 година. Придонесот на Република Македонија кон концептот на ЕУ Борбените групи, кој прв пат ќе биде имплементиран во рамки на ЕУ Борбената група 2012 што ја предводи Германија, а во која покрај Македонија ќе учествуваат и Австрија, Чешката Република, Хрватска и Ирска, ќе претстојат бројни заеднички подготвителни и вежбовни активности кои дополнително ќе придонесат за јакнењето на интероперативноста помеѓу двете армии и одбранбената соработка помеѓу двете земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Заев, Николовски, Груби, Филипче, Бајрами, Дончев и Рашковски посочени како пример за неказнивост
ВМРО-ДПМНЕ реагира дека нема да толерира незаконско постапување и девијантно однесување на поединци за кои постојат сомнежи дека ги прекршиле законските регулативи. Од партијата порачуваат дека Законот мора да важи еднакво за сите и дека секој фатен во корупција или криминал треба да понесе соодветна одговорност.
Во реакцијата се наведува дека државата не смее да се враќа во „мрачните времиња“, како што ги нарекуваат периодите кога, според нив, лица со основано сомнение или пресуди за криминал – меѓу кои ги посочуваат Заев, Љупчо Николовски, Груби, Филипче, Перпарим Бајрами, Ден Дончев и Рашковски – слободно се движеле без одговорност.
Од ВМРО-ДПМНЕ апелираат надлежните институции целосно да го истражат случајот и да постапат до крај согласно законските прописи.
Македонија
За девет месеци од наплата на патарините државата заработила над 58 милиони евра
Вкупните приходи од наплата на патарина за првите девет месеци од годинава изнесуваат 3.611.645.604, денари (58,725 милиони евра).
Во септември годинава прометот на наплатните станици изнесува 401.971.971 денар, а во летните месеци кога е највисока фрекфенцијата на возила, биле инкасирани 494.308.025 во август, 469.811.647 во јули и 399.325.680 денари во јуни годинава.
Најпрофитабилна е наплатната станица Романовце, а најниски се приходите на Кадрифаково.
Македонија
Најмногу дожд во изминатото деноноќие падна во Пожаране и Попова Шапка
Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврал во Пожаране и Попова Шапка, а најмалку во Штип и Кавадарци.
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во Пожаране и Попова Шапка наврнале 32 литри на метар квадратен, во Маврови Анови и Крушево 23, во Тетово 21, во Претор 20, во Лазарополе 14, во Гевгелија 11, во Битола, Тополчани и Скопје-Зајчев Рид 6, во Ѓуриште, Пожар-Радовиш 5, во Прилеп, Велес, Скопје-Петровец 4 и во Штип и Кавадарци еден литар на метар квадратен.
До вторник синоптичарите најавуваат променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Денеска наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), проследени со засилен ветер и појава на ретки грмежи.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.

