Македонија
Во летниот период во Охрид стапката на криминалитет поголема за 20 отсто
Во летниот период во Охрид, како туристичко место, интензитетот на движење на гостите е значително поголем отколку во останатиот дел од годината, па затоа поголем е и бројот на случаи на нарушувања на јавниот ред и мир и сторени кривични дела.
Ова, при посетата на СВР-Охрид во понеделник го истакна министерот за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, јави ОхридЊуз.
„Факт е дека во летниот период во Охрид стапката на криминалитет во просек расте за околу 20% што секако е резултат на поголемиот број луѓе присутни на ова подрачје. Но, добро е што најголем дел од прекршувањата на законите се расчистуваат, што е добра порака за граѓаните и туристите“, изјави Јанкулоска.
Таа додаде дека последните статистички податоци споредени со оние од минатите години се охрабрувачки.
„Ефикасноста е поголема, а бројот на регистрирани кривични дела е помал што зборува за добра реорганизација на полицијата која дава резултати“, рече министерката.
Денешната посета на Јанкулоска на СВР- Охрид е во рамки на активностите на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР – “отворени денови“ – на полициските станици за граѓаните.
Освен што оствари средба со челните луѓе на СВР- Охрид, министерката денес имаше можност да ги слушне прашањата и критиките на граѓаните, кои како што потенцира Јанкулоска, секогаш се добредојдени.
„Кога обемот на работа е голем може да се случат пропусти, но тука сме да ги сослушаме граѓаните и да направиме се пропустите да ги корегираме и во иднина да ги има колку е можно помалку. Тука сме поради граѓаните, како сервис до кој може да се обратат за сите нивни проблеми и потреби“, нагласи министерката Јанкулоска. /крај/оњ/тк/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

