Македонија
Сé уште важи забраната за камиони за Стража, укината за Маврово и Ѓавато
Сé уште на сила е забраната за движење на тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража, додека забраните на патниот правец Крак – Маврово – Дебар и плaнинскиот превој Ѓавато се укинати, информираат од АМСМ.
Според најновите информации од Јавното претпријатие „Македонија пат“, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива во зимски услови, по влажни коловози на повисоките места во западните и југозападните делови од државата, наместа со остатоци од кашест снег.
Дежурните екипи на „Македонија пат“ се на терен, редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци.
Се препорачува поголема внимателност на патните правци низ клисурите и засеците, каде што е можна е зачестена појава на поситни одрони, особено на патните правци Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово и Катланово – Велес, кои можат да го попречат движењето на возачите.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини во саботата е умерен, додека на граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Минусни температури утрово речиси во цела држава, најстудено во Берово
Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -7 степени, -6 било во Маврови Анови, Крива Паланка и Битола, -5 во Тетово, -4 во Скопје-Петровец, Попова Шапка, Крушево, Прилеп, Струмица и Штип, -3 во Скопје-Зајчев Рид, Претор и Виница, -2 во Охрид, -1 во Кавадарци, 0 во Велес и 4 во Гевгелија.
Висината на снежната покривка во 7 часот утрово изнесувала 30 сантиметри на Попова Шапка и 12 во Маврови Анови.
Времето денеска
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.
Во Скопје претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.
Македонија
„Во Северна Македонија се спроведува политика на културна нееднаквост, која систематски ја потиснува албанската културна продукција“, велат од ДУИ
„По молкот на институциите и одредени општествени актери во врска со реакцијата на ДУИ за очигледната дискриминација во распределбата на средствата за култура, принудени сме да се обратиме уште еднаш јавно до свеста на општеството. Наместо културната политика да служи како мост на поврзување меѓу различните заедници, во Северна Македонија се спроведува политика на културна нееднаквост, која систематски ја потиснува албанската културна продукција“, велат од ДУИ.
„Ова не е политички став – ова се официјални бројки од Министерството за култура.
Факти што не смеат да бидат игнорирани
Новата Годишна програма за култура за 2025 година открива екстремна нерамнотежа во распределбата на државните средства:
Театар и сценски уметности: Македонските проекти добиле 40 милиони денари, албанските помалку од 10%.
Музика и фестивали: Македонските проекти добиле 52 милиони денари, албанските само 7,5 милиони денари.
Издаваштво: Финансирани се 320 книги на македонски јазик со 39,5 милиони денари, додека само 60 книги на албански јазик добиле 6,6 милиони денари.
Визуелни уметности: Поддржани се 120 македонски проекти, наспроти само 16 албански, без значајни инвестиции за албанските уметнички институции.
Културна инфраструктура: Албанските културни институции остануваат без финансиска поддршка, што директно го загрозува нивното функционирање.
Ова не е случајност. Ова е системска политика на елиминирање на албанската култура од институционалната поддршка.
Дали ова е „држава еднаква за сите“?
Оваа состојба не може да се минимизира ниту да се игнорира. Културата е идентитет, културата е интеграција, културата е заедништво.
Ако институциите навистина веруваат во мултиетничка држава, тогаш треба да покажат дека државата подеднакво ја поддржува културата на сите нејзини граѓани.
Принципите на праведност и еднаквост во распределбата на државните фондови не се само прашање на култура – тие се тест за демократските вредности на земјата.
Јавен повик за корекција на оваа неправда.
Затоа, јавно бараме:
Министерството за култура да даде јасно образложение за критериумите за распределба на средствата и причините за ваквиот дисбаланс.
Итно преиспитување и корекција на Годишната програма за култура за 2025 година, за да се осигура дека сите заедници добиваат праведна поддршка.
Северна Македонија, како држава што стреми кон членство во Европската унија, мора да покаже дека може да обезбеди правичност, транспарентност и еднаков третман за сите заедници. Во спротивно, не зборуваме за европски вредности, туку за институционализирана дискриминација. Молкот не е одговор. Молкот е одобрување“, се наведува во соопштението на ДУИ.
Македонија
Без струја делови од неколку скопски општини
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, соопшти дека денеска поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија ќе останат:
· Од 10:30 до 14:30 часот, дел корисниците од с.Горно Нерези (Карпош);
· Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците Ул. Чаирска од бр. 40 до бр. 90, ул Цветан Димов од бр. 4 до бр. 20 (општина Чаир);
· Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците дел од потрошувачите околу манастир св.Илија – Чардак и Етновила Весница (општина Чучер Сандево);
· Од 07:30 до 16:00 часот, корисниците ПВ Метало Солар, Фабрика ИЦЕМАК, Дел од ул.1, над маркет Давидов, до кружен тек (општина Аеродром).