Свет
Десет јеменски војници убиени во заседа на Ал Каеда

Десет јеменски војници се убиени на југ од земјата, откако паднале во заседа на борци блиски на меѓународната терористичка мрежа Ал Каеда, јавува AFP во четвртокот, цитирајќи извор од командата на армијата на Јемен
Според изворот, милитантите во средата вечерта стрелале врз возилото со кое се превезувале војниците кои патувале кон селото Ал-Лодер во провинцијата Абијан. Сите војници загинале, а возачот кој успеал да преживее бил хоспитализиран во Ал-Лодер.Ал-Лодер се наоѓа во близина на градот Зиндџибар, административниот центар на провинцијата Абијан. Милитантната групација на Ак Каеда која себеси се нарекува „шеријатски герилци“ повеќе од еден месец го држи под контрола Зиндџибар.Јеменската армија сé уште не може да ја поврати контролата над Зиндџибар, и покрај честите воздушни напади и артилериски бомбардирања во кои загинаа десетици бунтовници:.Претходно во средата во битката за Зинџибар, загинаа повеќе од десетина припадници на безбедносните сили на Јемен, а меѓу нив и локалниот началник.Јеменската ќелија на Ал-Каеда, позната како Ал Каеда во Арабискиот полуостров, е една од најактивните терористички групи во регионот и светот. Во ноември 2010 година, нејзините водачи ја преземаа одговорноста за несреќата на карго авионот во Обединетите арапски емирати, и за експлозивните направи во поштенски пратки пронајдени во магацини на аеродромите во близина на Лондон и крај Дубаи.Последниве неколку месеци, борбата против милитантите во Јемен се комплицираше поради политичка нестабилност во земјата, откако почнувајќи од февруари се одржуваат анти-владините демонстрации со кои се бара оставка од претседателот Али Абдула Салех. Според западните медиуми, во текот на немирите во земјата загинале неколку стотици луѓе.Претседателот Салех, кој во почетокот на јуни во напад претседателскиот резиденцијален комплекс беше ранет од шрапнели, сé уште се наоѓа на лекување во соседна Саудиска Арабија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Украина потврди напад врз најголемиот руски нафтен терминал на Балтикот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека специјалните единици на украинската служба за безбедност (СБУ) нанеле значителна штета на најголемиот руски нафтен терминал на Балтичкото Море во Приморск.
„Најефикасните санкции се пожарите во руските рафинерии и терминали. Го ограничивме рускиот нафтен сектор, а со тоа и нивната воена машина“, изјави Зеленски во своето вечерно обраќање.
Зеленски се заблагодари на украинските специјални сили за „одлично завршената работа“ и најави натамошно јакнење на домашното производство на оружје.
Нападот, кој се случи на 12 септември, резултираше со пожар во нафтенoто пристаниште Приморск, а според медиумските извештаи, оштетени се и два руски танкери.
Регион
Невреме ја зафати Србија, два авиони кружат на небото чекајќи подобри услови за слетување

Силна бура со грмотевици го погоди Белград, поради што два авиона не можат да слетаат веќе некое време. Станува збор за летови од Виена и Анкара, а овие два авиона кружат над Смедерево.
Бурата придружена со грмотевици и дождови ја погоди цела Србија, а потоа и Белград. Црни облаци се надвиснаа над главниот град. Републичкиот хидрометеоролошки завод предупредува дека се очекува силен град и бурни ветрови, пишува „Телеграф“.
Србија е под влијание на циклони и студени фронтови, кои носат посилна промена на времето, со дожд и грмежи.
Свет
Катар: Ќе продолжиме да се бориме за мир и покрај израелското дивјаштво

Катар остро го осуди најновиот израелски напад во Доха, при што загинаа шест лица, меѓу нив и катарски безбедносен функционер, но истовремено вети дека нема да се повлече од посредничките напори за прекин на војната во Газа.
„Израелското дивјачко однесување нема да нѐ поколеба да ги продолжиме искрените напори заедно со Египет и Соединетите Држави за ставање крај на овој војна“, изјави катарскиот премиер и министер за надворешни работи Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани на состанокот на високи дипломати од арапските и исламските земји во Доха.
Ал Тани предупреди дека нападот може да ги поткопа преговорите за примирје и ослободување на заложниците, кои со месеци се во ќор-сокак.
Во неделата во Доха се собраа министрите за надворешни работи на Арапската лига и Организацијата за исламска соработка (ОИС) во пресрет на итниот самит што ќе се одржи во понеделник. Целта е усогласување заеднички став околу израелскиот напад врз Катар, кој предизвика глобална осуда и дури ретки критики од американскиот претседател Доналд Трамп.
„Овој самит ја отсликува пошироката арапска и исламска солидарност со Катар во соочувањето со израелската кукавичка агресија“, изјави портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Маџид ал-Ансари.
Според катарските медиуми, лидерите на самитот ќе разгледуваат неколку можности – од недвосмислена осуда на нападот и координиран дипломатски притисок врз Израел на меѓународните форуми, па сè до економски мерки што би можеле да прераснат и во бојкот.
Израел, според официјалните извори, целел врз лидерите на Хамас во егзил. Меѓу жртвите е и синот на Халил ал-Хаја, една од највлијателните личности на Хамас во странство, како и неговиот началник на штаб.
Хамас соопшти дека врвното раководство го преживеало обидот за атентат, но нападот остави сериозни последици врз регионалните дипломатски иницијативи и дополнително ја заостри кризата околу војната во Газа.