Свет
Судот ја забрани екстремистичката работничка партија во Чешка
Највисокиот управен суд во Чешка денеска ја забрани активноста на маргиналната националистичка Работничка партија и нареди истата да биде распуштена.
Највисокиот управен суд во Чешка денеска ја забрани активноста на маргиналната националистичка Работничка партија и нареди истата да биде распуштена.
Судот наведе дека причина за распуштање на неонацистичката партија е фактот дека ја загрозува демократијата во Чешка.
„Програмата на Работничката партија е полна со ксенофобија, шовинизам, хомофобија и расизам“, заклучи чешкиот суд кој нагласи дека партијата шири гласини дека странските државјани претставуваат опасност за граѓаните на Чешка.
Судот заклучил дека оваа партија е заснована на национал-социјалистичката идеологија на Хитлер и е тесно поврзана српските и руските неонацисти.
Во изминатите неколку години Работничката партија организираше насилни анти-ромски маршови низ ромските населби во северна Чешка кои секојпат преминуваа во нереди и крвави судири со полицијата.
Обвинителот во овој процес беше Томас Сокол, еден од најпознатие адвокати во Чешка. Тој на судењето изјавил дека сите протести кои ги организирала оваа партија биле исклучително насилни и додал дека нејзините припадници постојано ги навредуваат граѓаните врз основа на нивната етничка припадност и сексуална ориентација.
Лидерот на партијата Томас Вандас ги отфрли сите обвиненија за екстремизам обвинувајќи ја чешката влада дека се плаши од конкуренција. Тој додаде дека партијата повторно ќе се регистрира по друго име и ќе продолжи да се бори за своите идеали./крај/бт/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Не е вистина дека сопругата на Асад побарала развод, велат од Кремљ
Кремљ денеска ги демантира информациите во турските медиуми дека Асма ал-Асад, сопругата на поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад, која има британско потекло, сака да се разведе и да ја напушти Русија.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, исто така ги отфрли извештаите на турските медиуми, кои сугерираат дека Асад е задржан во Москва и дека неговиот имот е замрзнат.
„Не, тие не соодветствуваат на реалноста“, одговори тој на прашањето за време на конференциска врска дали наводите се вистинити.
Турските и арапските медиуми вчера објавија дека Асма ал-Асад поднела барање за развод во Русија, каде што семејството Асад доби азил овој месец откога бунтовниците ја презедоа контролата врз Дамаск.
Свет
Руската разузнавачка служба предупредува дека претседателката на Молдавија се подготвува за војна
Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) предупреди дека молдавската претседателка Маја Санду подготвува план за воена операција во Приднестровје наведувајќи дека никој не може да гарантира дека таа нема да се обиде да почне вооружен конфликт.
Во пораката испратена од СВР до агенцијата ТАСС се наведува дека претседателката на Молдавија неодамна одржала состанок со молдавската влада за прашања од енергетската безбедност, но средбата завршила со тоа што Санду укажала на потребата од развој на план за воена операција, која има цел воспоставување контрола над Приднестровје и елиминирање на руското присуство во регионот.
„Никој не може да гарантира дека претседателката на Молдавија нема навистина да се обиде да почне вистинска војна во регионот“, нагласува СВР во пораката до агенцијата ТАСС.
Свет
Oрбан: ЕУ ја изгуби војната во Украина
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека ЕУ ја изгубила војната во Украина.
Орбан во интервју за „М1“ рече дека мирот во Украина е на дофат и дека ќе почне нов свет со инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп на 20 јануари.
„Русите беа спремни да се согласат со божиќното примирје што го предложив пред неколку дена, а Украинците сè уште не, но православниот Божиќ сè уште не пристигнал“, рече Орбан.
Според него, ситуацијата во Украина е јасна – Русите напредуваат, а ЕУ ја загуби војната.
Орбан оценува дека Европа ќе плати висока цена бидејќи, како што наведе, не ја прифаќа новата реалност што се појави по победата на Трамп на изборите, објави унгарскиот портал „Инфостарт“.
Меѓу 27-те членки на ЕУ, Унгарија и Словачка отворено се залагаат за мировни преговори за Украина.