Свет
Во бомбашки напад на одбојкарско игралиште во Пакистан, 32 убиени

Најмалку 32 лица се убиени а 70 се ранетои во самоубиствен бомбашки напад на одбојкарско игралиште во текот на мечот меѓу екипи од соседни села на северозапад од Пакистан
Нападот се случил во селото Шах Хасан Кану, во округот Бану, во близина на границата со Авганситан, каде пакситанската армија спроведува офанзива против талибаните и групите поврзани со Ал Каеда.„Првите информации зборуваат дека станува збор за самоубиствен напад,“, изјавил полицскиот началник на округот, Мохамад Ајуб Кан.„Засега иамме 32 загинати и повеќе од 70 ранети“, изјавил друг полициски службеник, Набубула Кан.Досега ниедна група не ја резела одговонроста за нападот, но тоа е вообичаено кога станува збор за голем број убиени цивили.„Оваа област е центар на милитантите. Владините и локалните институции формираа милиција која ги протера од областа. Овој напад се чини дека е одмазда за нивното протерување“, додал шефот на локалната полиција Ајуб Кан за новинарите.Тој додал дека бомбашот возел возило во кое имало околу 250 килограми експлозив со висок интензитет. Од силината на експлозијата биле уранти и неколку куќи во близина на игралиштето, па властите страхуваат дека под урнатините може да има десетина заробени луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Голем прекин на струјата во Шпанија и во Португалија денес, не работат семафорите, метро-станиците, без струја се и главните градови

Голем прекин на електричната енергија е пријавен во Шпанија и во Португалија денес, вклучувајќи ги и нивните главни градови, јавуваат шпанските медиуми.
Шпанскиот оператор „Ределектра“ изјави дека е погоден Пиринејскиот Полуостров и дека инцидентот се проценува.
Од таму велат дека вакви широки прекини во снабдувањето со струја се многу ретки на полуостровот.
Земјите имаат комбинирано население од над 50 милиони луѓе, но сè уште не е јасно колку луѓе се погодени со прекинот.
Шпанскиот јавен радиодифузер РТВЕ изјави дека голем прекин на електричната енергија погодил неколку региони во земјата околу 12.30 часот по локално време, оставајќи ги редакцијата, шпанскиот парламент во Мадрид и метро-станиците во целата земја во темница. Изгасени се и семафорите, па граѓаните пријавуваат и проблеми во сообраќајот.
Во Португалија, земја со речиси 10,6 милиони луѓе, прекинот ги погоди главниот град Лисабон и околните области, како и северните и јужните делови на земјата.
Португалскиот дистрибутер „Е-редес“ изјави дека прекинот се должи на проблем со европскиот систем за електрична енергија, според португалскиот весник „Експресо“.
Компанијата изјави дека е принудена да ја намали струјата во одредени области за да ја стабилизира мрежата, според „Експресо“.
„Е-редес“ изјави дека делови од Франција исто така биле погодени.
Не беше можно да се остварат повици на мобилните телефонски мрежи иако некои апликации работеа.
Свет
Путин најавува четиридневно примирје

Рускиот претседател Владимир Путин објави таканаречен хуманитарен прекин на огнот од 8 мај до полноќ на 11 мај по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна, соопшти Кремљ.
„Во овој период сите воени дејства ќе бидат суспендирани. Русија верува дека украинската страна треба да го следи овој пример“, се вели во соопштението на Кремљ.
„Во случај на прекршување на прекинот на огнот од страна на украинската страна, вооружените сили на Руската Федерација ќе обезбедат соодветен и ефикасен одговор“, се додава во соопштението, пренесуваат светските агенции.
„Руската страна уште еднаш ја изјавува својата подготвеност за мировни преговори без предуслови, насочени кон елиминирање на основните причини за украинската криза и конструктивна интеракција со меѓународните партнери“.
Русија ќе го одбележи Денот на победата во Втората светска војна со голема парада.
Европа
Објавени мапи: како би изгледала Украина според планот на Трамп за завршување на војната

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп предложи мировен план за Украина, кој вклучува промена на статусот на Крим и замрзнување на територијалните линии на бојното поле.
Иако деталите од планот сè уште не се целосно јасни, коментарите на американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс за замрзнување на сегашните граници алудираат на можноста значителен дел од украинската територија формално да ѝ биде отстапен на Русија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски нагласи дека украинскиот устав јасно го дефинира Крим како составен дел од Украина. Но, Трамп одговори критикувајќи го Зеленски тврдејќи дека тој го отежнува постигнувањето мир. Војната во Украина трае од руската инвазија на 24 февруари 2022 година.
Администрацијата на Трамп предупреди дека ќе се повлече од разговорите доколку Москва и Киев набргу не постигнат договор. По неколку недели одделни преговори со двете страни, САД предложија договор што се чини дека ѝ се допаѓа на Москва, но Киев досега го отфрла.
Што предвидува планот?
Планот предвидува Украина да се откаже од членството во НАТО, да ги ублажи санкциите против Русија и да прифати дека Крим е под руска контрола. Иако Трамп тврди дека Украина формално нема да мора да го промени својот устав за да го признае губењето на Крим, останува нејасно дали Русија ќе се согласи со тоа.
Венс рече дека новите територијални демаркации ќе бидат блиску до сегашните фронтовски линии, што би значело дека Украина ќе изгуби големи делови од територијата што се обидува да ја врати – вклучувајќи ги Крим и делови од регионите Донецк, Луганск, Херсон и Запорожје. Во ова сценарио Русија, веројатно, би морала да се откаже само од помалите делови од Харковскиот регион што ги контролира и да се откаже од целосната анексија на четирите покраини.
Јуриј Бојечко, основач на хуманитарната организација „Надеж за Украина“, предупреди за „Њузвик“ дека еден милион Украинци во овие области ќе бидат принудени да ги напуштат своите домови за да го исчистат теренот за руска власт.
Олга Оликер од Меѓународната кризна група истакна дека предложениот договор би можел да ги запре руските напади врз нови области, но дека прекинот на огнот би значел одржување на контролата врз веќе окупираните територии.
„Неправеден компромис“
Кремљ во среда објави дека за прекин на непријателствата е потребно Украина целосно да се повлече од териториите што ги поседува Русија. Сепак, според Оликер, не е јасно дали предложениот договор ја обврзува Украина да направи таков потег.
Реториката на Трамп предизвикува дополнителни загрижености. Потпретседателот Џеј-Ди Венс отворено изјави дека ќе бидат повлечени нови линии блиски до сегашните, а самиот Трамп рече дека Крим останува со Русија наведувајќи дека сите го знаат ова долго време.
Иако Зеленски постојано јавно ја отфрла идејата за предавање на Крим, некои други украински лидери, како што е градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, посочија дека за привремен мир би можел да се постигне компромис, иако нефер. Таквото решение би можело да значи привремено откажување од територија, но речиси е сигурно дека Киев никогаш нема правно да го признае запленувањето на кој било дел од својата територија.
Признавањето на Крим е опасен преседан
Де јуре признавањето на руската анексија на Крим од страна на САД би било очигледно кршење на меѓународното право и договорите, како што е Будимпештанскиот меморандум од 1994 година, во кој САД ветија дека ќе го заштитат украинскиот суверенитет во замена за откажување од нуклеарно оружје.
Таквиот потег би бил опасен преседан што би значел драматично слабеење на меѓународниот правен поредок.
Аналитичарите предупредуваат дека дозволувањето на Путин да го задржи Крим би значело враќање на светот во ерата кога правото на најсилните ги одредувало границите, што дополнително би ги дестабилизирало глобалните односи.
Што ако САД се откажат?
Доколку САД, како што се заканува администрацијата на Трамп, ја прекинат својата поддршка за Украина, не е јасно дали тоа ќе значи само крај на дипломатскиот ангажман или и прекин на воената помош.
Андреа Кендал-Тејлор, поранешна службеничка на американското разузнавање, предупреди за „Њузвик“ дека Украина ќе ја продолжи борбата, дури и без американска помош, иако тоа би било многу потешко. Украина веќе се потпира сè повеќе на сопствените сили и на европските сојузници.
Поранешниот дипломат Мајкл Кимаге истакнува дека Германија бргу ги зголемува инвестициите во одбраната, делумно за да компензира за потенцијалното повлекување на САД од украинскиот конфликт. Сепак, тој забележува дека таквата транзиција ќе бара време, кое Украина го има сè помалку.