Македонија
Наишле на камења на патот и добиле ќотек

Двајца охриѓани се претепани откако со возило наишле на камена препрека во градот и се обиделе да ја отстранат, информира полицијата.
Двајца охриѓани се претепани откако со возило наишле на камена препрека во градот и се обиделе да ја отстранат, информира полицијата. Двајцата охриѓани, синоќа со возило „тојота селика“ наишле на камена препрека на крстосницата меѓу улиците „Аргир Маринчев“ и „Нада Филева“. Откако застанеле и се обиделе да ги отстранат камењата од патот, со безбол палки биле нападнати од три маскирани лица, при што се здобиле со телесни повреди, а во инцидентот било оштетено и возилото. Повредените, по укажаната помош во Медицинскиот Центар – Охрид се пуштени на домашно лекување. Полицијата трага по напаѓачите. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)