Економија
Баросо:ЕУ е пред најголемиот предизвик во историјата

Европската унија (ЕУ) е соочена со најголемиот предизвик во својата историја и тој може да се надмине со понатамошна интеграција и комбинација на дисциплина и солидарност, изјави денеска претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо.
Европската унија(ЕУ) е соочена со најголемиот предизвик во својата историја и тие можат да се надминат со понатамошна интеграција и комбинација на дисциплина и солидарност, изјави денеска претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо.„Денеска сме соочени со најголемиот предизвик во историјата на ЕУ. Соочени сме со финансиска, економска и социјална криза, но и со криза на довербата каква што немавме неколку децении“, рече Баросо на пленарна седница на Европскиот парламент во Стразбур, во говор за ситуацијата во Унијата.Ваков говор Баросо првпат одржа минатата година, по примерот на американските претседатели за состојбата на нацијата. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Германската пошта отпушта 8.000 работници до крајот на годинава

„Дојче пост“ денеска објави дека ќе отпушти 8.000 работници до крајот на годината за да ги намали трошоците по скромниот раст на приходите на матичната DHL во 2024 година.
Програмата за намалување на трошоците вклучува и одделенија на глобалниот логистички гигант DHL, кој вработува околу 600.000 луѓе ширум светот. „Дојче пост“ е нејзина германска подружница, забележува агенцијата dpa.
Групацијата DHL се обидува да ги намали трошоците и проценува дека програмата ќе им донесе заштеда од повеќе од една милијарда евра. Во 2024 година приходите на групацијата пораснаа за само три отсто, на 84,2 милијарди евра. Оперативната добивка е намалена за 7,2 отсто, на 5,9 милијарди евра. Нивните трошоци се зголемија за 2,6 отсто, на 42,8 милијарди евра, а првенствено беа концентрирани во одделот за глобален карго транспорт.
Приходите на одделот за поштенски услуги во Германија, Post & Parcel Germany, забележаа речиси ист процентуален раст од 2,7 отсто. Но, нивната добивка пред камати и даноци е намалена за 5,6 отсто, на 821 милион евра.
Бројот на писма со години се намалува, а во 2024 година значително ќе се намали и бројот на рекламни летоци, најавуваат од компанијата. Светла точка е поголемата количина на испорачани пакети. Одделенијата за брза испорака на пакети и логистички услуги се значително попрофитабилни, но ги трпат негативните последици од падот на економската активност и геополитичките тензии.
Менаџментот на DHL е внимателен во своите прогнози поради пригушеното макроекономско опкружување. „Очекуваме глобалната политичка и економска ситуација да биде нестабилна и во 2025 година“, изјави извршниот директор на Групацијата DHL, Тобијас Мајер.
Економија
Македонија стана членка на СЕПА

Европскиот совет за плаќања денес ја прифати нашата земја како 39 членка на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Под водство на Народната банка, нашата земја направи значителни напори да ја усогласи правната рамка во доменот на плаќањата и платните системи со регулаторните барања на Европската Унија (ЕУ), со што и официјално се приклучи кон платежната област СЕПА, исполнувајќи една од најважните цели на патот кон членство во ЕУ.
„Од членството во СЕПА очекуваме бројни придобивки за нашите граѓани, компании, но и за економијата во целина. Пред сè очекуваме побрзи, побезбедни и поевтини прекугранични плаќања во евра. Ова е особено важно за македонската економија којашто се карактеризира со висок степен на трговска отвореност (еден од највисоките во ЦЈЕ) и голем обем на прекугранични плаќања. Оттаму, и потенцијалот за заштеда во трошоците, за подобрување на ликвидноста и за зголемување на конкурентноста на компаниите е голем. Секако, ова може да одигра значајна улога во процесот на натамошна трговска интеграција, забрзан економски раст и намалување на доходовниот јаз со ЕУ“, посочува гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во изјавата по повод одлуката на Европскиот совет за плаќања со што нашата земја стана членка на СЕПА.
Гувернерката истакна дека членството во СЕПА е потврда и за високите регулативни стандарди коишто се применуваат од страна на финансиските институции, што е важно за натамошно поттикнување на конкуренцијата, иновациите, но и за задржување на финансиската стабилност, како предуслов и за макроекономската стабилност којашто е јавно добро.
„Нашата економија се карактеризира и со релативно високи приливи на дознаки од странство, коишто достигнуваат и до 15% од БДП. Со оглед на тоа дека дознаките претставуваат значителен дел од расположливиот доход на населението, нема да изостанат придобивките и врз оваа основа“, истакна Ангеловска-Бежоска додавајќи дека за да станат сите овие можности реалност, од особена важност се добрата подготовка и брзото и ефективно приклучување на нашите давателите на платежни услуги кон европските платни системи.
„Овој успех е резултат на посветените напори на тимот на Народната банка, но и на Министерството за финансии и останатите регулаторни тела коишто работеа на усогласувањето на правната рамка и стандардите за работа на платните системи со европските, за што изразувам голема благодарност. Со овој значаен чекор, ја потврдуваме нашата заложба за финансиски напредок и за обезбедување на придобивките од оваа интеграција за секој граѓанин и бизнис во земјава“, посочи гувернерката Ангеловска-Бежоска.
Економија
Министерката по големиот интерес за угарските пари: Јас би застанала тука, да ги искористиме, па да видиме за дополнителни средства

Министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочоска за дополнителни средства за компаниите заинтересирани за кредити ќе зборува откога ќе се искористат сегашните 250 милиони евра обезбедени од унгарскиот кредит. Премиерот Христијан Мицкоски вчера извести дека компаниите веќе покажале интерес за вкупно 380 милиони, па добил инспирација да бара дополнителни евтини пари оти, како што рече, бизнисот е гладен.
„Добивме информација од сите банки дека побарувачката е многу поголема од она што го нудиме. Јас би застанала тука. Да ги искористиме средствата, а понатаму ќе видиме во втора фаза за одобрување дополнителни средства и можности за изнаоѓање од каде ќе ги изнајдеме дополнителните средства доколку се договориме за таква втора фаза“, рече министерката Димитриевска-Кочоска.
Таа смета дека сега целиот фокус треба да е на предвидените 250 милиони евра, но драго ѝ е што има интерес за многу повеќе оти додека преговарале, од коморите добила забелешки дека компаниите нема да покажат доволен интерес за кредити.
Домашните компании со проекти може да аплицираат во комерцијалните банки за кредит со каматна стапка од 1,95 процент и рок на отплата до 15 години, максималниот износ за кој може да аплицираат е 10 милиони евра.