Македонија
Македонија и Холандија потпишаа Меморандум за јавното здравје
Во понеделникот во Министерството за здравство во Скопје беше потпишан редок меморандум меѓу институтот за јавно здравје на Република Македонија и институтот за јавно здравје и животна средина на Кралството Холандија за подобрување на јавното здравје
„Дванаесет наши експерти во институтот за јавно здравје имаа тренинг и едукација главно за современи пристапи за здравствениот статус на населението и методи за предвидување и управување со современите болести, како и лабораториски техники“, изјави директорот на институтот за јавно здравство Шабан Мемети. Тој додаде дека проектот е финансиран од Холандската МАТРА програма наречен „Обука во областа на контрола на инфективните заболувања и здравствен мониторинг“ со цел да се воспостави соработка во областа на јавното здравство, контрола на инфективните заболувања, исхраната, здравјето и животната средина. „Целта на овој проект е размена на знаење во областа на здравството меѓу Република Македонија и Кралството на Холандија. и во рамките на проектот имаше трансфер на знаење за јавното здравство и контрола на разни заболувања“, рече претседателот на Институтот за јавно здравје и животна средина на Кралството Холандија, Ерик Смит. Исто така, амбасадорката на Кралството Холандија, Симоне Филипини им препорача на младите и старите лица физички да бидат активни, да спортуваат, хранејќи се здраво со цел да го подобрат здравјето во иднина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

