Контакт

Свет

Индија одлучила да формира нова држава

Објавено пред

Индиската влада ќе формира нова сојузна држава од јужната држава Андра Прадеш, како реакција на насилните протести што може да поттикне барања за формирање нови држави

dobivaj vesti na viber

Постојаните протести на кои се бараше формирање нова сојузна индиска држава „Телангана“ која ќе зафаќа десет од сегашните 23 окрузи на државата Андра Прадеш предизвикаа затворање на објекти, фирми и претставништва во административниот центар Хидербад каде се сместени големите компании како Microsft, Google и Mahindra Satyama. А поддржувачите на формирањето на новата држава сакаат таа да го опфати и Хидерабад„Процесот на формирање на државата Телангана ќе биде отпочнат“, изјавил во четврток за новинарите индискиот министер за внатрешни работи, Паланиапан Чидамбарам.Барањето за формирање на засебна држава доби интензитет од 1969 г. по насилните протести кои прераснаа во постојан бунт во кој до 1972 г. беа убиени повеќе од 300 лица.  Овие барања загубија на силината се додека регионалната партија Талангана Раштра Самити предводена од Чандашекра Рао не го обнови барањето во 2001 г. кога доби поддршка и од други групи. Владејачката во Андра Прадеш Конгресна партија вети дека ќе работи на формирањето нова држава, но конкретно не се ангажираше се’ додека Рао пред десет дена не започна штрајк со глад кој може да предизвика нови протести.Според индиските политички аналитичари, оваа одлука највероајтно ќе предизвика слични барања и од други етнички или секташки групи.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Ердоган за Газа: Одлуката на Израел е неприфатлива, поддршката за Палестина продолжува

Објавено пред

Од

Одлуката на Израел да преземе воена контрола врз Газа е апсолутно неприфатлива, му рекол турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на палестинскиот претседател Махмуд Абас во телефонски разговор, пренесува Анадолу.

dobivaj vesti na viber

Според турската Дирекција за комуникации, тие разговарале за израелските напади врз Газа и за најновите случувања во регионот.

За време на разговорот, Ердоган повторил дека Турција ќе продолжи да стои зад Палестина.

Нарекувајќи ги изјавите на Франција, Велика Британија и Канада за можното признавање на палестинска држава достојни за внимание, Ердоган го истакна растечкиот бран критики кон Израел на Западот и додаде дека Турција ќе продолжи со своите напори за мир во регионот.

Прикажи повеќе...

Свет

Идентификувани останките од три жртви од нападите на 11 септември

Објавено пред

Од

Останките од три жртви од нападите на 11 септември се идентификувани благодарение на напредокот во ДНК технологијата.

dobivaj vesti na viber

Службениците во четврток објавија дека ги идентификувале останките на 26-годишниот трговец со валути Рајан Д. Фицџералд, 72-годишната пензионирана директорка на непрофитна организација Барбара А. Китинг и уште една жена, чие име се чува во тајност на барање на нејзиното семејство.

Останките се идентификувани преку подобрено ДНК тестирање на останките пронајдени во урнатините по нападите на 11 септември 2001 година, соопшти канцеларијата на медицинскиот испитувач во Њујорк. Останките на Китинг и жената, чиј идентитет не е објавен, се пронајдени во 2001 година, а останките на Фицџералд се пронајдени следната година.

Китинг се враќала дома во Калифорнија со летот на „Американ ерлајнс“ кога членови на Ал Каеда го киднапирааа и намерно го удрија во северната кула на Светскиот трговски центар. Парче од нејзината банкарска картичка било пронајдено во остатоците.

Во нападите од 11 септември, два авиона се урнаа во Кулите Близначки во Њујорк, трет се урна во Пентагон, а четвртиот се урна во Пенсилванија. Вкупно 2.977 луѓе загинаа, од кои 2.753 во Њујорк. Околу 1.100 жртви остануваат неидентификувани, соопшти канцеларијата на медицинскиот испитувач.

Во 24-те години од терористичките напади, нови останки се идентификувани благодарение на напредокот во технологијата.

Прикажи повеќе...

Свет

Зошто Американците не го апсат Путин?

Објавено пред

Од

Кога рускиот претседател Владимир Путин ќе отпатува во Алјаска следната недела за да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, тој ќе може да го стори тоа без страв од апсење. Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на Путин во 2023 година, но ниту Русија ниту САД не се потписници на Римскиот статут, со кој е основан судот во 2002 година.

dobivaj vesti na viber

МКС го обвини рускиот лидер за воено злосторство за нелегално депортирање деца од окупираните територии на Украина во Русија. Кремљ ги нарече постапките на судот „скандалозни и неприфатливи“.

Путин беше претпазлив во врска со своите патувања откако беше издаден налогот за апсење. Во 2023 година, тој одби покана за самит во Јужна Африка. Сепак, истата година, тој отпатува во Монголија, потписничка на Римскиот статут.

Монголија тврдеше дека според член 98 од Римскиот статут, државата не може „да дејствува спротивно на своите обврски според меѓународното право во однос на (…) дипломатскиот имунитет на лице“. Монголските власти тврдеа дека Путин, како руски лидер, ужива апсолутен имунитет освен ако Русија не се откаже од него.

МКС се потпира на земјите-членки да апсат и екстрадираат осомничени во Хаг, каде што се наоѓа. Путин ги посети Кина и Северна Кореја во 2024 година, две земји кои немаат договор со МКС.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ3 часа

Пијан скопјанец преминал на спротивна лента кај Петровец, удрил во автомобил- повредени се две бебиња

Против 57-годишен жител на селото Трубарево, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривично дело – Загрозување на безбедноста во...

Македонија7 часа

МВР се огласи по случајот со началникот во Демир Хисар: Преземаме соодветни мерки

Во однос на реакциите на јавноста поврзани со постапувањето на полициските службеници за време на претресот, Одделот за внатрешна контрола,...

Македонија8 часа

Сомнежи за финансиски злоупотреби и низа неправилности во Стоматолошката комора: Здравство ги презема нејзините надлежности

Поради сомнежи за финансиски злоупотреби и низа неправилности во Стоматолошката комора, Министерството за здравство ги презема нејзините надлежности, изјави министерот...

Македонија9 часа

(Видео) СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра

СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра, најави потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски. „Владата е...

Македонија11 часа

(Видео) Началник бара Итната помош на носилка да однесе директорка на информативен разговор во станица

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа началник во домот на директорка на училиште во Демир Хисар...

Свет11 часа

Зеленски остро им одговори на Трамп и Путин: Украинците нема да му ја дадат својата земја на окупаторот

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, остро ја отфрли секоја можност за територијални отстапки во замена за мир, нагласувајќи дека суверенитетот на...

Македонија12 часа

Пронајдени неексплодирани гранати од Првата светска војна во близина на ГП Меџитлија и во Старо Градско

Припадници на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) успешно реализираа две интервенции за отстранување на неексплодирани убојни средства (НУС) останати...

Свет13 часа

„Волстрит џурнал“ го објави планот за мир на Путин

Рускиот претседател, Владимир Путин, наводно му презентирал сеопфатен предлог за прекин на огнот на американскиот претставник Стив Виткоф, нудејќи прекин...

Свет13 часа

Путин и Трамп ќе се сретнат во Алјаска

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави на својата социјална мрежа Truth дека долгоочекуваната средба со неговиот руски колега, Владимир Путин, ќе...

Свет24 часа

Маск: Вештачката интелигенција ќе ги замени сите работни места, дури и моето

Илон Маск, извршен директор на „Тесла“ и еден од најбогатите луѓе во светот, издаде остро предупредување до секој што е...

Македонија1 ден

Клиниките за Токсикологија, Неврологија и Кардиологија добија нови директори

Министерството за здравство информира дека се именувани нови в.д. директори во четири јавни здравствени установи. На Универзитетската клиника за токсикологија...

Свет1 ден

Објавено е што е подготвен Путин да направи

Русија и САД  се обидуваат да постигнат договор што би ја запрел војната во Украина и би ја потврдил руската...

Топ1 ден

Крадци украле акумулатори и нанеле штета од над 10 милиони денари на ЈП за железничка инфрастрактура

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за тешка кражба. За...

Топ1 ден

Убиство во Штип: пијан со нож ја избол мајка си во врат, па сам пријавил на 112

Основното јавно обвинителство соопшти детали за убиството во Штип што се случи утрово. Од таму велат дека против С.З. (54)...

Македонија1 ден

Мицкоски: Карпалак е обврска да изградиме држава во која нема да има место за омраза и поделби

Слава за хероите од Карпалак. Нивното дело и пожртвуваност се памети, нивната храброст и одлучност се почитува, напиша на социјалните...

Македонија1 ден

Одбележана 24-годишнината од загинувањето на десеттемина армиски припадници кај месноста Карпалак

Делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, предводена од државниот секретар Елизабета Чуповска-Ристова и директорот на Генералштабот, бригаден...

Македонија1 ден

Семејна заштеда и помал притисок за родителите: Дурмиши за поевтинувањето на училишниот прибор

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска ја промовира новата владина мерка „Училишна кошничка“, насочена кон намалување на трошоците...

Македонија2 дена

Надлежните со препораки до граѓаните поради најавата за температури до 39 степени во периодот до 13 август

Министерството за здравство информира дека, според најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од 8 до 13 август 2025...

Македонија2 дена

Четири цени за паркинг во Клинички, просторот ќе се прошири двојно

Министерот за здравство, Азир Алиу, информира дека во Клиничкиот центар ќе има четири различни влезови со различни ценовници за паркирање...

Свет2 дена

Израел се подготвува за целосна окупација на Појасот Газа

Израелскиот безбедносен кабинет го одобри планот на премиерот Бенјамин Нетанјаху за преземање воена контрола над Газа, што претставува нова голема...