Контакт

Вести

Ирачката армија напредува во ослободувањето на Рамади од IS

Објавено пред

Ирачката армија објави во петокот дека нејзините единици напредувале на три фронта во операцијата за ослободување на градот Рамади од екстремната сунитска организација Исламска држава (IS).

dobivaj vesti na viber

Функционер и полициски офицер од воена база близу Рамади за Reuters рекле дека сеопфатната акција за ослободување на градот сé уште не е започната. Засега информациите не можат да се проверат од независни извори, поради несигурните услови и слабите комуникациски врски во таа област, забележува агенцијата.

Ирачките сили помогнати од шиитските милиции и локалните сунитски племенски борци „напредуваат за да го освојат Рамади… од три насоки: запад, север и југозапад, поддржани од воздушните удари кои гаѓаат избрани цели“, се наведува во писмената изјава на командантот на заедничките операции која е објавена на ирачката државна телевизија.

Од почетокот на седмицава ирачката војска е подобро позиционирана од кога и да е претходно за да ја започне офанзивата кон Рамади, на 60 километри западно од Багдад, откако по повеќемесечните напори да се прекине линијата на снабдувањето на градот дале резултат. Безбедносните сили го држеа Рамади во опсада неколку месеци.

Заземањето на Рамади, главниот град на покраината Анбар, кој е во рацете на Исламската држава во мај е најголемиот пораз на ирачката централна влада во последната година, а со тоа беа придушени надежите дека сунитските милитанти ќе бидат потиснаа на северот и западот од земјата.

Преземањето на контролата врз градот со 450.000 жители би преставувало големо морално закрепнување за ирачките безбедносни сили кои главно трпеа порази по ненадејната офанзива на Исламската држава од летото 2014 година, кога сунитските џихадисти заземаа третина од територијата на Ирак, американски сојузник и голем произведувач на нафта од Организацијата на земјите производители на нафта (OPEC).

Тоа, исто така, би можело да го зголеми притисокот врз џихадисите, кои се соочуваат и со напредување на сириската армија на повеќе фронтови со соседна Сирија, а исто така и крудските сили во северен Ирак се чини се пред големо заземање на градот Синџар./крај/мф/сн

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет35 минути

Трамп, Бил Клинтон, Бил Гејтс се појавија на новите фотографии со Епштајн, претседателот се оградува: „Не знам ништо за тоа“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека не знае ништо за најновите фотографии поврзани со Џефри Епштајн, одговарајќи на новинарско...

Свет12 часа

ЕУ ја потврди одлуката за замрзнување на руските средства на неопределено време

Денес, Европската унија ја потврди одлуката за замрзнување на средствата на руските централни банки лоцирани во Европа на неопределено време....

Македонија15 часа

Ѓорѓиевски: Скопје конечно добива Луна Парк

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес ја најави долгоочекуваната реализација на проектот за новиот Луна Парк, значајна инвестиција што...

Македонија18 часа

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива до советите за документ дека ќе нема мигрантски кампови

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговори на новинарско прашање во однос на се позачестените иницијативи по советите во општините во...

Топ18 часа

Двајца млади скопјани најдени починати – едниот во напуштена куќа во Центар, другиот во дом на пријател во Кисела Вода

Двајца скопјани на возраст од 25 и 36 години биле пронајдени починати во текот на изминатото деноноќие. Според информациите од...

Македонија19 часа

Мал авион се урна во Мавровското Езеро, едно лице повредено

Мал авион денес се урна во Мавровското Езеро. Во авионот имало две лица, од кои едното е повредено, потврдија од...

Македонија21 час

(Видео) „Наместо студен камен, никнуваат дрвја што ќе растат“ – засадени 63 јавори во спомен на починатите во „Пулс“

Во Кочани се засадени 63 јавори, по еден за секој млад живот згаснат во пожарот во дискотеката „Пулс“. „Овој чин...

Топ22 часа

84-годишник се обидел да убие жена во хотел во Куманово, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради обид да изврши кривично дело –...

Македонија23 часа

Над 40 автошколи под сомнение дека договарале цени за обука

Постојат индиции дека 40 авто – школи во земјава договарале цените за обука на возачи. Комисијата за заштита на конкуренцијата...

Македонија23 часа

Спасовски 3 месеци го кочел затворањето на станицата за технички преглед во Сарај и овозможил незаконски профит од 90.000 евра, ЈО да реагира, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај, со што фирмата се здобила со противправна имотна корист во висина...

Македонија24 часа

Почината жена пронајдена во дупка во атарот на гостиварско Неготино: за едно осомничено лице одреден краткотраен притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во текот на ноќта изврши увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде...

Македонија24 часа

СДСМ: Милошоски најавува мигранти за пари, ама со променет статус во економски работници

„Планот на ВМРО-ДПМНЕ за примање мигранти во Македонија е целосно разоткриен. И не се само пишувањата на британските и светските...

Свет1 ден

(Видео) Шефот на НАТО: „Ние сме следната цел на Русија, немаме време“; Москва одговори

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес ги повика сојузниците да ги засилат одбранбените напори за да спречат војна што...

Свет1 ден

(Видео) Австралиец скокаше од авион, падобранот се заглави во опашката: драматичен инцидент на 4.500 метри

Австралиското биро за безбедност на сообраќајот (ATSB) објави снимка од падобранец чиј падобран се заплеткал во опашката на авионот среде...

Свет1 ден

(Видео) Убиецот на Чарли Кирк првпат се појави пред суд

Мажот обвинет за убиство на десничарскиот активист Чарли Кирк, 22-годишниот Тајлер Робинсон, се појави за прв пат лично на суд...

Свет1 ден

САД воведуваат нови санкции врз Венецуела, насочени кон внуците на Мадуро и нафтениот сектор

САД го зголемуваат притисокот врз Венецуела со нови санкции насочени кон тројца внуци на претседателот Николас Мадуро, меѓу другите. Двајца...

Свет1 ден

(Видео) Земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди Јапонија, забележано слабо цунами: пристигнуваат снимки

Земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди североисточна Јапонија, што ја натера Јапонската метеоролошка агенција да издаде предупредување за...

Свет1 ден

Трамп ја презеде контролата врз регулативата за вештачка интелигенција

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба насочена кон централизирање на регулирањето на вештачката интелигенција на федерално ниво за да...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски најавува враќање на празничниот дух, на 15 декември почнуваат настаните на плоштад „Македонија“

На 15 декември почнуваат предновогодишните настани на плоштад „Македонија“. „Градот Скопје со радост најавува дека годинава празничниот дух повторно се...

Македонија2 дена

„Јавноста бара одговори, а добива уште една сцена на политичка формалност“, велат од Блупринт групата за реформи во праводуството за комисијата за Кочани

Јавноста бара одговори, но наместо одговорност, добива уште една сцена на политичка формалност. Семејствата уште еднаш беа оставени да гледаат...