Македонија
Иванов прв на избирачкото ливче за кандидати за претседател
Државната изборна комисија (ДИК) со жрепка на седница во понеделникот го одреди редоследот на претседателските кандидати на избирачкото ливче.
Според жребувањето, кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ за Претседател на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, на престојните претседателски избори ќе го носи бројот еден, како втор на листата ќе настапи кандидатот од редовите на ДПА, Илјаз Халими, трет е Стево Пендаровски од СДСМ, а под реден број четири на изборното ливче ќе настапи кандидатот од редовите на ГРОМ, Зоран Поповски.
По увидот во единствениот избирачки список, политичките партии евентуалните забелешки, треба да ги достават до највисокото изборно тело.
Редослед на кандидатите на избирачкото ливче веднаш ќе биде објавен во Службен весник.
Изминатата недела ДИК едногласно го усвоен буџетот за двата изборни циклуси кои ќе се oдржат на 13-ти и 27-ти април годинава.
Според потпретседател на ДИК, Субхи Јакупи, за организирање на прeтседателските и предвремените парламентарни избори потребни се над 8 милиони евра.
Изборната кампања за претседателските избори почнува на 24-ти март.
Првиот круг на изборите ќе се одржи на 13-ти април, а евентуален втор круг закажан е за 27-ми април./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

