Свет
Експертите тврдат дека Мемети отишол предалеку
Иџет Мемети нема ниту законско ниту морално право да иницира постапка до Републичкиот судски совет за разрешување судии.
По иницијативата на народниот правобранител поднесена до Републичкиот судски совет
Омбудсманот немал право да предлага разрешување судии
Иџет Мемети нема ниту законско ниту морално право да иницира постапка до Републичкиот судски совет за разрешување судии. Проширувајќи ги своите овластувања, народниот правобранител се ставил над институциите во системот. Со иницијативата до Републичкиот судски совет за разрешување делители на правда ‘поради несовесно и нестручно работење и отсуство на етички однос во случаи што одложиле поради лични интереси’, Мемети ја урива независноста на судската властти, тврди Ана Павловска-Данева, доцент по управно право, која магистрирала на тема омбудсман. Таа е категорична дека обраќање до РСС не се случило ниту во Шведска и во Норвешка, единствените земји во Европа каде што, како и во Македонија, омбудсманот има право да го контролира текот на судската постапка.
Како што е познато, народниот правобранител ги прозва штипските судии Павел Василев, Ленче Манева и Добре Илиевски, барајќи од Републичкиот судски совет разрешување од функциите. Според Мемети, кој доставил информација до РСС, по претходно поднесени претставки од граѓани, тие ги повредиле човековите права во судските процеси во однос на судењето во разумен рок. †Судијата бил задолжен со предмет на 10 мај 2000 година сў до 26 април 2005 година, кога по претставка на граѓанин извршивме увид и по наша интервенција предметот му беше одземен и даден на друг судија.
Граѓанинот го оствари своето правоои, изјави Мемети на прес-конференција.
Според експертите, Законот за народен правобранител не предвидува давање препораки и мислења по завршување на судската постапка. †Сў завршува со интервенцијата на омбудсманотти, вели доцент Павловска-Данева, која потенцира дека Мемети го прекршил и моралниот принцип, затоа што до вчера бил министер за правда и имал отворен простор да прозива судии. Зошто не иницирал вакви постапки од позиција на министер, прашуваат правните експерти. За нив, исто така, спорна е пораката на народниот правобранител дека и во иднина ќе ги посочува сите случаи на несовесно работење на судиите и на државните службеници кои ќе ја попречуваат нивната работа. Имено, Мемети јавно порача дека ќе ги објавува имињата на судиите кои несовесно, нестручно и неетички ја вршеле функцијата.
Уште почудно е тоа што народниот правобранител најавува дека на ист начин ќе се пресметува и со несовесните министри. Првите луѓе на извршната власт не се под јурисдикција на омбудсманот, туку за нив се одговорни премиерот кој ги предложил и Собранието што ги избира, објаснуваат стручњаците.
(К.Ч.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп вели дека ќе разговара со Маск за враќање на интернетот во Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека планира да разговара со милијардерот Илон Маск за враќање на интернетот во Иран, каде што властите го прекинаа интернетот поради антивладините протести.
„Тој е многу добар во тоа, има многу добра компанија“, им рече Трамп на новинарите кога го прашаа дали би ја ангажирал компанијата на Маск, SpaceX, која нуди сателитска интернет услуга наречена Starlink.
Откако милијардерот помогна во финансирањето на успешната претседателска кампања на Трамп, а подоцна иницираше големи намалувања на буџетот за федералната влада, пријателскиот пар се скара минатата година кога Маск се спротивстави на клучниот закон за даноци на Трамп.
Но, се чини дека ги поправија своите врски, вечерајќи заедно во одморалиштето Мар-а-Лаго на Трамп овој месец.
Свет
Трамп: Иран нè контактираше за преговори
Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со масовни протести во кои загинаа стотици луѓе.
Во разговор со новинарите во авионот „Ер Форс Уан“, Трамп рече дека иранските лидери го контактирале претходниот ден „за да разговараат“. Додаде дека може да се договори состанок со иранските претставници. Иако не ја исклучи можноста за преговори, Трамп предупреди дека Вашингтон може да биде принуден да дејствува дури и пред евентуален состанок, со оглед на континуираните протести во Иран.
„Мислам дека се уморни од тоа што САД ги тепаат“, рече Трамп, очигледно мислејќи на израелските напади врз нуклеарната програма на Иран минатата година, во кои учествуваа и американските сили. Трамп не прецизираше кои теми ќе бидат дискутирани. Минатата година, Техеран одржа индиректни разговори со специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, за спорната нуклеарна програма.
Трамп повеќе пати го предупредуваше Техеран за неговото насилно задушување на протестите, велејќи дека САД ќе „реагираат силно“ ако властите „почнат да убиваат луѓе како што правеа во минатото“.
Според американската организација Human Rights Activists News Agency, најмалку 544 лица се убиени во масовните протести во Иран во текот на изминатите 15 дена.
Свет
Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп
Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата во Техеран.
Во соопштението објавено од полуофицијалната новинска агенција Тасним, гардата рече дека сегашните протести во Иран се „продолжение на 12-дневната војна“, алудирајќи на конфликтот меѓу Иран и Израел во јуни минатата година. Го опиша американскиот претседател како „кловн и криминалец“ кој „поддржува репродукција на насилство и модерен тероризам во Иран“.
„Наместо да одговори на светското јавно мислење за неговите злобни ставови и очигледно мешање во внатрешните работи на нашата земја, со цел да избегне одговорност и да ја плати цената за овие злосторства во крв, тој го навреди благородниот и херојски ирански народ со својот наводно достоинствен јазик и западна култура. Тој треба да очекува остар одговор од овој лукав, отпорен и непријателски народ“, се вели во соопштението.
Бројот на жртви во антивладините протести во Иран продолжува да расте. Според податоците на американската организација Human Rights Activists News Agency, досега се убиени 538 лица. Меѓу загинатите се 490 демонстранти и 48 припадници на иранските безбедносни сили, според нив. Истата организација проценува дека околу 10.000 луѓе се уапсени за време на протестите низ целата земја.

