Свет
Подрумот на Фрицл ќе биде бетониран
Подрумот на австрискиот монструм Јозеф Фрицл кој 24 години сексуално ја злоставуваше својата ќерка Елизабет и нејзините седум деца кои ги роди со него, ќе биде затрупан соопшти во петокот судскиот управител задолжен за случајот.
Подрумот на австрискиот монструм Јозеф Фрицл кој 24 години сексуално ја злоставуваше својата ќерка Елизабет и нејзините седум деца кои ги роди со него, ќе биде затрупан соопшти во петокот судскиот управител задолжен за случајот. Подрумските простории изградени во куќата на Јозеф Фрицл во Амстетен, 130 километри западно од австриската престолнина Виена, ќе бидат бетонирани, што ќе биде завршено до почетокот на 2012 година.По затрупувањето на подрумот на ова место на 24-годишното монструозно злосторство кое досега секојдневно беше посетувано од љубопитните ќе биде сосема затворено за пристап.Фрицл кој сега има 76 години, во март 2009 година беше осуден на доживотна затворска казна, поради убиства, силување, грабнување, нанесување телесни повреди и инцест. Неговата ќерка Елизабет имала 18 години кога ја однел во подрумот и со синџири ја врзал за радијатор. Подрумот под семејната куќа во којашто живееле мајката и браќата, се претворил во затвор и пекол за девојката којашто непрестајно ја силувал нејзиниот татко. По четири години, во 1988 година таа родила дете и минала сама десет дена во подрумот, бидејќи Фрицл не сакал да биде одговорен ако детето почине. Вкупно му родила седум деца а едно починало при породувањето во 1996 година, а Фрицл ги спалил неговите останки./крај/адп/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте по разговорите со Трамп: Безбедноста на Арктикот во фокусот
Главниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави во четвртокот дека за време на неговата средба со Доналд Трамп во Давос воопшто не било спомнато американско сопствеништво над Гренланд и дека новата позиција на американскиот претседател не ја смета за пресврт, пренесе Си-Ен-Ен. „Не разговаравме за тоа“, рече Руте во интервју за Скај њуз во четвртокот. „Синоќа не беше спомнато.“
„Она што можам да го кажам е дека разговаравме за неговата идеја, неговата визија“, рече Руте, појаснувајќи дека тој и Трамп се фокусирале на тоа како НАТО може „да го спаси Арктикот од Русите и Кинезите“.
По средбата со Руте во средата, Трамп на социјалната мрежа Трут соушл објави дека се откажува од претходната закана за воведување царини за европските земји поради наводното попречување на американското преземање на Гренланд.
На прашањето на Скај њуз дали вознемиреноста предизвикана од коментарите на Трамп за Гренланд претставувала пречка за сојузниците во НАТО, Руте не се согласи и дури му припиша заслуги на Трамп за „спасувањето на НАТО“.
„Мислам дека е во право што ја покрена оваа расправа“, рече Руте. „Како можеме да го заштитиме Арктикот? Како можеме да обезбедиме Арктикот да биде безбеден? И би рекол дека, откако го спаси НАТО, тој сега е тој што ги предводи напорите за да се осигураме дека колективно ќе го спасиме арктичкиот регион.“
Свет
Шпанскиот министер повика на создавање единствена европска армија
Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави дека Европа треба да има своја армија.
„Мислам дека е време Европа да ја земе својата судбина и својот суверенитет во свои раце“, изјави Албарес на маргините на Светскиот економски форум.
Тој објасни дека ова значи отстранување на сите бариери за единствениот пазар и обезбедување сигурни трговски партнери во време на сè почести дискусии за царините. Тој додаде дека Европа мора да има и своја одбрана – да ја земе безбедноста во свои раце, да ги поврзе одбранбените индустрии и да се движи кон создавање европска армија.
Свет
Спречен напад врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц
Германската полиција спречила напад на еколошки активисти врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц во еден хангар во градот Арнсберг, соопшти државното обвинителство.
Според соопштението, „полицијата во ноќта од среда кон четврток спречила три лица во обид да го оштетат приватниот спортски авион на претседателот на германската влада“.
Во соопштението на групата која ја презела одговорноста за обидот за напад се наведува дека три лица, на возраст од 23, 28 и 56 години, неовластено влегле во просторот на аеродромот Арнсберг-Менден, но полицијата спречила оштетување на авионот кој се наоѓал во еден од хангарите.
Меѓу приведените активисти е и познатата германска климатска активистка Ања Виндл. По акцијата, со соопштение се огласи и групата „Отпор колектив“, која ја презеде одговорноста за обидот за напад.
„Ние се обидовме, во рамки на протест, да го оневозможиме приватниот авион на канцеларот Фридрих Мерц. Додека климатската криза ескалира, германскиот канцелар се движи наоколу со приватен авион“, стои во соопштението на групата.

